Владата прави сериозни анализи за ново линеарно зголемување на пензиите – илајда денари во октомври, илјада во април - Канал 5

Владата прави сериозни анализи за ново линеарно зголемување на пензиите – илајда денари во октомври, илјада во април

Владата прави сериозни анализи за ново линеарно зголемување на пензиите од 2 000 денари. 

Владата прави сериозни анализи за ново линеарно зголемување на пензиите – илајда денари во октомври, илјада во април

Доколку се донесе вакво решение тоа ќе значи дека над 340 илјади пензионери во државава во октомври со исплатата на септемвриската пензија ќе добијат по 1 000, а во април со исплатата на мартовска уште 1 000 денари на своите сметки. Премиерот Христијан Мицкоски, во вчерашното гостување во Само Интервју рече дека одлуката ќе биде соопштена многу скоро, бидејќи доколку има ново линеарно зголемување тоа мора да се направи пред распишување на изборите, бидејќи е потребна измена во законот.

„Правиме проценка колку би било тоа процентуално зголемување, колкав би бил волуменот на парична маса, да го поделиме со бројот на пензионери. Правиме анализа линеарно да се зголемат пензиите по 1.000 денари сега на есен во октомври кога ќе ја земат пензијата, и во април за март практично, односно 2.000 да има зголемување линеарно за сите пензионери во рамките на следните шест месеци. Сериозно сме во таа анализа и многу скоро, бидејќи тоа мора да се случи пред распишувањето на изборите, дали преку закон со скратена постапка или преку група пратеници ќе го поднесеме тоа.“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада („Само интервју“ 17.07.2025)

Во моментов според последните податоци на ПИОМ во земјава има нешто над 344 илјади пензионери, доколку дојде до ново линеарно зголемување тоа би ја чинело државната каса нешто над 134 милиони евра годишно. Доколку не се направат измени, во септември годинава, пензиоенрите согласно посточекиот закон, ќе добијат процентуално зголемување.

Пензионерите генерално задоволни од најавите на Владата, но дел од нив сметаат дека зголемувањето треба да биде процентуално.

„Треба да има мали ни се пензиите тешко се излегува на крај....“

„Треба да да да, тоа е најправилно...“

„Нормално, на оној ќе му зголемуваш што има голема и на оној малана истата пензија....“

„Кога ќе преметаат колку пари треба за процентуално колку пари има да се даде и да го поделат на сите пензионери....“

„Треба да се даде во оваа ситуација на сите, нека проценат тие што се за тоа стручни....“

Од сојузот на здружението на пензионери за Канал 5 велат најавата за второ линеарно зголемување на пензиите е сигнал за темелни раформи во пензискиот систем. Трајкова додева и дека до нив од страна на група пензинери кои пред неколку дена протестираа пред владата токму со барање за линеарно зголемување на пензиите е стигнат таков предлог и во следниот период иститот вели ќе биде разгледан.

„ДА се надеваме дека работната група формирана од страна на Влада за реформа во пензискиот систем ќе подготви соодветна правна рамка која ќе биде во интерес како на постојните така и за идните пензиоенри. Инаку до Сојузот стигна барање за линерано зголемување на пензиите но тоа прашање ќе се разгледа од извршниот одбор... “- Станка Трајкова - претседателка на СЗПМ

Доколку се реалзира најавата на владата, ова ќе биде второ линеарно зголемување, откако минатата година, пензиоенрите добија два пати по 2 500 денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра.

Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години.

Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“.

Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил.

Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување.

Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. 

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен.

Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните.

Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews.

Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајли Бибер во градник од пердуви и ангелски крилја за Ноќта на вештерките (ФОТО)

Хајли Бибер е позната по тоа што секоја година вложува дополнителен труд во своите костими за Ноќта на вештерките. 

Хајли Бибер во градник од пердуви и ангелски крилја за Ноќта на вештерките (ФОТО)

Во 2023 година, таа се маскира како викторијански вампир со крвави бисери и чипкаст корсет, а во 2024 година ги имитира Никол Ричи и Парис Хилтон од реалното шоу „Едноставен живот со Кендал Џенер“.

Минатата година, целото семејство учествуваше во костимирањето, па Хајли, нејзиниот сопруг Џастин и нивниот син Џек Блус се маскираа како ликови од анимираниот филм „Неверојатните“.

Хејли како ангел, Џастин како ѓавол

Оваа година, сопружниците се одлучија за заедничка тема за костими. На фотографиите што ги споделија на социјалните мрежи, Хајли позираше како ангел, а Џастин како ѓавол.

Основачката на брендот за убавина Rhode, која го објави својот костим неколку часа претходно на Инстаграм, носеше бел градник украсен со пердуви, бела кошула со копчиња и кратки црни шорцеви. Таа ја надополни комбинацијата со ореол, големи бели крилја што потсетуваа на оние од модната ревија на Victoria's Secret и црни чевли со високи потпетици. Меката, сјајна шминка дополнително го нагласи нејзиниот ангелски изглед.

Џастин, од друга страна, избра целосно црвена комбинација. Носеше преголема јакна, широки панталони со ѓаволски опашки и црвени патики од својата марка Skylrk. Костимот го надополни со црвена капа со рогови и очила за сонце во иста боја.

Го покажаа и костимот на нивниот син Џек

Покрај заедничките фотографии, Хајли откри во својата приказна на Инстаграм како нивниот син Џек го поминал Ноќта на вештерките. Таа сподели фотографија од момче кое изгледало како да е преправено како дух додека шетало низ соседството барајќи бомбони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер