Владата и УПОЗ се договорија за зголемување на платите, се чека да се изјаснат органите и телата на синдикатот - Канал 5

Владата и УПОЗ се договорија за зголемување на платите, се чека да се изјаснат органите и телата на синдикатот

8 % годишно во 2026, 27 и 28 година како додаток на плата и  усогласување со растот на минимланата плата, ова е понудата на Владата дадена на денешната средба меѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ.

Владата и УПОЗ се договорија за зголемување на платите, се чека да се изјаснат органите и телата на синдикатот

Според првиот човек на синдикатот, Трпе Дејаноски, постигнат е начелен договор, но последниот збор ќе го има членството на синдикатот. ги доближија ставовите.

По средбата тој посочи дека иако нивното барање за додаток од 30 % не е прифатено во целост сепак позитивно е тоа што после подогл временски период околу 7 800 вработени во правосудните органи би добиле повисоки плати. Согласно предлогот, доколку иститот биде прифатен од органите, тогаш нивните плати заклучно со 2028 година би требало просечно да порасанат за околу 40 %.... Отворено засега останува само прашањето околу општиот колективен договор.

„Значи методологијата е минимална плата по вредност на бод, по бод за образование и бод за ниво, значи секогаш ние добиваме линеарен пораст со усогласување на минималната плата. Математиката е ако минималната плата порасне сега 1 500 денарина тие 1 500 добиваме уште 8 % значи дека народна пресметка на човек што добива околу 30 илјади денари ќе добива околу 4 илјади денари плус, потоа следната година на тие 34 илјади ќе добива усогласување плус уште 8 % “ - Трпе Деаноски – УПОЗ.

На ден пред средбата, пак премиерот Мицкоски, рече дека колективниот договор е истечен и додека да се договори нов, предлогот на Владата треба да се прифати...

Од друга страна ССМ продолжува со борбата да издејствува минимална плата од 600 евра, наспроти законски предвидените околу 1 500 в март.

Во вторник идната недела синдикатот најави блокади на Собранието, а во деновите потоа и на Стопанските комори и на Владата. Дополнително вчера синдикатот поднесе и иницијатива до Собранието со која бараат намалување на функционерските плати, односно коефициентите да се намалат за 40%, а како основица за нивната преесметка наместо просечната да се смета минималната плата.

По ова прашање од СДСМ денеска се изјаснија дека го поодржуваат и како партија се за намалување на функционерските плати....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 25 возачи за „безобѕирно управување возило“

12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца возеле со активна забрана.

Лишени од слобода 25 возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 25 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 12 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа, В.Р.(24), А.Н.(31), М.С.(32), Б.Д.(48), И.М.(22) и М.А.(20) и уште двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години сите од Скопје А.Џ.(32) од селото Ново село, Ј.Б. (25) од село Орланци, М.И.(44) од село Бојане, и еден малолетник од Кочани. Под дејство на алкохол патничко возило управувале, К.В.(51) и Ѓ.С.(35) двајцата од Скопје, Р.К.(30) од Радовиш, В.М.(24) од Штип, Д.П.(21) од Штип, К.К.(41) од Прилеп, Д.В.(47) од Прилеп, В.К.(43) од Прилеп, Б.Р.(63) од Неготино, Б.Т.(27) од село Негорци, гевгелиско, М.Б.(42) од Гевгелија, додека В.С.(53) од Делчево и П.Д.(24) од Битола управувале возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BMW“ им нуди на вработените над 650.000 евра за да си заминат, интересот е преголем

Германскиот автомобилски гигант „BMW“ им нуди на дел од вработените отпремнини што надминуваат 650.000 евра, доколку доброволно ја напуштат компанијата.

„BMW“ им нуди на вработените над 650.000 евра за да си заминат, интересот е преголем

Интересот за заминување е толку голем што внатрешниот портал, преку кој вработените можат да ги проверат понудите, привремено престана да функционира. Во меѓувреме, „BMW“ ја стопираше програмата за да може да ги обработи пристигнатите барања.

Според германскиот весник „Handelsblatt“, некои вработени би можеле да добијат повеќе од 650.000 евра за спогодбен раскин на договорот за вработување. Станува збор за исклучително високи отпремнини, дури и според стандардите на германската автомобилска индустрија.

Ваквите износи не се правило, туку се однесуваат на конкретни, поединечни случаи. Од „BMW“ одбија да потврдат конкретни бројки, наведувајќи дека не даваат коментари за поединечни договори за вработување.

Вработените го преплавија порталот, системот падна под товарот

На 8 октомври, „BMW“ започна програма за доброволно заминување. Десетици илјади вработени беа известени дека преку внатрешен портал можат да проверат колкава сума би им исплатила компанијата доколку одлучат да си заминат.

Интересот беше толку голем што порталот не можеше да го издржи товарот и привремено престана да работи.

Од „BMW“ потврдија дека постои исклучително голем интерес кај вработените за понудените услови, иако официјално не потврдија дека токму напливот на корисници е причината за техничките проблеми. Според извештаите во германските медиуми, компанијата привремено ја стопираше програмата, само неколку дена по нејзиното започнување, за да може да ги обработи пристигнатите пријави. Сè уште не е познато кога повторно ќе се прифаќаат нови пријави.

Планови за укинување на 8.000 работни места

До крајот на 2027 година, „BMW“ планира да укине приближно 8.000 работни места на глобално ниво. Програмата за доброволно заминување во Германија опфаќа околу 40.000 вработени, првенствено оние во администрацијата, менаџментот, како и во секторот за истражување и развој.

Вработените кои работат директно во производството не се опфатени со оваа програма.

Висината на отпремнината зависи првенствено од платата на вработениот и од должината на неговиот стаж во компанијата. „BMW“, исто така, нуди дополнителни бонуси за вработените кои ќе се согласат да си заминат порано. Според документите што ги разгледа „Handelsblatt“, предвидените датуми за заминување се 31 март и 31 октомври 2027 година.

Исплатите за отпремнина може да се извршат еднократно или на рати, а под одредени услови, вработените можат да насочат дел од средствата во својата пензиска заштеда.

Некои вработени, исто така, може да задржат одредени бенефиции што им се достапни на пензионираните вработени во „BMW“

За постарите вработени важат посебни услови. Оние што ќе наполнат 55 години до крајот на октомври 2027 година – под услов да исполнуваат дополнителни критериуми – можат да се стекнат со статус што им овозможува пристап до дел од бенефициите наменети за пензионираните вработени во „BMW“. Овие бенефиции вклучуваат поповолни услови за купување нови и половни автомобили.

Пакетите за отпремнина на „BMW“ се издвојуваат, особено во споредба со оние што ги нудат други германски производители. „Handelsblatt“ пренесува дека „Volkswagen“, во претходните програми, нудел отпремнини во износ од околу 405.000 евра, додека „Mercedes-Benz“ на некои вработени со долг стаж на раководни позиции им понудил приближно половина милион евра.

Вработениот може на крајот да добие значително помалку од 650.000 евра

Иако понудените износи се исклучително високи, вработените не ја добиваат целосната сума, бидејќи отпремнините подлежат на оданочување.

Според пресметките на германскиот весник „Münchner Merkur“, вработен што ќе добие отпремнина од 650.000 евра – и нема други приходи што подлежат на оданочување во текот на годината на исплата – по плаќањето на даноците би можел да располага со приближно 420.700 евра.

Доколку вработениот оствари други приходи во текот на истата година, конечниот износ може да биде значително помал. Реалниот износ што ќе се исплати зависи од конкретната даночна ситуација на секој поединечен вработен.

„BMW“ има за цел да оствари годишни заштеди од една милијарда евра

„BMW“ ја започна програмата за намалување на бројот на вработени како одговор на падот на продажбата и профитот – особено на кинескиот пазар – како и поради засилената конкуренција и зголемените оперативни трошоци. Компанијата очекува дека намалувањето на бројот на вработени ќе донесе годишни заштеди од приближно една милијарда евра, почнувајќи од 2028 година. Слични мерки преземаат и други големи германски производители на автомобили, меѓу кои „ Volkswagen “, „Mercedes-Benz“ и „Porsche“, кои се соочуваат со пад на побарувачката, конкуренција од кинески производители и високи трошоци за премин кон електрични возила.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица

Запленети дрога, оружје и муниција.

Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица

На 16/17.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, спроведе засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје.

Во рамки на акцијата беа извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата.

При претресите беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, беа пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел обезбедување побезбедна средина и поголема сигурност за сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер