Владата го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во ЕСЧП - Канал 5

Владата го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во ЕСЧП

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.

Владата го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во ЕСЧП

Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.

По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати.

По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Колку многу е уплашена власта на Мицкоски се виде денеска и во македонското Собрание.

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Со ситни игранки, барање пауза и од нивниот сателит ЗНАМ и со прекршување на деловникот не дозволија опозициски пратенички прашања.

Претседателот на Собранието Африм Гаши паузите ги пресмета во времето од два часа за седницата и со тоа пропаднаа пратеничките прашања.

Не беше поставено ниту едно прашање.

Мицкоски и неговата организирана криминална група се плашат од вистината.

Паниката е огромна.

Откако Мицкоски вчера беше фатен жив како лаже на надзорната расправа за Алта банка, откако на сите им е кристално јасно дека тој и Трајко Славески се главни виновници кои ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија.

Никако да им стане јасно дека бегање од вистината нема и таа ќе исплива на површна.

А потоа следува и одговорност, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку осуммина загинати и 17 повредени во уривање на зграда во Њујорк (ВИДЕО)

Осум лица загинаа кога се урна трикатна зграда покрај градилиште во Бруклин, објави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани. 

Најмалку осуммина загинати и 17 повредени во уривање на зграда во Њујорк (ВИДЕО)

Најмалку 17 лица се повредени, вклучувајќи тројца пожарникари, рече Мамдани, додавајќи дека спасувачките операции продолжуваат. Противпожарната служба на градот претходно изјави за Ројтерс дека четири лица се во критична состојба.

Несреќата се случила кога трикатна зграда во населбата Флатбуш во Бруклин се урнала во среда околу 16 часот по локално време и паднала врз соседното градилиште каде што се вршеле градежни ископувања. Телевизиската станица Њујорк WABC-TV објави дека најмалку четири преживеани, вклучувајќи една бремена жена, биле извлечени од урнатините околу два до два и пол часа по уривањето.

Службениците објавија дека во времето на уривањето на зградата, изградена во 1930-тите, не било веднаш познато колку луѓе биле во своите домови. Тие не открија колку работници биле на градилиштето во тоа време.

Градската противпожарна комисија, Лилијан Бонсињор, изјави дека меѓу погодените од уривањето има седум деца, но не прецизираше дали меѓу жртвите има деца или возрасни.

Непознат број на исчезнати

Мамдани рече дека градскиот Оддел за згради и полицијата ја истражуваат причината за уривањето. Пожарникарите, кои биле во близина, пристигнале на местото на настанот во рок од една минута по уривањето и помогнале да се извлечат првите жртви од урнатините, изјавија властите за новинарите на прес-конференција во среда вечерта.

Снимките од локалната телевизија покажаа спасувачи со кучиња трагачи како ги чешлаат урнатините и ги отстрануваат остатоците во кофи, барајќи знаци на живот за луѓето кои можеби биле заробени во шуплините под урнатините.

Џон Еспозито, шефот на градската противпожарна служба, рече дека ќе бидат потребни неколку дена за спасувачките екипи да ги „пребараат сите потенцијални жртви“ во областа. „Не знаеме колку луѓе се исчезнати вкупно“, рече Еспозито. Околу 250 членови на противпожарната и итна медицинска помош беа испратени на местото на настанот, објави противпожарната служба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потреби

Со нов апарат видео ларингоскоп што претставува побезбедна интубација на децата кои се со аутизам и со деца со посебни потреби е обезбедена новата ординација за деца со посебни потребни на Клиниката за стоматологија. 

За првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потреби

Директортката на клиниката Николоска објаснува дека со новите услови им се помага на децата без проблеми и болки да имаат интеревенции на стоматолог.

Министерот Клековски посочи дека за здрави заби е потребна во сите установи да има општа анестезија, а барања за отворање на ординации за деца со посебни потреби има и во други градови.

Министерот за здравство посочи дека во клиниката има многу новини и нова опрема обезебедена од страна на министерството за здравство и фондот за здравство во вредност од 40 милиони денари и учество на општествено одговорни компании.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер