Владата се задолжи со 700 милиони евра со еврообврзница

500 од позајмените 700 милиони евра со новата еврообврзница, ќе бидат искорестени за враќање на стар долг од 2014-та година, а останатите 200 милиони ќе се трошат за справувањето со ковид кризата.  

Оваа е осма по ред еврообврзница, но досега со најсниска камата од 1,62%, што според министерто за финансии Бесими е голема заштеда.

Земјава лани се задолжи за над милијарда евра, а со новите задолжувања планирани за годинава јавниот долг годинава ќе достигне нешто над 6 милијарди евра или 63,4% од БДП. Годинава освен 500-те милиони за еврообвзницата, треба да се вратат и 105 милиони евра позјамени од домашниот пазар. Но, тие нема долго да останат слободни, бидејќи државата планира до крајот на годинава задолжување и на домашниот пазар од 300 милиони евра.

Бесими уверува дека состојбата со јавните финансии е стабилна, но од опозицката ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека ззадолжувањата се доказ дека државата била пред банкрот.

-Ова задолжување е само за крпење на дупки, и доколку нема промена на политиките, наскоро ќе ни треба ново задолжување. Државата ќе тоне, пари нема, а каматите ќе стануваат се поголеми, стои во реакцијата на опозицајата.

Вредност: Камата:

2005 170 милиони 4,62% - ДОСПЕАЛА 2012

2009 175 милиони 9,87% - ДОСПЕАЛА 2013

2014 500 милиони 3,97% ДОСПЕВА 2021 - СЕ ПОКРИВА

2015 270 милиони 4,87% ДОСПЕВА 2023

2016 450 милиони 5,62%

2018 500милиони 2,75% ДОСПЕВА 2025

2020 700 милиони 3,67% ДОСПЕВА 2026

2021 700 милиони 1,62% ДОСПЕВА 2028

До 13 часот во Дебар 9 отсто излезeност за претседателските и 15 отсто за парламентарните

До 13 часот во Дебар 9 отсто излезeност за претседателските и 15 отсто за парламентарните избори, во Центар Жупа 9,34 односно 9,38 отсто.

Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува тековно, со поголема излезeност од претпладневните часови.

-До 13 часот во општина Дебар правото на глас за претседателските избори го искористиле 1710 лице или 9 отсто од вкупно запишаните 19.269 лица во единствениот избирачки список. На парламентарните избори правото на глас го искористиле 2835 или 15 отсто од 19.311 лица. Денеска, како и минатиот изборен ден, во сите 27 гласачки места изборниот ден минува во најдобар ред, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар.

И во соседната општина, Центар Жупа, според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, изборниот ден минува во фер и демократска атмосфера.

-Во нашата општина до 13 часот правото на глас, на претседателските избори, го остварија 688 граѓани или 9,34 отсто од вкупно запишаните 7.368, додека на парламентарните гласале 692 лица или 9,38 отсто од вкупно запишаните 7.383 гласачи. Поголема излезeност очекуваме во подоцните попладневни часови, вели Илјаз.

Излезeноста во првиот круг од претседателските избори, на 24 април, до 13 часот, во Дебар беше 13 додека во Центар Жупа 9,12 отсто.

Во Демир Капија над 34 отсто излезност до 13 часот, во Неготино над 30 проценти за претседателските избори

Во Демир Капија до 13 часот 34.23 проценти е излезноста за претседателските избори и 34.14 отсто излезност на парламентарните избори.

Во Демир Капија, како што информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК, се гласа на 11 избирачки места.

Во Неготино е евидентирана излезност од 30.42 отсто на претседателски и 30.31 процент на парламентарни избори, информираа од општинските изборни комисии.

Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше претседателката на Општинска изборна комисија, Елизабета Камчева.

ММФ: Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се закана за глобалната економија

- Се повеќе земји ширум светот се загрижени за својата економска и национална безбедност и врз основа на тоа одлучуваат со кого да тргуваат и во кого да инвестираат, рече Гопинат.

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг и поделбата на геополитички блокови претставуваат закана за глобалната економија, изјави заменичката на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Гита Гопинат во говор на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

- Се повеќе земји ширум светот се загрижени за својата економска и национална безбедност и врз основа на тоа одлучуваат со кого да тргуваат и во кого да инвестираат, рече Гопинат.

Таа додаде дека поради тоа земјите се повеќе „бираат страна“ меѓу САД и Кина.

Гопинат истакна дека странските директни инвестиции исто така се пренасочуваат по геополитички линии, додека некои земји ја преиспитуваат употребата на доларот во нивните меѓународни трансакции и резерви.

Си Џинпинг и Вучиќ потпишаа заедничка изјава за стратешко партнерство

Си Џинпинг и Вучиќ потпишаа заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и српскиот претседател денес потпишаа заедничка „заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, јави дописникот на МИА од Белград.

-Кога станува збор за оваа нова почетна точка, односите меѓу Кина и Србија навистина сакаат да имаат уште посветла иднина, ние сме подготвени да работиме со Србија, да го продолжиме духот на нашето челично пријателство, да се посветиме на нашето пријателство и да го изедначиме. Подобро ќе работиме заедно со Србија, за да ги браниме нашите фундаментални и долгорочни интереси, а кога станува збор за различни меѓународни случувања, сакаме да ја изградиме таа заедница со заедничка иднина, а тоа е дел од нашите напори да придонесеме кон заедницата за заедничка иднина на целото човештво, кажа Си пред потпишувањето на оваа заедничка изјава.

Владите на Србија и Кина потпишаа 29 договори и меморандуми за соработка меѓу двете земји.

притисни ентер