Владата по велигденските празници ќе ја разгледува анализата за движењето на цените на основните прехранбени производи - Канал 5

Владата по велигденските празници ќе ја разгледува анализата за движењето на цените на основните прехранбени производи

Според владините најави доколку извештјаот за цените покаже зголемување, тогаш на маса се таргетирани мерки на одредени целни групи, како и намалување на ДДВто или ограничување на профитна маржа кај одредени основни производи.

Владата по велигденските празници ќе ја разгледува анализата за движењето на цените на основните прехранбени производи

Веднаш по велигденските празници, во вторник на владина седница ќе се разгледува компаративната анализа што треба да ја изработи министерството за економија и труд за движењето на цените на основните прехранбени продукти пред и за време на кризата најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Состаноците кои како Влада ги имале со меркетите, дирстрибутерите, производителите по почетокот на воениот конфлит според Мицкоски вродиле со плод, а тоа, вели го покажале и податоците на статистика, кои бележат месечна инфлација од 0,7%.

Според владините најави доколку извештјаот за цените покаже зголемување, тогаш на маса се таргетирани мерки на одредени целни групи, како и намалување на ДДВто или ограничување на профитна маржа кај одредени основни производи.

„Го задоживме министерството за економија и труд да во перидоот направи компаративна анализа меѓу цените на основните прехранбени прозиводи од почетокот на февруари и почетокот на април оваа година и очекувам на 14ти на влаидна седница анализата д абиде презенитрана и тогаш би имал повеќе да кажам. Од она што сега можам да го кажам е дека на месечно ниво феврари март инфлацијата е 0,7% и е 5та најниска во ЕУ. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Во пресрет на велигденските празници денеска по маркетите и пазарите можеше да се забележи поголемо раздвижување, но дел од граните кои ги анкетиравме велат од година во година трпезата е се поскромна. По стартот на војната на блискиот исток, велат, речиси се е поскапено, а домашниот буџет, во пресрет на велигденските празници е дополнително оптоварен.

„Цената е крената на се, да земеме прво јагнешкото месо 670 – 700 денари за кило, тшко кој може да си го дозволи, да не збориме зејтинот, јајацата, но мора да си го поминеме празникот.“

„Доста скромно се е поскапено. Јајцата првиот ден кога Иран нападна јајцата поспаеа, зејтинот вториот ден. Патлиџаните, краставиците се стварно многу скапи тоа е ужас малку по малку и буџетот оде.“

„Претераа со скапотијата 3, 3,5 евра патлиџан стварно среде зима ама многу е. Преполни се ченгелите со јагниња а муштерии по еден двајца и се на грамови купуваат.“

„Цените се такви какви што се ќе се навикенеме.“

„Зејтинот е поскапен. Горе доле се држи некое ниво кај цените ама да има покачувања.“

Инаку уште речиси две недели во земјава на сила е кризната состојба со која се намали ДДВ на горивата од 18 на 10 % и акцизата за бенизните за 2 денари а кај дизелот за 4. Мицкоски и денеска повтори состобата внимателно како Влада ја следат, ризици има но уверува земјава има доволно количини на нафтени деривати. Повтори и дека и покрај зголемената побараувачка, особен о во погрнаичните места како влада не размислуваат за ограничувања во делот на горивата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми.

Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството.

Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем.

Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот.

Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа.

Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата.

Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun).

Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд.

Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера.

Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“.

Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година.

Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Предводникот на англискиот фудбалски шампион Арсенал, Микел Артета се осврна на шпекулациите во медиумите за интересот на „топџиите“ за Винисиус Жуниор, изјавувајќи дека клубот ќе биде „многу амбициозен“ на трансфер-пазарот. 

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Според Goal.com, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со договорот на бразилскиот напаѓач во Реал Мадрид, бидејќи клубот бара засилување од светска класа за својот напад.

Менаџерот на Арсенал беше воздржан кога беше прашан за евентуалното ангажирање на ѕвездата на Реал Мадрид, но испрати јасна порака во врска со намерите на клубот.

По убедливата победа од 4:1 во подготвителниот натпревар против Џирона, Артета нагласи дека лондонскиот тим е подготвен да заземе одлучен пристап во потрагата по нови играчи.

Кога беше директно прашан за ангажирањето на бразилското крило, тој внимателно ги бираше зборовите, но јасно ги изнесе своите цели.

„Активни сме и се обидуваме да го подобриме и развиеме тимот. Тоа е јасно. Очекуваме одредени случувања во наредните недели бидејќи сакаме да напредуваме, исто како и сите други“, рече Артета. „Тоа е очигледно и на пазарот и преку потезите што ги прават нашите ривали – нема само да стоиме и да гледаме. Имаме големи амбиции за она што сакаме да го постигнеме.“ „Разликите се минимални.

Сакаме да бидеме подобри, а нивото на конкуренција ќе расте, па затоа мораме да ја зголемиме конкуренцијата во самиот тим. Мораме да утврдиме што ни недостасува за да стекнеме поголема предност. Тоа е нашиот начин на размислување“, додаде тој.

Оптимизмот на Арсенал произлегува од застојот во преговорите меѓу Винисиус и раководството на Реал Мадрид.

Шпанскиот клуб би можел да биде принуден да го продаде играчот доколку наскоро не се постигне договор, бидејќи постои ризик тој да си замине како слободен играч следното лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер