Владата ќе го чека Уставниот суд, па ќе одлучи дали ќе интервенира во законот за пензиско осигурување - Канал 5

Владата ќе го чека Уставниот суд, па ќе одлучи дали ќе интервенира во законот за пензиско осигурување

Законските измени, со кои се предвидува само пензионерите кои живеат на територијата на земјава да добиваат линеарно зголемување на пензиите, беа со цел освен пензискиот фонд да се заштитат и пензионерите кои се активни во фондот.

Владата ќе го чека Уставниот суд, па ќе одлучи дали ќе интервенира во законот за пензиско осигурување

Законските измени, со кои се предвидува само пензионерите кои живеат на територијата на земјава да добиваат линеарно зголемување на пензиите, беа со цел освен пензискиот фонд да се заштитат и пензионерите кои се активни во фондот – вели заменик министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски, откако Комисијата за заштита од дискриминација, одлучувајќи по претставки од граѓани, утврди дека околу 12 илјади пензионери кои се стекнало со право на пензија во земјава, но живеат во странство се индиректно дискриминирани, откако не го им било исплатено второто линеарно зголемување од 2 500 денари. Со ваквите измени, годишно фондот на ПИОМ штеди најмалку 5 милиони евра.

„Анализата која се направи по првото линеарно покачување дојдовме до податок дека 10 илјади лица кои не живеат во Македонија имаат странски трансакциски сметки со живеалиште кое не е во Македонија а законот децидно кажува дека процентот на порамнување е по принципот на инфлацијата во земјава и животниот стандард .... Поаѓајќи од тој аспект дојдовме до ситуација дека токму ваквиот принцип мора да биде за оние само кои живеат во Македонија.... “- Ѓоко Велковски – заменик министер за социјална политика.

Иако министерството и Владата од комисијата добија препорака во рок од 6 месеци да го променат законот, сепак Велковски вели ќе ја чекаат одлуката на Уставниот суд, каде се оспорени законските измени од април годинава..

„Комисијата за дискриминација даде едно решение за индиректна дискриминација поради оваа законска измени, и до Уставниот суд, се поднесе три инцијативи каде Владата даде препорака до судот дека не ги прифаќа како такви но секако последниот збор ќе го има уставниот суд...и доколку поинаку биде одлучено Владата и министерството ќе го следи тоа ...“ - Ѓоко Велковски – заменик министер за социјална политика.

Следното линеарно покачување од 1.000 денари е планирано за март догодина, а доколку не се направат законски измени како што налага комисијата, тоа повторно нема да важи за пензионерите кои живеат во странство.

Велковски вели формирана е и комисија која ја анализира состојбата во фондот, но и претходните линеарни зголемувања, по што ќе се донесе одлука дали следната година ќе има има процентуално или повторно ново линеарно зголемување на пензиите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Шефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот.

-Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи.

На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана.

Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила.

-Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс

Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко.

-Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД

Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Денес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата.

СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот.

За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси.

Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото.

Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последиците

Невладината организација „Хера“ објаснува дека не треба да се избрзува со повлекувањето на предметот секуслано образование, бидејќи тоа е повеќе од важно во ера кога младите избираат да учат од интернет каде има многу непроверни инфомрации. 

Савески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последиците

Претседателот на Хера Велимир Савески објаснува дека се подготвени за разговри и со преставници од црквата и министерството за образовние за важноста на едукацијата кај младите, по примерот на речиси сите развиени земји.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер