Владата и МОН се уште отворени за нови предлози

Владата и Министерството за образование и наука соопштија дека се отворени за сугестии за пакетот образовни реформи што ги предложија во октомври меѓу кои се и измените на Законот за високо образование.

Тие посочуваат дека дебатата која преку разни форми (конференции, дискусии, отворени и интерни состаноци, изјави и средби на ректорски управи) трае 90 дена е се уште отворена за нови предлози. Целта е, нагласуваат тие, да се креира решение кое ќе го подобри квалитетот на знаењата и вештините на студентите, на наставниот кадар и општо - системот на образование.

Во Собранието на РМ завчера, 5 јануари 2015, се одржа дебата во која учествуваа премиерот Никола Груевски, ректори на универзитети и членови на Владата. На дебатата не присуствуваа претстваници на Проферсорскиот пленум иако беше променета локацијата на настанот – наместо во х. Александар палас во Собранието на РМ. Детаљно биле анализирани сите предлози од дебатата, по што Владата и МОН соопштија дека се прифатени седум:

- Студентите да полагаат една половина од предметите во третата студиска година, независно од тоа дали го положиле или не првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година – предлог на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип;

- Просекот за упис на високообразовните установи за образование на наставници од областа на спортот од 4.00 да се намали на 3.00 – предлог на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Државниот универзитет во Тетово;

- За студиските програми од областа на националната историја, лингвистика и уметностите да не важат одредбите од законот во делот на усогласување на нивната содржина со содржината на исти или слични студиски програми на некој од првите 50 рангирани универзтети од соодветните области, согласно Шангајската листа, имајќи ја во предвид нивната национална специфика – предлог на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Факултетот за општествени науки;

- Унапредување на административните капацитети на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, преку ангажман на дополнителен стручен кадар кој ќе работи во Одборот со полно работно време – предлог на Универзитетот на Југоисточна Европа;

- Постдипломските студии да се акредитираат во траење од една или две години - предлог на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“;

- Регулирање звањето – магистер на уметности - предлог на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Факултетот за општествени науки и

- Воведување јавен регистар на автори на трудови објавени во меѓународни научни списанија кои се дел од базата Web of Science – предлог на на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Во изминатите денови беа прифатени уште неколку предлози:

- За преземање на студиските програми од најдобрите сродни европски и светски универзитети согласно со Шангајската листа – предлог на Универзитетот на Југоисточна Европа;

- Студиските програми на високообразовните установи во Македонија да бидат делумно (60-70%) компатибилни со програмите на најдобрите европски и светски универзитети, односно да се земат во предвид спецификите на македонското стопанство – предлог на деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ, проф. д-р Димитар Трајанов;

- Студентите да можат да слушаат предмети од третата студиска година, независно дали го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година - предлог на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

- Во меѓувреме, во предлог-законот целосно или делумно беа вметнати и други 20-ина основани сугестии и предлози кои писмено пристигнуваа во Министерството, соопшти МОН, наведувајќи ги позначајните:

- Предлогот од Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, за полагањето на државниот испит за студиските програми од областа на уметностите да подлежи на посебен и поинаков режим согласно стекувањето на специфичните уметнички вештини. Овој предлог подоцна беше надополнет и со предлогот на Факултетот за физичка култура од овој универзитет, во делот на спортот и стекнувањето на спортските вештини.

- Предлогот на Правниот факултет при УКИМ – државниот испит да не се полага квартално, во периодите кога трае полагањето на колоквиумите. Беше одлучено државниот испит да се полага на крајот на месеците февруари, април, август и ноември, само еднаш во кварталот.

- По барање на Правниот факултет за строго почитување на законските услови за воведување трет циклус на студии, во предлог-законот за измена и дополнување на Законот за високото образование дефинирано е дека докторски студии ќе може да организира само факултет кој е рангиран во првите пет универзитети и кој ги исполнува законските услови.

- Исто така, на иницијатива на „Јустинијан Први“ членовите на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование ќе ги избира Собранието на РМ, како основач на државните универзитети.

- Прифатен е и предлогот на Факултетот за музичка уметност при УКИМ кој побара менторствата за втор циклус на студии од уметностите да не подлежат на критериумите кои се однесуваат на научно-истражувачката дејност, односно на објава на трудови во меѓународни научни списанија и во списанија со импакт-фактор, туку да бидат поврзани само со уметничката дејност. Слично на критериумите за докторските студии од областа на уметноста за сметка на што звањето со кое ќе се стекнува кандидатот да биде магистер по уметности наместо магистер на науки. Од овие критериуми, освен уметничките, исклучени се и студиите по филологија и национална историја.

- На иницијатива на УКИМ коригирана е одредбата во која менторот мора да има објавени трудови во првите 50% списанија од соодветната област во базата на Web of Scеince. Доволно е трудот да биде објавен во кое било списание од оваа база. Потоа, по барање на дел од академската заедница, доуредено е дека професорот на најмалку еден труд мора да се јави како прв автор за да се избегнат манипулации кога е во прашање поделбата на бодовите од објавениот труд, преку неосновано потпишување на група автори.

Од Владата и Министерството уверуваат дека можоста за дискусија и понатаму останува отворена. Ги повикаа сите кои имаат што да предложат во духот на конструктивноста да го сторат тоа во периодот што следи.

ОН ја осудија забраната на Ал Џезира во Израел

Обединетите нации ја истакнаа важноста на слободата на медиумите по одлуката на Израел да ја забрани Ал Џезира во земјата.

- Ние сме силно против секоја одлука за укинување на слободата на медиумите. Слободните медиуми обезбедуваат непроценлива услуга за да се обезбеди јавноста да биде информирана и ангажирана, изјави синоќа во Њујорк портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека неговиот кабинет едногласно гласал за затворање на телевизијата Ал Џезира во Израел. Телевизијата ја осуди одлуката и истакна дека ќе ги искористи „сите можности“ за заштита на своите права и вработените.

Филипче им вети на поддржувачите: СДСМ нема да ве изневери, но сега е потребна вашата поддршка

„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем.

„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем. Никогаш повеќе СДСМ нема да биде салонска партија, туку партија која живее и работи меѓу граѓаните, меѓу членовите“, пред струмичани го истакна др. Венко Филипче, кој како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина вечерва се обрати на централниот митинг во Струмица.

Филипче истакна дека во изминатите 20 дена се сретнал со многу нови луѓе, запознал и верни членови на СДСМ и вистински социјалдемократи, но и луѓе разочарани од политиките на партијата. Кон нив Филипче упати директна порака:

„Пред сите нив, а сега и пред вас исправено стојам и кажувам: СДСМ нема да ве изневери. Не можеме да си дозволиме да молчиме, не можеме да си дозволиме да останеме дома. СДСМ ќе се промени. Но, не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ. Ве повикувам да им се спротивставите на оние кои се обидуваат да нè потценат и уценуваат. Да им се спротивставиме на оние кои сакаат да нè поделат и кумуваат со нашите противници. Никогаш не се откажавме од основните постулати на социјалдемократијата, мирот, слободата, еднаквоста и грижата за секој“, рече Филипче.

Филипче повика на обединување и мобилизација:

„Да не дозволиме поделба, да избереме единство. Ова е време да покажеме дека срцето на оваа партија чука силно, а тоа срце е секој од вас. Не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ“, рече Филипче.

Тој додаде и дека не било лесно да се донесат визионерски одлуки со кои се решаваат проблемите за овие и за многу следни генерации и потенцираше дека ова е суштинската разлика помеѓу она што го нуди СДСМ и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повика на единство во партијата и мобилизација за поддршката за СДСМ, која како што вели, нема да ги изневери граѓаните бидејќи не се работи за победа на избори туку обезбедување на иднината што сите ја заслужуваат.

„Ова е суштинската разлика помеѓу она што го нудиме ние и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ. Ние играме со отворени карти. Вие знаете каде сме, каде одиме и што сакаме да постигнеме. Нема скриени агенди, нема завиени и лажни одговори. ВМРО-ДПМНЕ игра со скриени карти. Тие се како оние продавачи кои ви продаваат производ во темна, затворена кутија во која не се гледа производот. Ви велат, може да ја отворите само после изборите, само откако ќе платите со вашиот глас. А кога некој ви продава производ што не може да го видите, бидете сигурни дека со тој производ нешто не е во ред“, потенцира Филипче.

Скопје, 6 мај 2024

СДСМ

Москва: Шест лица загинаа, десетици се повредени во украински напад на Белгород

 Шест цивили загинаа, а уште 33 лица се повредени кога украински беспилотни летала нападнаа два автомобили во руската област Белгород, долж границата со Украина, соопшти регионалниот оддел на Министерството за вонредни ситуации на Русија.

- Украинската армија употреби беспилотни летала за да ги нападне автомобилите на компанијата Агро-Белгорје, кои превезуваа вработени во свињарска фарма. Како резултат на тоа, повеќе од 30 лица се повредени, а шестмина загинаа, се вели во соопштението што го пренесуваат руските агенции.

Началникот на округот Владимир Переверзерв на седница на регионалната влада потврди дека шест лица загинале, а десетици се повредени во напад со беспилотни летала на вооружените сили на Украина врз возила на земјоделска фарма во округот Борисовски на Белгородска област.

Гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм соопшти дека се повредени 35 лица, меѓу кои и две деца.

притисни ентер