МакедонијаВладата ќе ги разреши Шабан Салиу и Џеват Селами,опфатени со истрагата за трагедијата во КочаниПремиерот Мицкоски ќе ги разреши од позициите министерот без ресор Шабан Салиу кој од 2008ма година раководеше со ДЗС, како и актуелниот директор Џеват Селами од ВЛЕН, откако се најдоа на листата на новоосомничени во истрагата за пожарот во Кочани.Информацијата ја потврдија од Владата за Канал 5. „ Како Влада сме целосно посветени на темелна истрага и во таа насока ги разгледуваме сите процедури и правила кои ни стојат на располагање. Во интерес на постапката ве информираме дека по враќањето на премиерот од официјалната посета во Обединетите Арапски Емирати, лицата кои се опфатени во истрагата ќе бидат разрешени. “ За разлика од Џеват Селами кој не е познато каква мерка доби, претседателот на партијата на Ромите Шабан Салиу е во ефективен притвор, за што поднесе жалба до кочанскиот суд и бара да му биде одредена алтернативна мерка. Неговиот адвокат Ванчо Шехтански вели дека притворот е спорен од причина што според законот за инспекциски надзор - ингеренциите за инспекции се во рацете на самите инспектори, а не кај директорите. „ Ингеренциите се на инспекторите. Од тие причини, не може да има никакви надлежности директорот за вршење на надзор. По вториот основ, Дирекцијата за заштита и спасување може да врши инспекциски надзор само врз легитимен објект, а не и дивоградба, дивоградбата ја тврдува друг орган – МВР и обвинителството по допрен глас. Бидејќи се работи за министер, пасош и приватен и службен понудени се како гаранција, очекуваме да биде уважена жалбата. “-Ванчо Шехтански – адвокат Покрај Салиу, во притвор завршија и поранешен генерален инспектор од ДЗС, пазарна инспекторка и државен советник за угостителство од Министерството за економија. Меѓу оние кои добија домашен притвор пак се поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, а на листата за куќен притвор или мерки на претпазливост се и сите директори на ДЗС од 2012, неколкумина инспектори, државни секретари и службеници. Во меѓувреме, обвинителството побара мерки на претпазливост и за 19тото лице - актуелниот амбасадор во Норвешка, Дритон Кучи, кој се врати во земјава. Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот преминДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски документи. Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин. Тие си обезбедија Европа за себе. За граѓаните на Македонија не им е гајле. Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери. Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“. Додека народот стои во колона, тие летаат. Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши. Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денариОпштина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter