БалканВладата на Србија со нова регулатива го враќа во живот проектот „Јадар“Српската Влада денеска ја усвои Уредбата за спроведување на Уредбата за утврдување на просторен план на подрачјето за реализација на посебна намена за реализација на проектот за експлоатација и преработка на минералот јадарит „Јадар“.Како што е објавено на веб-страницата на Владата, со денот на влегувањето во сила на оваа уредба е донесена Уредбата за утврдување на просторен план на подрачјето за посебна намена за спроведување на проектот за минерални суровини „Јадар“, кој претходно беше укинат со Влада, повторно ќе се применува, јави Бета. Основа за усвојување на денешната владина уредба е одлуката на Уставниот суд донесена на 11 јули. Уставниот суд на Србија го прогласи за неуставен владиниот указ за стопирање на проектот „Јадар“. По масовните протести организирани од еколошки активисти, Владата на Србија во јануари 2022 година му ја одзеде лиценцата на Рио Тинто за ископ за проект вреден 2,4 милијарди долари. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураУтревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд. Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција. Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен. Инаку, меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева. „Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - сите што не мислат како него ги нарекува „талог“Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден, за да ја продолжи поделбата на народот.Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Кој е тој „талог“ според Мицкоски? Сите што не мислат како него. Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност. Истиот човек кој со години ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник. На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба. На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа. Ова не е патриотизам, ова е политичка омраза облечена во празничен говор. Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека народот го третира како „талог“. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и ФилипчеСДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и Филипче, нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно.Една корекција на колегите од СДС, граѓаните не се талог на општеството, но со оглед на тоа што СДС се почувствуваа засегнати, сами се ставија на страната на талогот. Истиот тој талог составен од банда криминалци, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче, кои шират дефитизам и нихилизам додека одмараат на грчките плажи со украдените пари од граѓаните. Ете тој талог ќе биде поразен и нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook