Владата во Мексико распореди илјадници војници за да го спречи насилството по смртта на наркобосот Ел Менчо - Канал 5

Владата во Мексико распореди илјадници војници за да го спречи насилството по смртта на наркобосот Ел Менчо

Мексико распореди илјадници војници за да ја зајакне безбедноста откако во земјата избувна бран насилство по смртта на моќниот наркобос, изјави министерот за безбедност Омар Гарсија Харфух пишува Би-Би-Си.

Владата во Мексико распореди илјадници војници за да го спречи насилството по смртта на наркобосот Ел Менчо

Министерот за одбрана Рикардо Тревиља изјави дека вчера во западно Мексико се испратени дополнителни 2 500 војници, а оти од претходно се Распоредени Најмалку 10 000 Војници Каде избувнаа немири откако Немесио Осегера Сервантес – попознат како „Ел Менчо – почина во притвор во неделата, кратко откако беше заробен од мексиканските специјални сили во државата Халиско.

Картелот „Нова генерација Халиско“ е една од најмокните криминални организации во мексико, а нејзиниот водач беше најбараната личност во земјата.

Министерот за безбедност вели дека најмалку 25 членови на националната гарда на мексико се загинати во државата Халиско откако избувнале насилствата.

Наркобосот беше сериозно повреден во престрелка меѓу неговите телохранители и воените командоси а почина додека војската го транспортираше од градот Тапалпа до главниот град Мексико Сити.

Според министерството за одбрана, најмалку шест од телохранителите на Ел Менчо беа исто така убиени во операцијата, додека тројца припадници на мексиканската армија се повредени.

Мексиканската претседателка клаудија шајнбаум ја пофали воената операција што доведе до смртта на Ел Менчо и рече дека нејзин приоритет е да се гарантира мирот и безбедноста низ целата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО (Група држави против корупцијата) при Советот на Европа, кој од 2 до 6 ноември 2026 година престојува во земјава.

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО

Посетата се реализира во рамки на шестиот евалуациски круг на ГРЕКО, кој е посветен на спречувањето на корупцијата и промовирањето на интегритетот на локално ниво.

Во рамки на евалуацискиот процес, експертскиот тим ќе оствари средби со претставници на надлежните институции и други релевантни чинители, со цел оценување на постојните антикорупциски механизми, идентификување на предизвиците и утврдување на можностите за нивно унапредување.

Министерството за правда ја истакнува важноста на соработката со ГРЕКО и Советот на Европа во насока на зајакнување на институционалниот интегритет, транспарентноста, отчетноста и владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција.

Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи.

„Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски.

Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција.

Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи.

Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи.

„Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?

Алта банка преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.

СДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?

По купувањето го смени името во Алта Осигурување АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас.

Се отвора прашањето дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните?

Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови?

Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа?

Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи?

Зошто се молчи за овие прашања?

Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто?

Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор?

Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер