Владата побара воведување вонредна состојба во целата држава - Канал 5

Владата побара воведување вонредна состојба во целата држава

Владата денеска на седница донесе одлука да му предложи на Собранието на Република Македонија да предложи вонредна состојба.

Владата побара воведување вонредна состојба во целата држава

Премиерот Оливер Спаосовски соопшти дека Владата на својата седница донела одлука за прогласување на вонредна состојба во Македонија, со цел справување со состојбата со коронавирусот.

– Владата веќе нема ниту најмала дилема. Затоа на денешната седница предложивме да воведеме вонредна состојва, сега и веднаш. Мерките ги дадоа очекуваните мерки, но тие мерки треба да се заострат со воведување вонредна состојба за да спречиме уште поголем пик. Убедени сме дека тоа може да се сречи само со вонредна состојба, истакна Спасовски на прес-конференција во Владата.

Тој нагалси дека Собранието прогласува вонредна состојба, но ако е распуштено, постои уставна одредба дека претседателот може да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена.

Спасосвки нагласи дека ова ќе биде првпат да се воведе ваква мерка во историјата на нашата држава и тоа е една од најтешките одлуки што ги донела која било влада.

– Ништо веќе не е исто. Животот радикално се промени како кај нас, така и во целиот свет. Потребно е секој да се приспособи, истакна Спасовски, додавајќи дека само со вонредна состојба Владата ќе може непречено да делува во борба против вирусот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок) шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок), по повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

Со редовно работно време ќе се продолжи од 24.10.2026 година (сабота).

Воедно, ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите.

Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Од Јавното обвинителство информираат дека судењето на обвинетата Ива Михаилова за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици ќе продолжи на деветти ноември.

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Ива Михаилова избега во Бугарија пред две недели, тамошните власти потврдија дека нема да ја екстрадираат во Македонија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов

Денеска, во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов.

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов

Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева.

Според обвинението, Ристов се гони за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари бидејќи во текот на истрагата судијата не докажал дека легално ги стекнал парите.

На 17 април јавното обвинителство соопшти дека биле преземени повеќе дејства и претреси, при што на 18 јануари годинава во домот на родителите на судијата во Неготино биле пронајдени вкупно 350.000 евра за чие потекло тој немал доказ и не ги пријавил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер