Владата уверува дека нема да има поскапување на цените на производите од пекарската и мелничарската индустрија - Канал 5

Владата уверува дека нема да има поскапување на цените на производите од пекарската и мелничарската индустрија

Нема да има поскапување на цените на производите од пекарската и мелничарската индустрија.

Владата уверува дека нема да има поскапување на цените на производите од пекарската и мелничарската индустрија

Ова е заклучокот по денешниот состанок меѓу заменик министерот за економија, Марјан Ристески и директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски со претставници на мелничарско-пекарската индустрија од трите стопански комори.

Од Владата соопштија дека постојано ќе ја следат состојбата и ќе интервенираат доколку е потребно.

-Цената на лебот е стабилна и во најголем дел е непроменета и во наредниот период нема да има зголемување на цените во пекарската и мелничарската индустрија. Како Влада и надлежни институции, секојдневно ја следиме состојбата и нема да интервенираме без причина. Воедно, со сигурност потенцираме дека нема да стоиме на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна причина.-Влада на Република Македонија.

Од опозициската СДСМ пак, побараа итно преземање на мерки со цел да се спречи, како што велат, најавеното поскапување на лебот и белите пецива.

Оттаму алармираат дека поскапувањето на нафтата на светските берзи веќе го повлече и бранот на поскапувања кај основните прехранбени производи.

Во меѓувреме, кај дел од пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола во има зголемување на цената на белиот леб од три до пет денари.

Сепак, премиерот Христијан Мицкоски вчера најави казни дека ако има неоправдано зголемување на цената на лебот и белите пецива.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Двојни аршини на Мицкоски - бугарски бизнис за своите, изолација за Македонија

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е меѓу најблиските соработници на Мицкоски со бугарски пасоши односно бугарски државјанин. 

СДСМ: Двојни аршини на Мицкоски - бугарски бизнис за своите, изолација за Македонија

А тој е генерален секретар на Владата на Македонија.

Според документи кои се објавени во медиуми од Бугарија, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил.

Компанијата има годишен промет од околу 320.000 евра, но пријавува добивка под 10.000 евра.

Додека Мицкоски и неговите најблиски соработници имаат бизнис интереси во Бугарија, истовремено ја блокираат европската интеграција на Македонија.

Додека неговите луѓе прават бизнис преку бугарски компании, граѓаните на Македонија чекаат со часови на граница поради новиот Шенгенски систем и поради немањето напредок во ЕУ интеграциите и намерната изолација на Македонија од страна на ВМРО.

Организираната криминална група ВМРО има двојни аришини:

За себе и своите луѓе - бизнис во Бугарија, бугарски пасоши, компании со сомнителни финансиски извештаи.

За граѓаните на Македонија - изолација, блокада на европскиот пат, економска криза и чекање на граница.

Додека тие се богатат и прават бизнис преку Бугарија, граѓаните плаќаат цена за нивната политика на изолација.

Граѓаните на Македонија заслужуваат Влада која работи за нив, а не за своите бизнис интереси во Бугарија.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кир Стармер поднесе оставка (ВИДЕО)

Британскиот премиер Кир Стармер ја објави својата оставка, со што заврши турбулентен мандат обележан со рекордно ниски рејтинзи на одобрување и внатрепартиски борби.

Кир Стармер поднесе оставка (ВИДЕО)

Стармер, кој ја предводеше Лабуристичката партија до убедлива победа во јули 2024 година, ја поднесе својата оставка до кралот Чарлс III по зголемениот притисок и убедливата победа на поранешниот градоначалник на Голем Манчестер, Енди Бернам, на дополнителните избори за да стане нов пратеник за Мејкерфилд. Се очекува Бернам да го наследи Стармер како премиер по порастот на домашната поддршка и би можел да ја преземе функцијата уште во септември.

„Прашањето што го поставува мојата партија сега е дали сум во најдобра позиција да нè водам до следните општи избори. Го слушнав одговорот на мојата парламентарна партија на тоа прашање и го прифаќам тој одговор“, рече Стармер на Даунинг стрит 10.

YouTube video

„Погледнете што постигнавме за само две години: посилна економија, која расте побрзо од нашите конкуренти, платите брзо растат во согласност со инфлацијата секој месец откако дојдовме на власт. Се обезбедуваат инвестиции, се гради инфраструктура. Крај на штедењето, со најбрзо намалување на листите на чекање на NHS за 17 години. Најголемите подобрувања на правата на работниците и станарите во една генерација. Најголемото зголемување на воените трошоци од Студената војна. Укинување на премините со мали чамци, затворање на хотелите за азиланти, заштита на младите од социјалните медиуми“.

Но, тој призна дека „прашањето сега не е кој бил во најдобра позиција да ја промени Лабуристичката партија, да нè доведе на власт и да ја започне виталната работа за подобрување на животот на милиони луѓе.“

„Прашањето што сега го поставува мојата партија е дали сум во најдобра позиција да нè водам до следните општи избори“, продолжи Стармер. „Го слушнав одговорот на мојата парламентарна партија на тоа прашање и го прифаќам тој одговор со добра волја. Секоја одлука што ја донесов беше да ја ставам земјата што ја сакам на прво место - затоа ќе поднесам оставка од функцијата лидер на Лабуристичката партија. Разговарав со Неговото Височество Кралот утрово за да го информирам за мојата одлука.“

Стармер рече дека номинациите за новиот премиер ќе бидат отворени на 9 јули и ќе се затворат до летниот одмор за да се обезбеди нов лидер пред да се врати Парламентот во септември. Тој ќе остане на функцијата додека не се избере нов премиер.

„Ќе направам сè што можам за да обезбедам уредно предавање на власта“, рече Стармер. „Исто така, ќе му дадам на мојот наследник целосна и недвосмислена поддршка, знаејќи дека ќе наследи Британија што е многу посилна и пофер од онаа што ја наследив пред две години.“ Ова е шеста оставка на британски премиер во последните 10 години, по оставките на Дејвид Камерон, Тереза ​​Меј, Борис Џонсон, Лиз Трас и Риши Сунак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер