Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаВладата не планира да замрзнува маржи, работи на долгорочно решениеВладата се уште прави детална анализа - се проверуваат сите фактори кои влијааат врз цените на хранта пред да се донесе било какви мерки, премиерот Христијан Мицкоски вели сакаме трајни а не популистички решенија. Ограничувањето на маржите, мерка која сега сака да ја преслика и претседалот на Србија Алксандар Вучиќ во сопстевената земја, според Мицкоски е замка, вели праксата покажала дека ефектите од неа се прелеваат во другите месеци и потоа цените се балансираат. Дециден е дека транспортот и другите услуги се најголемите генетаротри на инфалцијата. Одговрајаќи на новинарско прашање премиерот вели нема да одат со замрзнување на маржи туку се работи на сериозни мерки кои ќе бидат поврзани со агрегатната побарувачка. „Тоа значи зголемените плати, во случајов и пензии кои номинално се зголемија прават притисок врз побарувачката, односно имаме зголемена побарувачка и луѓето можат таа цена за услугата да ја платат. А овие кои ја нудат таа цена нормално да ја качуваат цената на услугите се до оној момент додека конзументите имаат пари да платат. Затоа сме многу внимателни во делот на носење на мерки...Нашата пракса покажала дека само ако ја ограничиме маржата кај одреден дел производи посебно кај прехранбените таа потоа се прелева во следните месеци и на крај се нивелира, не сакаме да западнеме во таа замка...“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Граѓаните очекуваат надлежни да превземат мерки час поскоро, бидејќи велат цените се секој ден се повисоки. „Мерки јас мислам дека треба да има тие претходните мерки што беа на почетокот треба сега да се применат.... Цените не контролирано растат а тоа го чувствуваат сите. “ „Треба да скапо е. Секој ден се поскапо...“ Во петокот трговците, производителите и дистрибутерите на средбата со министеорт за економија Бесар Дурмиши, добиле последно предупредување, доколку бројките за инфлацијата повторно пораснат а цените не се регулираат, Дурмиши најави ригорозни мерки. Во меѓувреме на 15 август стартува новата мерка за училишната кошничка, која ќе трае еден месец. Трговците треба да ги намалат цените на речиси целиот училишен проибор за најмалку 10 % на големо и 15 на мало. Тагови: зголемување на цените Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинаа во украински напад кај МоскваНајмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.Тагови: напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употребаВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење. Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов круг преговори меѓу Либан и Израел во РимВо Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.Тагови: Израел Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter