Владата го разреши Пауновски, се однесувал непрофесионално

Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Како што наведува Владата во соопштението објавено на нејзината официјална фејсбук-страница, Пауновски е разрешен поради неговото непрофесионално однесување.

– Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат, информира Владата.

Разрешувањето на Пауновски следува откако тој минатата недела јавно кажа дека не може да ги преземе во ДПИ 32-цата вработени што му ги определи Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование. Премиерот Заев во тоа препозна пркос, рече дека таквиот однос на Пауновски е недозволив, како и дека има основа за негово разрешување.

Вработените во ДПИ апелираа Владата да не го разрешува нивниот директор, зашто Пауновски, како што потенцираа, изминатиот период покажал капацитет за успешно раководење со институцијата. Над 100 инспектори се потпишаа и на петицијата за одбрана на Пауновски.

Предвидените 32 лица кои требаше да преминат во ДПИ се дел од вкупно 1.349-те „рамковно" вработени за кои Владата уште во јануари годинава донесе одлука да се распоредат во 237 државни институции. „Рамковните" повеќе од една деценија не одеа на работа, а редовно добиваа плата.

Одбележан Денот на Логистичка база - еден од главните столбови на Армијата

Во изминатите години вие припадниците на Логистичката база ја покажавте вашата професионалност и подготвеност со пружање на логистичка пооддршка на единиците на Армијата.

Логистичката база е клучен елемент во справувањето со предизвиците како еден од главните столбови на Армијата на Република Македонија, истакна заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага честитајќи го 20 Мај - денот на Единицата на воената свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје.

На свеченоста на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата на кој присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други гости, Јајага го потенцира придонесот на Логистичката база како важен сегмент во Армијата.

-Логистичката база и нејзиниот персонал активно придонесува во секоја активност на припадниците на Армијата во и вон границите на нашата држава, било тоа да е вежбовна активност или пак континуирано обезбедување на логистичка поддршка на составите кои се упатуваат во мировни мисии и во обезбедување на јужната граница, но и логистичка поддршка на сите вежбовни активности и транзит на силите на НАТО и партнерските наши земји. Придонесот кој го дава оваа база е круцијален во насока на успешно справување со предизвиците, а ние граѓаните тоа многу добро го знаеме. Секогаш кога е потребно припадниците на нашата Армија се први во поддршка на населението и на останатите институции во земјата, било тоа да се кризни состојби или состојби настаните од природни непогоди или креаирани од човекот. За жал би констатирал дека светот денеска живее во време кога овие вториве се се повеќе актуелни, каде голем број човечки животи се загрозени и каде за жал има голем број жртви директно од борбени дејствија, рече Јајага.

Во изминатите години вие припадниците на Логистичката база ја покажавте вашата професионалност и подготвеност со пружање на логистичка пооддршка на единиците на Армијата.

-Од ова место да ви порачам да продолжите со вашиот професионализам затоа што успехот на вашата единица поддразбира успех на нашата цела Армија, а ние ќе продолжиме да придонесуваме во обебзеудваме на сите потребни ресурси за ваше беспрекорно функционирање, порача заменик-министерот за одбрана Јајага честитајќи го денот на Единицата.

Честитки по повод Денот на Единицата упатија и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и командантот на Логистичка база полковник Мухарем Мухареми.

За Денот на единицата, согласно програмата,по пригодните обраќања беа доделени стимулативни мерки за припадници на единицата.

Логистичката база го прославува 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година почнало Разловечкото востание и првите логистички подготовки за неговото отпочнување.

Едерсон ќе го пропушти Купот на Америка поради скршеница на дланката

Голманот на бразилската репрезентација и Манчестер сити, Едерсон ќе го пропушти Купот на Америка, објави прес-службата на Бразилската фудбалска конфедерација.

На 16 мај се дозна дека по натпреварот со Тотенхем (2:0) на голманот му била дијагностицирана скршеница на десната дланка.

Местото на Едерсон ќе го заземе голманот на Сао Паоло Рафаел.

Копа Америка ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.

Реконструирана училишната спортска сала вп ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров финишираше со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.

При реконструкцијата изведен е менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити.

Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со негово завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров.

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

Општина Ѓорче Петров

притисни ентер