Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
1Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
МакедонијаВладата разгледува можност за субвенционирање филтри на оџаците на домаќинстватаЗа намалување на аерозагадуваето Владата размислува за субвенционирање на филтри на оџаците кој би се поставиле низ домакинствата и државните објекти кои се греат на дрва или фосилни горива. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на Владина седница ќе се разгедува оваа мерка , која како што рече би фукционирала слично на онаа за субвенционирање на клима уредите односно по принципот прв дојден-прв услужен и би опфаќала од 5000 до 10.000 домаќинства, како и околу 500 државни објекти. Според Мицкоски гасификацијата е процес кој би траел подолго, а оваа мерка би била вонредна со оглед дека локалните изборите се веќе распишани, но не прецизираше кога таа би била донесена. -Изминативе неколку дена работев лично на оваа проблематика и гледам дека голем дел од градовите на тој начин го намалиле загадувањето. По принципот на прв дојден прв услужен би субвенционирале како Влада инсталирање на таков тип на оџаците на оние домаќинства кои се затоплуваат на фосилни горива и дрва, а ние како Влада од прилика мапиравме со мојот советник, колега од фалултет сега носител на листата за град Скопје од прилика околу 500 државни објекти кои што исто така користат фосилни горива или дрва. Само мораме да видиме со законодавство дали е тоа дозволено имајки предвид дека сме во избори изборите се веќе распишани а ова би било вонредна мерка,-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Дел од еко-активистите ја поздравуваат оваа мерка, но велат дека таа би била поидеална за руралните средини и државните институции.. Според екоативистот Марјан Ненов Владата треба да размисли оваа мерка да биде краткорочна, а на долгорочно ниво да донесе мерки кои би биле во насока на префрлање на домаќинствата на греење со електрична енергија. Тој објаснува дека поставувањето на филтрите со себе носи и дополнителни трошоци, како нивно редовно чистење и менување. -Поставувањето на филтри ќе го намали тоа но прашањето е дали тоа ќе ги поттикне граѓаните да купуваат печки и да се греат се повеќе на дрва. Ова е можеби добро за селските средини и малите градови, меѓутоа за големите градови како Скопје тоа е контра-еколошки. Ова не треба да биде долгорочно, ова сметам дека е мало ублажување и сметам дека тие средства можат да се искористат подобро,-Марјан Ненов – еко-активист. Според истражувања на УНИЦЕФ најголемиот дел од загадувањето на воздухот доаѓа токму од согорување на фосилни горива, како и од печки на јаглен и дрва.. И податоците од Министерството за животна средина покажуваат дека 45% од аерозагадувањето во земјава е последица на греење со влажни дрва и производи од обоено дрво во домакинствата.. Според податоците на МАКСТАТ од последниот попис во земјава пак, над 60 проценти од домакинствата користат дрва за греење. Тагови: Владата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУУнгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија. Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ. „Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук. Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА финале: „Брејк“ на Њујорк во Тексас-ВидеоСеријата победи на Њујорк Никс продолжува, а тимот од „Големото јаболко“ го направи првиот чекор кон шампионската титула.Џејлен Бренсон постигна 30 поени во своето деби во НБА финалето, Карл-Ентони Таунс додаде 18 поени и 12 скока, а Никсите се вратија од минус од 14 поени во второто полувреме и ги победија Сан Антонио Спарс со 105-95 во првиот натпревар од големото финале во НБА. О-Џеј Ануноби постигна 17 поени за Њујорк, кој го доби својот 12-ти натпревар по ред во плејофот. Со тоа, Никсите станаа само седмиот тим во историјата на НБА со таква серија, и само третиот што го сторил тоа во една сезона. Бренсон постигна 13 поени во последната четвртина, само шест помалку од оние што Спарс ги постигнаа како тим во тој период. Тој практично ја запечати победата со спектакуларен шут од вртење додека паѓаше на подот, 38 секунди пред крајот на натпреварот. „Тој е играч за големи натпревари. Кога е најпотребно, тој испорачува. Така играат кандидатите за MVP“, рече тренерот на Никс, Мајк Браун. Њујорк го заврши натпреварот со серија од 11:0 и напиша нова страница во историјата. Никс станаа првиот тим што ги победи Спарс во првиот натпревар од финалето на НБА, бидејќи франшизата од Тексас претходно имаше резултат од 6-0 во такви натпревари. Ова е исто така прв пат Спарс да заостануваат во серија од финалето пред нејзиниот крај.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАнгличаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци! Портал „GiveMeSport“ од Англија го состави хипотетички список од 26 фудбалери кои потекнуваат од поранешна Југославија кои, според нив, би патувале на Светскиот шампионатво 2026 во Канада, САД и Мексико.На списокот меѓу 26 фудбалери, се и двајца Македонци, голманот на Валенсија, Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас. Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026: Голмани: Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид), Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Столе Димитриевски (Македонија, Валенсија) Одбрана: Јошко Гвардиол (Хрватска, Манчестер Сити), Јосип Станишиќ (Хрватска, Баерн), Страхиња Павловиќ (Србија, Милан), Никола Миленковиќ (Србија, Нотингем Форест), Сеад Колашинац (БиХ, Аталанта), Јака Бијол (Словенија, Лидс), Марин Понграчиќ (Хрватска, Фиорентина), Амар Дедиќ (БиХ, Бенфика). Среден ред: Лука Модриќ (Хрватска, Милан), Матео Ковачиќ (Хрватска, Манчестер Сити), Марио Пашалиќ (Хрватска, Аталанта), Никола Влашиќ (Хрватска, Торино), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија, Ал Хилал), Немања Гудељ (Србија, Севилја), Саша Лукиќ ( Србија, Аталанта), Елиф Елмас (Македонија, Лајпциг) Напад: Бенјамин Шешко (Словенија, Манчестер јунајтед), Един Џеко (БиХ, Шалке), Душан Влаховиќ (Србија, Јувентус), Ведат Муриќи (Косово, Мајорка), Анте Будимир (Хрватска, Осасуна), Андреј Крамариќ (Хрватска, Хофенфајм) Иван Перишиќ (Хрватска, ПСВ).Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter