Владата може да го намалува ДДВ-то за нафтените деривати - Канал 5

Владата може да го намалува ДДВ-то за нафтените деривати

Доколку цените на нафтата на светските берзи продолжат да растат првата владина интервенција ќе биде намалување на ДДВто од 18 на 10 % најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Владата може да го намалува ДДВ-то за нафтените деривати

Доколку има потреба во перидот кој следи ДДВто може да се намали и на 5 %, а дополнително ако има кризна состојба а цената на дизелот надмине 800 долари за тон од сегашните 650, ќе се намали и акцизата за 2 денари. Главен проблем, сега вели останува тоа што доаѓаат возила од соседните земји и полнат резервори на бензиските во пограничните места..

- Ние ќе со намалување на ДДВ од 18 на 10 % па имаме уште една мерка од 10 на 5 %.... Овој понеделнико што измина имаме историски највисок пик на дотур на нафта и нафетни деривати бројката што ми ја кажаа можеби ќе ја погрешам но станува збор за околу 2 милиона литри.. ние сме фактѕор на стѕабилност...“ - Христијан Мицкоски -претстадател на Влада.

Во однос на реакациите од опозицијата дека владата не интервенира со мерки како што било случај во 2022 година по конфликтот во Украина, министерката за финасиси Гордана Димитриеска-Кочоска во синоќешното Само интерву рече дека се неосновани, бидејќи нивото на цените на горивата се уште не е како тогаш. Буџетот е ликвиден, има пари и простор доколу е потребно да се воведат мерки, истакна министерката..

„.Ако се спореди со 2022 година, точно на 12 март цената на нафтата била 117 долари за барел, а денес имаме состојба во која цената на нафтата е околу 100, 101 долар за барел. Сега имаме сосема различна состојба за разлика од 2022 година...“ - Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии (Само Интревју).

Во насока на одржување на ценовната стабилност по конфликтот на Блискиот исток, Владата одржа неколку средби со трговците, нафтените компании, а ќе се сретнат и со увозниците и дистирбутерите на храна. Испекциските конторли во последниве неколку дена се интензивираа, а од Валдата велат енам да дозволат искористување на состојбите и неоправадно профитирање...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер