Владата ја одбележува првата година од владеењето - Канал 5

Владата ја одбележува првата година од владеењето

Една година Влада. За владеачката ВМРО-ДПМНЕ стабилизирање и раст на економијата, за опозициската СДСМ Македонија е економски понижена земја.

Владата ја одбележува првата година од владеењето

Од партијата на Филипче и денеска обвинуваат дека животот на граѓаните станувал се потежок, со како што велат плати кои не растат и цени кои одат нагоре.

-Една година по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, реалноста е болна: Македонија не е горда, Македонија е понижена. Понижени се работниците, земјоделците, младите. Наместо ветени промени, добивме стара, корумпирана власт, со луксуз за функционерите, а сиромаштија и страв за граѓаните.- Симона Цветаноски – СДСМ

Вечерва отчет за сработеното ќе дава премиерот Христијан Мицкоски, каде е најавено дека ќе бидат презентирани успесите, но и предизвиците со кои се соочувал владиниот состав изминатата година. За владеачката ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година се зголемиле платите и пензиите, се подобрила инфраструктурата и се постигнал историски стратешки договор со Обединетото Кралство..

-Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година посветена работа во интерес на државата и граѓаните. Година на големи предизвици со наследена економија фрлена на колена, држава на раб на банкрот, уништени институции. Не беше лесно, но со посветена и макотрпна работа, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи кога приоритет ти се државата и граѓаните. – стои меѓудругото во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

И партиите од власта и опозицијата од албанскиот блок низ различна призма гледаат на успесите или неуспесите на Владата. Од ДУИ обвинуваат за антиалбански политики на владеачките партии и уште еднаш побараа предвремени парламентарни избори. Од ВРЕДИ пак со одговор дека албанците за време на нивното владеење живеат достоинтсвено, додека ДУИ ја губи подршката..

- Се соочуваме со отворен обид за ревизионизам и политичка асимилација на албанците. При носење на одлуки албанците се целосно игнорирани. Не се покануваат на државни посети, а на меѓувладини средби се заменуваат со македонци. За најважните одлуки албанците слушаат само од медиумите. - Блерим Беџети – ДУИ

- Само за една година во опозиција ДУИ бележи видливо опаѓање на подршката, а до редовните избори нема да остане никој кој што ќе го гласа овој субјект. Албанците со ВЛЕН во Владата за прв пат независно од нивните политички определби уживаат заслужен статус во државните институции. - Беким Ќоку – ВРЕДИ

Владата беше формирана на 23 јуни минатата година, со поддршка од 77 пратеници, предводена од коалицијата меѓу ВМРО-ДМПНЕ и партиите од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ. Составот брои 15 министри и премиерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, шестмина од колалицијата ВРЕДИ и двајца од ЗНАМ.

YouTube video

Нвидиа е првата компанија во историјата со вредност над четири трилиони долари

Акциите на Нвидиа денеска скокнаа за повеќе од два проценти, првпат надминувајќи пазарна капитализација од 4 трилиони долари со што производителот на чипови стана првата компанија која ја достигнала оваа пазарна вредност.

Нвидиа е првата компанија во историјата со вредност над четири трилиони долари

Нвидиа ги надмина Мајкрософт и Епл, иако и двете компании ја достигнаа границата од три трилиони долари пред Нвидиа. Мајкрософт е исто така еден од најголемите и најважните купувачи на Нвидиа.

Компанијата со седиште во Калифорнија, основана во 1993 година, првпат ја надмина границата од два трилиони долари во февруари 2024 година, додека границата од три трилиони долари ја надмина четири месеци подоцна.

Нвидиа во голема мера профитираше од растечката побарувачка за хардвер и чипови од претставувањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година. Компанијата се позиционираше како водечки лидер во создавањето на графички процесорски единици (GPU) кои ги напојуваат големите јазични модели.

Порастот на побарувачката ја зголеми вредноста на акциите на овој гигант за повеќе од 1500 проценти во последните пет години. Акциите пораснаа за повеќе од 15 отсто во последниот месец и 22 отсто од почетокот на годината.

Неодамнешниот раст на Нвидиа се случи и покрај геополитичките тензии и моменталните ограничувања на чиповите кои ја попречуваат продажбата во Кина. Минатиот месец, Нвидиа најави дека неодамнешното ограничување на извозот на нејзините H20 чипови развиени за Кина ќе ја чини осум милијарди долари.

Еден трилион во децималниот систем се запишува како 1.000.000.000.000. Тоа претставува илјада милијарди, односно милион милиони.

Нови научни сознанија за суперновите: Што е разлика меѓу „ГРБ“ и „ФХТ“ експлозиите?

 Млазевите што не успеале да ја пробијат надворешната обвивка на ѕвезда што умира се извори на мистериозни рендген-зрачењa и блесоци што ги збунуваат астрономите со десетлетија. 

Нови научни сознанија за суперновите: Што е разлика меѓу „ГРБ“ и „ФХТ“ експлозиите?

Ново научно истражување за ѕвезда и нејзината супернова, т.е. моќна и светла експлозија којашто го означува крајот на вселенското тело, открива дека експлозиите на рендгенско зрачење познати како „брзи транзитни честици на рендгенски зраци“ ('Еф-икс-те') се резултат на неуспешна „експлозија на гама-зраци“ („ГРБ“) - една од најенергичните експлозии што може да ги произведе Вселената.

Анализите се подробно опишани во два труда прифатени во американскиот „Астрофизички журнал“ (The Astrophysical Journal Letters) и ce достапни на платформата „Арксив“ (arXiv).

- Од 1970-тите, астрономите детектираат „Еф-икс-те“ - експлозии од далечни галаксии што можат да траат од неколку секунди до повеќе часови, вели астрономот Џилијан Растинеџад од Северозападниот Универзитет во американската сојузна држава Илиноис. - Но, нивните извори останаа долгогодишна мистерија. Нашата работа дефинитивно покажува дека „Еф-икс-те“ можат да потекнуваат од експлозивната смрт на масивна ѕвезда. Исто така, тоа ја поддржува причинско-последичната врска меѓу „ГРБ“-суперновите и „Еф-икс-те“-суперновите, при што „ГРБ“ се создаваат од успешни млазеви, а „Еф-икс-те“ се создаваат од заробени слаби млазеви, додаде научникот.

Според него, евентуалната имплозија на ѕвезденото јадро и исфрлањето на материјалот околу него надворешно се навестени од долг период на нестабилност во којшто ѕвездата ги отстранува своите надворешни слоеви. Кога ѕвездата конечно ќе ја погоди таа точка на суперновата, млазовите експлодираат нанадвор од колабирачкото јадро, пробивајќи се низ надворешните слоеви во меѓуѕвездениот простор. Тие млазови, всушнoст, ги предизвикуваат „ГРБ“, преку материјалот околу ѕвездата, а експлозијата е проследен со моќни одливи.

YouTube video

Детектирањето на настанот на 8 јануари оваа година беше во полза на нашето разбирање на начинот на којшто овие енергетски експлозии можат да тргнат наопаку. Рендгенски телескоп на сондата „Ајнштајн“ сними „Еф-икс-те“ експлозија на 2,8 милијарди светлосни години далечина низ Вселената, пренесува порталот „Американ фокус“ (American Focus).

- Важно е да се напомене дека податоците од икс-зраците сами по себе не можат да ни кажат кои феномени ја создале „Еф-икс-те“. Брзите набљудувања на локацијата на „Еф-икс-те“ на оптички и инфрацрвени бранови должини се клучни за идентификување на последиците од „Еф-икс-те“ и собирање сознанија за неговото потекло, објаснува Растинеџад.

Астрофизичарот Роб Ајлс-Ферис од Универзитетот во Лестер во Велика Британија смета дека оваа „Еф-икс-те“ супернова е „речиси близнак“ на експлозиите по „ГРБ“.

- Нашите набљудувања на раните фази од еволуцијата на „ЕП 250108-a“ покажуваат дека експлозиите на масивните ѕвезди може да бидат предизвикани од двете појави. Ова откритие најавува пошироко разбирање на разновидноста во смртта на масивните ѕвезди и потреба од подлабоки истражувања на целиот пејзаж на ѕвездената еволуција, вели Ејлс-Ферис.

„Еф-икс-те“ експлозијата е именувана „ЕП 250108-a“ и, како што откриваат новите податоци, тој е поврзан со суперновата наречена со прекар „Кенгур“. Истражувачите открија дека оваа супернова е особено ретка појава којашто произлегува од колапсот на јадрото на масивна ѕвезда - со маса меѓу 15 и 30 пати поголема од Сонцето.

- Од повеќедецениски научни истражувања, знаеме дека млазовите можат успешно да се пробијат низ надворешните слоеви на умирачка ѕвезда и ги гледаме како „ГРБ“. Во нашиот труд, откривме дека овој „заробен“ млаз е почест кај масивните ѕвездени експлозии отколку кај млазовите што успешно излегуваат од ѕвездата, додаде Растинеџад.

Сѐ тоа значи дека имаме нов начин за испитување на ѕвездените експлозии - супернови. Иако науката сега знае малку повеќе за „Еф-икс-те“, подробностите за тоа како се создаваат и што тоа прави ѕвездата да се распрснува како „Еф-икс-те“, а не како „ГРБ“, сè уште и допрва треба да се разберат.

Трамп испрати писма за царински мерки до шест земји

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска испрати нова серија писма до група од шест земји, информирајќи ги за дополнителните царини што ќе бидат применети на нивните производи кои влегуваат во САД.

Трамп испрати писма за царински мерки до шест земји

Писмата беа испратени до Алжир, Султанат Брунеи, Ирак, Либија, Молдавија и Филипини.

Се очекува алжирските, либиските и ирачките производи да бидат оданочени со околу 30 отсто, од Молдавија и Брунеи со 25 отсто, а од Филипини со 20 отсто.

Американскиот претседател во понеделникот почна да испраќа писма до земјите со трговски суфицит со САД, информирајќи ги за царинските мерки.

САД од 1 август ќе почнат да применуваат повисоки царини на увозот на стоки од повеќе земји, означувајќи нова фаза во трговската војна што Трамп ја почна во април.

притисни ентер