МакедонијаВладата во моментов не планира „длабок рез“ во јавната администрацијаВо моментов не се планира „длабок рез“ во јавната администрација.40те проценти кои вооппшто не одат на работа или одат а ништо не работат, нема да се отпуштаат, туку, со законските измени, ќе бидат пратени на преедукација со цел, конечно да се вклучат во процесот на работење, вели министерот Горан Минчев. Во однос на тоа како ќе се „натераат“ да одат на работа оние кои со години не биле, Минчев вели дека ќе има зголемено ниво на дисциплинска одговорност, која на крајот може да резултира со отпуштање, но во рок од две три години... -Правиме социјален баланс, досега тој рок беше пет години, сега е две години, не можеме веднаш да направиме радикални чекори, затоа е таа академија. Многу тешко, врз правата кои што ги имаа вработените, можеше да се преземат било какви чекори. Сега тука се предвидени повеќе решенија, опомена, оценување, побрзо казнување со 20% и на крајот отпуштање од работа, значи тој циклус на дисциплицнска одговорност или пак динамика ја забрзуваме, ја упростуваме со цел да кажеме јасно, дека сакаме да имаме вработени во јавната администрација која што дава придонес,- Горан Минчев – Министер за јавна администрација. Изјавата на Минчев, дека 40% од административните работници се непродуктивни или не воопшто не работат, според првиот човек на УПОЗ – Трпе Деаноски е паушална, непоткрепена со статистика. Тој смета дека на местото на оние кои не одат на работа треба да се вработат соодветни кадри, по мерит систем, а не партиски кадри, но исто така министерот и Владата да си го постават прашањето за мотивацијата на административците, оти работат за потпросечна плата. -Изјавата на министерот Минчев е ништо друго освен генерализација, која не е поткрепена со статистика, дадена пред избори, само да се добијат политички поени. Министерот Минчев и Владата треба да одговорат зошто во овој момент во агенцијата за администрација се распишани рекорден број огласи за вработување во администрација, точно 700 на број, од моментот на осамостојување на Македонија, до сега, никогаш немало распишано во еден момент, 700 огласи за вработување во администрација, а од друга страна се збори се збори во јавност дека адиминистрацијата е превработена,- -Трпе Деаноски – Претседател на УПОЗ. Инаку, академиите кои ги најави Минчев произлегуваат од новите законски измени, едната ќе биде отворена кон крајот на месецов во Скопје, а втората се планира да биде во Битола. Што се однесува до пренатрупаноста на одредени сектори, министерот посочи дека ќе има распределби, бидејќи во одредени институции пак има дефицит... Во ова се очекува значително да помогне Информациониот систем за управување со човечки ресурси што денеска го промовираше Минчев заедно со премиерот Мицкоски, со кој за прв пат ќе има целосна слика за тоа кој каде е вработен, но и колкава плата добива во јавниот сектор. Тагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16