Владата го намали ДДВ на горивата од 18 на 10 отсто, одлуката ќе важи две недели - Канал 5

Владата го намали ДДВ на горивата од 18 на 10 отсто, одлуката ќе важи две недели

Намалување на ДДВто од 18 на 10 % за горивата – ова е првата владина мерка за справуавње со ценовниот шок предизвикан од покачувањата на цените на нафтата на светските берзи по војната на Бликсиот Исток.

Владата го намали ДДВ на горивата од 18 на 10 отсто, одлуката ќе важи две недели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на ваков начин и со новата одлука на Регулаторна цените на бензинот ќе останат исти а дизелот, да се зголеми за максимум 4 денари.

Иако се исполнети условите за прогласување и на кризна состојба со која би се намалила акцизата, премиерот вели дека тоа би било минимално намалување на цените за крајните потрошувачи, па затоа се одлучиле на ваков чекор..

Дополнително Мицкоски најави дека министерката за енергетика Сања Божиновска ќе има нова средба со директорот на рафинеријата Окта со што очекува договор за дополнителен попуст по литар за дизел...

Главен предивик вели останува притисокот во пограничните места, на кои точат гориво возачи од соседните земји, но засега не се планира некакво ограничување..

По ваквите мерки од Владата очекуваат сите да се општествено одговорни, и со намалување на цените на нафтените деривати да нема раст на цените кај транспортот и храната. Мицкоски вели се анализираат и цените на основите прехранбени продукти и дека освен растот на цените кај јајцата и маслото кој го правдаат со раст на цените на берза, други значителен зголемувања нема но доколку е потребно ќе интервенираат и во тој дел.

Мицкоски тврди дека стабилен е и електроенергетскиот сектор.

Акумулациите се на ниво од 40%, јагленот на депониите е во доволни количини, единствен предизвик е вели само растот на цената на мазутот и од таа причина на следната владина седница ќе се разгледа можноста да се донесе одлука за ослободување на околу 2 000 тони мазут за потребите на ЕСМ...

На ваков начин препријатието не би ги зголемило трошоците, и со тоа не би имало потреба да бара зголемување на цената на струјата..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“

Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.

Саша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“

Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди.

Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови.

Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите.

Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ:

„Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев.

И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат.

„Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали се ближи крајот на пребрзото возење? Ќе забавува ли самиот автомобил?

Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина.

Дали се ближи крајот на пребрзото возење? Ќе забавува ли самиот автомобил?

Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина; доколку биде одобрен, неговата имплементација би можела да започне околу 2030 година.

Според достапните информации, системот би користел сателитска навигација, дигитални мапи, 5G мрежи и камери за препознавање сообраќајни знаци за да ја одреди дозволената брзина, по што електрониката на возилото би ја ограничила моќноста на моторот и би спречила понатамошно забрзување, а воедно би овозможила привремено зголемување на брзината во итни ситуации.

Ова опфаќа понапредна верзија на системот за интелигентна помош за брзина (ISA), кој е задолжителен од јули 2024 година за сите нови автомобили што се продаваат во Европската Унија, а кој во моментов само ги предупредува возачите кога ќе го надминат ограничувањето на брзината.

Иако организациите за безбедност во сообраќајот сметаат дека ваквата технологија би можела значително да го намали бројот на тешки сообраќајни несреќи предизвикани од пречекорување на брзината, критичарите предупредуваат на можни грешки при препознавањето на сообраќајните знаци, застарени дигитални карти, неточности во GPS-системите, како и на ризици по приватноста на корисниците и сајбер-безбедноста на возилата.

Европската комисија нагласува дека проектот сè уште се разгледува и дека се водат консултации со производителите на автомобили и со експертите за безбедност во сообраќајот во врска со можните регулативи; следствено на тоа, сè уште не е донесена конечна одлука за негово спроведување, пренесува „iamexpat“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Романската нуклеарна централа не може да се лади

Романската нуклеарна централа не може да се лади,започнато е ископување во речното корито на Дунав.

Романската нуклеарна централа не може да се лади

Надлежните органи во Романија спроведуваат обемна интервенција на Дунав со цел да се одржи водоснабдувањето неопходно за работата на нуклеарната централа „Чернавода“. Започнато е и минирање на карпести формации за да се пренасочи текот на реката.

Оваа мерка се презема поради екстремно ниското ниво на водата во реката, предизвикано од тешката суша што го зафати целиот регион, објави порталот Brasov.net.

Операцијата се одвива во областа на кракот Бала, каде што тимови составени од претставници на армијата, речната управа, Романската агенција за води и други надлежни институции вршат детонирање на карпести формации познати како „Паржоаи“ (Paržoai).

Целта е да се промени протокот на вода така што поголема количина ќе биде насочена кон Стариот Дунав, а со тоа и кон доводниот канал на нуклеарната централа.

Во неделата околу пладне беше извршена пробна експлозија за да се проверат техничките услови пред главната операција. Експертите ќе ги анализираат резултатите за да ги утврдат следните чекори.

По минирањето, проектот предвидува поставување на четири баржи натоварени со околу 500 тони камен. Тие ќе помогнат да се пренасочи текот кон делот од реката што ги снабдува постројките за ладење на централата.

Истовремено, во таа област продолжуваат работите за продлабочување на коритото со цел да се подобри циркулацијата на водата. Наглиот пад на водостојот предизвика проблеми како за производството на енергија, така и за пловидбата.

На влезот на Дунав во Романија, протокот изнесува околу 1.600 кубни метри во секунда, што е значително под долгорочниот просек од приближно 4.700 кубни метри во секунда. Тешките услови доведоа до ограничувања на пловидбата на неколку делници од реката, каде што бродовите беа принудени да пловат со намален товар.

Во изминатите денови, неколку шлепови се насукаа на песочни спрудови, а операциите за нивно ослободување беа отежнати.

Романската влада одобри околу седум милиони леи (околу 1,3 милиони евра) за овие активности. Сепак, експертите посочуваат дека интервенцијата е сложена и дека нејзината ефикасност ќе зависи од движењето на водостојот на Дунав во наредниот период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер