ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи а не го почитува судот, јавноста очекува одговори а не бегање од рочишта
СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати
1ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи а не го почитува судот, јавноста очекува одговори а не бегање од рочишта
2СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати
3Димитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите
УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
2УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
3Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
1Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
БалканВладата на Косово е подготвена да го прифати барањето на САД за прием на странски државјаниВладата на Косово во оставка потврди дека е подготвена на соработка со САД за прифаќање и привремено преселување на државјани од трети земји во Косово, во согласност со утврдени услови, изјави денеска портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу.- Во период од една година, до педесет лица можат привремено да се преселат, со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната земја на потекло. Владата изрази подготвеност да се ангажира, со можност за избор на лица од предложената листа, под услов да исполнуваат одредени критериуми поврзани со владеењето на правото и јавниот ред, наведе Криезиу. Американскиот Стејт департмент минатата недела соопшти дека земјите од Западен Балкан се вклучени во пошироката стратегија на САД за депортирање на странски државјани без регулиран статус. Според Стејт департментот, постојаната соработка со странските влади е клучна за спречување на илегалната и масовна миграција, како и за безбедност на границите, Косовската Влада на 26 мај изрази подготвеност да разговара и со Велика Британија за предлогот за воспоставување на така наречени центри за враќање во Косово, за азилантите кои биле одбиени во Велика Британија. Меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) изрази загриженост дека користењето на балканските земји како места за прием на мигранти може да ги наруши нивните права и да создаде нови предизвици за земјите домаќини. Тагови: Косово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи а не го почитува судот, јавноста очекува одговори а не бегање од рочиштаЉупчо Николовски поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство поднесува тужби и бара судска заштита, но истовремено не се појавува на закажани рочишта. Ако веќе Николовски се повикува на судот, тогаш треба и да покаже почит кон судската постапка. Судот не е место каде што се оди само кога на Николовски му одговара. Ако Љупчо верува во своите тврдења и во тужбата што ја поднел, тогаш треба да се појави на рочиште и таму да ги брани своите наводи и аргументи. Николовски очигледно се држи до старите навики кога со Заев и Филипче беа заштитени од правосудните органи, кога судиите и обвинителите беа контролирани од СДС и се кажуваа пресуди во канцеларии на СЈО. Кога судиите и обвинителите беа бирани во Зајас и Струмица да ги штитат криминалите на СДС и ДУИ. Николовски треба да знае дека фактите не се утврдуваат преку прес-конференции, политички флоскули или медиумски настапи, туку во соодветна постапка пред надлежните институции. Во исто време, јавноста очекува одговори од Николовски на низа прашања, за имотот, кадровските одлуки, деловните интереси и се што е предмет на јавен интерес. Николовски да каже дали има луксузен дуплекс стан во Дајмонд мол од 180м2? Дали берберот кај кој одел Николовски неколку пати во месецот додека бил член на Влада, си го направил советник? Дали Николовски влијаел за фирмата на брат му, Лариком шпед да успее да го зголеми приходот за една година за 1100%? Николовски да даде одговори за кусокот на жито и набавка на поскапо жито од една соседна држава, за кое за возврат Заеви добија за фирмата “Тргопродукт” 1,4 милиони евра грант од ИПАРД? Дополнително, Николовски да одговори за индиции дали наодот за душевна болка е фингиран затоа што докторот Бајрактаров е член и донатор на СДС, а плус и има гласано за него на Влада да биде директор на Клиника за психијатрија? Наместо Николовски да бега од соочување, потребно е да даде одговори. Љупчо Николовски не може истовремено да бара судска заштита, а потоа да не се појавува пред судот. Ако бара институциите да ја завршат својата работа, тогаш и самиот мора да ги почитува правилата на постапката. Кој поднесува тужба, треба да биде подготвен и да се појави пред судот. Кој се повикува на правдата, треба да ја почитува судската постапка. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултатиЕкономските резултати на Мицкоски се катастрофлано лоши.Арамиски ги троши парите на граѓаните а економијата оди надолу. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, цените се поскапени, мерки нема. Дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, нема инвестиции, само 18 милиони евра во вториот квартал од 2026 а долговите се зголемени за 4 милијарди евра. Состојбата со буџетот, со народната каса е катастрофална. Според официјалните податоци на Министерството за финансии, буџетскиот дефицит оваа година ќе надмине 900 милиони евра, односно 5 проценти од БДП. Целиот планиран дефицит е веќе потрошен, нема пари. Приходите потфрлаат, владата арамиски ги троши парите на криминални тендери, дефицитот во буџетот е огромен и расте. Но, затоа има најава за нов арамилук преку нов ребаланс. Само после два месеци од последниот. Ќе следува она што го најавивме, ново задолжување. Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО. И кога нема резултати, нема инвестиции, економијата тоне, Мицкоски посегнува по распродажба на националните богатства, на водата, рудата, земјата. Струјата за туѓи профити, рудата за туѓата воена индустрија, ризикот и сметката за граѓаните. Провизијата за арамиите. Тоа не е економска стратегија туку распродажба на Македонија. Мицкоски е економски армагедон за Македонија. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотАвстралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоциАвстралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ во јуни извршила упад во владин портал за здравствени податоци и неовластено пристапила до датотеки, што е првиот познат случај на хакирање на владина веб-страница од страна на агент со ВИПремиерот Ентони Албаниз изјави дека агентот на „Опенаи“ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на „Медикер“, австралиската програма за универзално здравствено осигурување, додека спроведувал истражување за јавните трошоци во здравството. „Според доказите со кои располагаме во моментов, нема пошироко загрозување на мрежата. Сепак, оваа ситуација е очигледно неприфатлива. Истрагите продолжуваат, а Австралија ја изрази својата голема загриженост до извршниот директор на ‘Опенаи‘, Сем Алтман“, рече Албаниз, додавајќи дека истрагата ќе испита и зошто владините системи не успеале да го детектираат упадот Уште на самиот почеток.тој исто така предупреди дека активноста на агентот на „Опенаи“ можеби влијаела и врз три други владини веб-страници поврзани со здравството.„Опенаи“ соопшти дека нивната проверка не открила докази за пристап до досиеја на пациенти. „Идентификувана е активност поврзана со неколку веб-страници и услуги на австралиската влада. Додека нашите модели се обидувале да пронајдат одговори, тие презеле дејства што не биле планирани“, велат од „Опенаи“. Овој упад е еден од најзначајните инциденти во кои агенти со вештачка интелигенција пристапиле до надворешни системи надвор од САД и се надоврзува на низа слични инциденти во последно време, кога вештачката интелегенција самостојно хакирала други компании.Тагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03