Владата ја одржа 10-тата седница

Владата на Република Македонија денеска ја одржа 10-тата седница.

На седницата Владата донесе заклучок со кој се констатира дека се создадени условите од член 48, став 2, од Законот за организација и работа на органите на државната управа и од тие причини Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика.

Согласно став 2 на член 48 од Законот за организација и работа на органите на државната управа во делот 4 што го уредува раководењето со органите на државната управа и нивни меѓусебни односи, се вели дека заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето.

На оваа седница, како што стои во соопштението, Владата ја усвои одлуката за одобрување средства од Буџетот на Република Македонија во износ од 5.277.000 денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за следење на изборните активности во 2020 година.

На денешната седница Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје, а кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во нивните домаќинства кои влијаат на зголемување на концентрација на РМ10 и РМ2.5 со Предлог-одлуката за формирање на Комисија за спроведување и следење на имплементирањето на мерка, и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање редовно да ја информира Владата за текот и спроведувањето на постапката.

Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Извештајот за работата на Националниот комитет за олеснување на трговијата согласно обврските од Спогодбата за олеснување на трговијата во рамки на Светската трговска организација.

Владата ги задолжи Министерството за економија, во соработка со Министерството за финансии и Царинската управа, да подготви Предлог-уредба со која ќе се дефинираат обврските и постапката за консултации и редовно ажурирање на податоците помеѓу Царинската управа и органите кои издаваат дозволи и вршат контроли во прекугранична трговија и да ја достави Предлог-уредбата до Владата на Република Македонија на разгледување и донесување.

Согласно овој извештај, Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерство за земјоделство, шумарство, водостопанство – Фитосанитарна Управа, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, во соработка со овластени превозни трговски друштва активно да учествуваат во проектот за мерење на просечното време на пропуштање на стоките преку граница, како и за ефектите од проектот едношалтерски систем на граничните премини каде што тој е имплементиран.

Владата денеска донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување работи и задачи донесени од министерот за внатрешни работи и тоа решението од 14.02.2020 година со кое Ивана Китановска се распоредува на работно место соработник систем специјалист во Одделение за заеднички работи во РЦ за ГР Исток во БЈБ, потоа решението од 14.02.2020 година со кое Виолета Веселиновска се распоредува на работно место виш инспектор за гранични проверки во РЦ за ГР Исток во БЈБ и решението од 06.02.2020 година со кое Aлександар Матовски се распоредува на работно место полицаец во ПС од ОН Тетово, СВР Tетово во БЈБ.

Со одлука на Владата денеска се поништени и наредбата од 17.02.2020 година со која Вице Столески се задолжува да извршува работи и задачи од работното место Началник на Одделение за информациска безбедност, Сектор за безбедност на информации, Оддел за односи со јавност и стратешки прашања, во Организациони единици за потребите на Министерството, како и наредбата од 17.02.2020 година со која Зоран Јанаќијев се задолжува да извршува работи и задачи од работно место Командант на Единица за брзо распоредување во Одделот за специјални полициски операции во БЈБ./МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер