Владата ги прифаќа седумте барања на „Марш за чист воздух" и повторно ги поканува на средба

Владата соопшти дека ги прифаќа сите седум првични барања од организаторите на „Марш за чист воздух" што тие ги поставија минатиот петок на протест како услов за да одат на средба со владини претставници.

Воедно, Владата очекува и дека прифаќањето на нивните барања ќе доведе до средба на која, како што се посочува во соопштението, заеднички ќе се обединат напорите на институциите и граѓанскиот сектор во однос на грижата за здравјето на граѓаните и животната средина.

Седумте итни барања што ги постави „Марш за чист воздух" и кои Владата соопшти дека ги прифати се: Указ за итно носење ДУП за Вардариште; ЈО да отвори истрага за ОХИС и за палењето кабли во Скопје; да се усвојат измени на Законот за животна средина со кои се идентификуваат и уредува постапувањето со контаминирани подрачја; да се одземе концесијата на „Еуромакс" за рудникот Иловица-Штука и да се одземе истечената концесија за експлоатација за рудникот Плавица.

Владата ги прифаќа и барањата да се стопира процедурата на усогласување на законите од областа на заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина, заштита на културно наследство, заштита од природни и други непогоди, комунална хигиена со законот за прекршоци; да се поднесе веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот секретаријат.

Во однос на Указот за итно носење на ДУП СИ 09 Гази Баба за Вардариште, Владата информира дека тој е моментно на усогласување во Градот Скопје и се очекува да биде усвоен на наредната седница на Советот на градот. Потоа Министерството за транспорт и врски и Општина Гази Баба во најкраток можен рок ќе го разгледаат усогласениот ДУП и ќе биде усвоен најдоцна до крајот на годинава.

За барањето да се отвори истрага за ОХИС, Владата во информацијата наведува дека ги става на располагање сите доказни материјали кои се прибрани од институциите со кои раководи и го повикува ЈО да го слушне гласот на граѓаните и да отвори постапка за ОХИС и за палењето кабли во Скопје.

Во однос на барањето законски да се уреди постапувањето со контаминирани подрачја, посочува дека во новите предлог-измени на Законот за животна средина предвидени се два нови члена (член 28-а и 28-б) кои директно се однесуваат на управувањето со контаминираните подрачја, а се поврзани со барањето на „Марш за чист воздух ". Предлог-измените го покриваат начинот и методологијата за идентификација на контаминираните подрачја, видот и нивоата на опасни супстанции во медиумите на животната средина како показател за контаминацијата на одредено идентификувано подрачје, и даваат насоки за дефинирање планови за управување со контаминирано подрачје.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина е ставен на дневен ред на денешната, 130-та седница на Генералниот колегиум на Владата, по што ќе оди на разгледување и утврдување на седница на Влада во вторник (10 декември), а потоа и на усвојување во Собранието.

За барањето да биде поднесена веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот секретаријат, Владата наведува дека апликацијата ќе биде поднесена откако ќе бидат потпишани анексот на Студијата за валоризација за Студенчишко Блато и Договорот за Студија за ревалоризација на Охридското Езеро помеѓу ГЕФ, МЖСПП и УНЕП до крајот на 2019 година.

-Владата потсетува дека одлуката за одземање на концесијата на „Еуромакс" за рудникот Иловица-Штука, како еден од условите што организаторите на „Марш за чист воздух" за средба во Владата, е веќе донесена и по завршувањето на жалбената постапка која е во тек во Управниот суд, таа ќе стапи во сила, се наведува во соопштението.

Во одниос на барањето за одземање на истечената концесија за експлоатација за рудникот Плавица, Владата информира дека се обврзува да ја донесе оваа одлука најдоцна до 17 декември 2019.

-Владата на Република Македонија изразува надеж дека аргументите и информациите во ова соопштение во однос на условите на „Марш за чист воздух, ќе доведат до средба на која заеднички ќе се обединат напорите на институциите и граѓанскиот сектор во однос на грижата за здравјето на граѓаните и животната средина. Ова треба да биде само прв заеднички чекор. Владата смета дека со заеднички напори, треба да се работи и понатаму во исполнување и на останатите барања на граѓаните, како и исполнување на Планот за чист воздух, пишува во соопштението од Владата. /МИА

Сончево со јужен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. 

Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат до 26 степени.

Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Потоа условите за нестабилно време ќе се намалуваат.

Дневен хороскоп за 6. мај 2024 година

Дневен хороскоп за понеделник, 6. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Додека вие ќе имате потреба од физичка љубов , вашата сакана личност повеќе ќе ја цени онаа на емотивно ниво. Усогласете се.

Кариера

Ќе бидете склони да ги мешате чувствата со работата , што моментално не е добро. Затоа обидете се тоа јасно да го разделите.

Здравје и совет

Некои ќе го преспијат утрото.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Доколку некој од саканите блиски или сакани лица ви изгледа примитивен , заборавете го тоа чувство , барем за кратко.

Кариера

Ќе се обидете да ги поврзете искинатите врски и да ја поправите штетата што други ја направиле. Главно ќе бидете успешни.

Здравје и совет

Кашлица и нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе има такви кои ќе бараат неможно , а свесни дека пред нив е убава шанса за љубов.

Кариера

Вработените во мали приватни компании ќе добијат нов поттик , што ќе ги натера да работат подобро.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во текот на денешниот ден постојано ќе наидувате на шанси за разговори , дружења, собири и нови познанства. Одлично за оние кои уште се сами.

Кариера

Ќе успеете да ги усогласите своите ставови со мислењата на своите соработници и ќе бидете задоволни поради таквиот развој на настаните.

Здравје и совет

Ќе бидете расположени.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска е ден за муабети со кафе. Можно е да чуете озборување , во кое и вие ќе бидете вмешани. Игнорирајте го.

Кариера

Денеска ќе бидете многу снаодливи , па и најголемите проблеми ќе ви станат решливи.Инстинктивно ќе знаете што треба да направите.

Здравје и совет

Мали , минливи нервози.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот партнер би можел да покаже нетрпеливост кон некој член од вашето пошироко семејство. Не се нервирајте.

Кариера

Пред вас е ден во кој не треба се да работите по секоја цена. Подобро оставете го времето да работи за вас.

Здравје и совет

Опуштете се со помош на техники за релаксација.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ни денеска ќе нема многу разбирање меѓу вас и еден член на семејството, но ако останете смирени , се ќе помине безболно.

Кариера

Дел од вашите соработници се подготвуваат да ви дадат голема и значајна поддршка за она што го работите.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Од дневниот ред ќе ги тргнете грижите и проблемите на својот партнер за кои цело време ви зборува. Двајцата ќе се разведрите.

Кариера

Имате големи амбиции и планови , но денеска не сте сигурни што и колку ќе треба да смените за да ги остварите.

Здравје и совет

Останете будни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска денеска ќе ги активираат своите еротски особини и ќе го заведуваат партнерот во секој момент. Осамените тивко ќе освојуваат.

Кариера

Бидете малку воздражни во изразување на своите големи планови , зашто сите немаат оптимизам како вашиот.

Здравје и совет

Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашите зборови ќе имаат силно влијание врз саканата личност. Затоа пазете што зборувате и како се однесувате.

Кариера

Вашите соработници и колегите со своите револуционерни потези ќе ги нарушат преговорите што вие ги водите.

Здравје и совет

Обидете се да не им се вратитена лошите стари навики.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Нема да бидете сигурни што да направите. Можеби најпаметно е да почекате , додека целата ситуација не се разбистри.

Кариера

Време е да премиенете од зборови на дела , а тоа за вас не е секогаш лесно. Сега треба да покажете дека сте дораснати на работата.

Здравје и совет

Разбудете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

И вие и вашата најсакана личност денеска ќе бидете многу под влијание на впечатоци и емоции. Многумина ќе и се предадат на љубовта без граници.

Кариера

Најмногу би сакале да се повлечете и да работите осамени , што не е типично за вас. Доколку можете , дистанцирајте се.

Здравје и совет

Нека ве води интуицијата.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, вечерва Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска -Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ. 

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои? Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните? Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот? Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај? Вечерва во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер