Ќе пропаднат ли 4,2 милиони евра? Денеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда
1Ќе пропаднат ли 4,2 милиони евра? Денеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда
ЕкономијаВладата ја следи состојбата со цената на горивата, за сега не се размислува за прогласување на кризна состојбаИ покрај двонеделниот раст на цените на нафтените деривати во земјава, со кои по последната одлука на Регулаторна, дизлеот се продава по цена од 92 денари за литар а бенизните 95ка и 98ца по цени од 86,5 денари или 88,5 денари за литар.И покрај двонеделниот раст на цените на нафтените деривати во земјава, со кои по последната одлука на Регулаторна, дизлеот се продава по цена од 92 денари за литар а бенизните 95ка и 98ца по цени од 86,5 денари или 88,5 денари за литар, нема мерки на повидок - од Владата и денеска посочуваат состојбата се следи, но во моментов нема основ за прогласување на кризна состојба. „Нема предлог за прогласување на кризна состојба, Владата активно ја следи состојбата и една од мерките кои ги размислува е намалување на ДДВто од 18% на 10 % се со цел заштита на животниот стандард на граѓаните.“ - Влада на РМ. Но, во кој момент размислувањето би се преточило во конкретна одлука, од Владата нема одговор. Дополнително, во игра е и намалување на акцизата за еден денар, доколку цените на бензинот или дизелот надминат 800 долари за тон на светските берзи, но од Регулаторната комисија на прашање на Канал 5 велат дека немале авторски права за објавување на цените на нафтата по тон.. во нивното вчерашно образложение само стои дека бензините се покачиле за 136 долари по тон, а дизелот за 117 во однос на претходната недела, но без да е наведено колку е вкупната цената на горивата на берзите по кои е донесена последната одлука .... И додека надлежните ги анализираат берзанските цени и случувањата, опозиицјата бара итни мерки... Првиот човек на СДСМ Венко Филипче најави дека веднаш до Собранието ќе предложат законски зимени за намалување на ДДВто за горивата на 5%, акцизата за 4 денари, укинување на ддв-то за основните прехрамбени производи, акко и преполовување на цените на патарините.. „ Со новото поскапување неделно тоа ќе ги чини граѓаните 4,5 милиони евра. Ова се мерки кои значајно ќе го олеснат животот на граѓаните, меѓу 15 и 20 денари ќе се намали цената на литар гориво тоа е сериозна заштеда но не е само тоа компелксен е синџирот на кој што може да се случи на настани по поскапувањето на горивата. Ќе поскапи храната, што ќе направат еве затоа предлагаме да го намалиме ДДВто. Луѓто патуваат ајде да ги намалиме патарините и онака имаме најскапи во Европа а најлоши патишта...“ - Венко Филипче – претседател на СДСМ. Неколку мерки за заштита на стандардот на граѓаните предлагаат и од ДУИ, а бараат и разрешување на министерот за економија Дурмиши, бидејќи според нив како надлежно министерство, тие велат немале ниту план ниту визија како да се справат со економска криза.. Тагови: нафта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЌе пропаднат ли 4,2 милиони евра? Денеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агендаДенеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда, но нема изгледи дека ќе дојде до поместување кај политичките партии. Евроамбасадорот Рокас вчера рече дека очекува решение и ги повика политичките партии да постигнат договор затоа што решението е важно за реформите, европските средства и за напредокот на државата. – Навистина се надевам, има уште еден ден за да се постигне консензус. Координаторите на партиите се среќаваат на дневна основа и се надевам дека овој чекор ќе биде постигнат. Како што знаете и како што беше објавено во јавност се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени како бенефит за македонските граѓани и се надевам дека овој консензус ќе биде постигнат до крајот на утрешниот ден, изјави вчера евроамбасадорот Михалис Рокас. Левица се обиде во понеделникот да иницира средба на опозициските партии на која требаше да ги усогласат барањата за да и ги достават на власта, но до средба не дојде откако опозициската СДСМ одби да присуствува. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората, наведоа од СДСМ.Тагови: Михалис Рокас Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Лишен од слобода Александар Лазаров- Цуната кој избега од Полициска станица во КочаниНа 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПотврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.Шпанските власти по обдукциите потврдија дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја зафати Андалузија биле странски државјани.Пожарот избувна минатиот четврток војугоисточна покраина Алмерија, област популарна кај странските жители по должината на медитеранскиот брег, објави „Еуроњуз“. Официјалното соопштение укажува дека седум жртви биле од Обединетото Кралство, три од Белгија и по една од Франција и САД. Последната, тринаесетта жртва била шпански државјанин. „Тринаесетте починати вклучуваат осум жени и пет мажи, сите возрасни“, додаде телото одговорно за идентификација. Во меѓувреме, Интегрираниот центар за податоци (CID) објави дека бројот на случаи на исчезнати лица се зголемил на десет по новиот извештај за две лица. Пожар уништи седум квадратни километри Пожарот, разгорен од силни ветрови, се запалил кога далновод паднал на патот. Пламените јазици проголтале шуми и вегетација - кои се претвориле во суво гориво поради екстремно високите температури - оставајќи ги живописните рурални населби опустошени. Површина од приближно седум квадратни километри изгоре во пожарот, еден од најсмртоносните во Шпанија во последните години.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook