Владата утре ќе именува нов директор на АНБ, комисијата за случајот Онишченко затечена - Канал 5

Владата утре ќе именува нов директор на АНБ, комисијата за случајот Онишченко затечена

Владата утре ќе именува нов директор на АНБ,на местото на Виктор Димовски кој е предложен за амбасадор во Париз..

Владата утре ќе именува нов директор на АНБ, комисијата за случајот Онишченко затечена

Агенцијата за национална безбедност утре ќе добие нов директор- на владина седница премиерот Ковачевски ќе даде предлог, кој да го наследи во наредните четири години Виктор Димовски. Независно од тоа што Димовски веќе нема да е на функцијата, собраниската комисија за надзор над работата на безбедносните служби ќе продолжи во четврток, на која опозиционерите и понатаму ќе бараат одговори како и зошто АНБ дала зелено светло за македонско државјанство за украинскиот олигарх Онишченко. Претседавачот Пренџов вели дека случајот не може да се затвори со одземање на држајанството и одговорност од еден службеник, а најави дека и понатаму ќе бараат отчет и од новиот директор.

Пренџов добил дозвола од Џафери за продолжување на затворената седница откако пристигнал извештајот од МВР за истрагата околу аудио снимката што протече на собранискиот канал кога Димовски за првпат реферираше за овој случај. Кој снимал, за која цел и дали некој ќе сноси одговорност информации за јавноста нема поради класифицираност на документите.

Иако Димовски си оди од АНБ поради завршен мандат, со пратениците ќе се соочи и на Комисијата за надворешни работи на која се очекува да ги претстави тезите пред да отпатува во Франција како македонски амбасадор. Кога ќе се одржи седницата не се знае, претседателот на ова собраниско тело кој исто така е од опозицијата Антонио Милошоски рече дека зависи од епилогот во АНБ. Од Владата засега нема најави дали евентулано поради аферата би го повлекле предлогот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер