Владата ги почна подготовките за изборите

На седницата на Владата единствен кој гласаше против оваа уредба беше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, соопшти владата.

Владата ги почна подготовките за изборите.

На синоќешната седница донесена е уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, со која го задолжува министерството за внатрешни работи во рок од еден ден, да ги достави до Државната изборна комисија листата со државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или патна исправа, како и листата на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите, односно дваесет и вториот ден од престанокот на траењето на вонредна состојба.

Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба, Државната изборна комисија е должна да ги превземе и изврши сите неопходни технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно изборниот законик, соопшти од владата..

Со оваа уредба министерството за здравство, е должно, според утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, да обезбеди заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место.

На седницата на Владата единствен кој гласаше против оваа уредба беше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, соопшти владата.

Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд

 Во среда ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме, соопшти УХМР.

Од петок и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, ќе дува северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.

Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024

Како што соопштија од МВР, делегацијата го посетила терминалот на аеродромот, како и Граничната меѓуагенциска единица (ГМЕ). 

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за граничи работи и миграции, Сашо Смилески, денеска оствариле работна средба со раководството на полициска станица за граничен проверки „Меѓународен аеродром” Скопје.

Како што соопштија од МВР, делегацијата го посетила терминалот на аеродромот, како и Граничната меѓуагенциска единица (ГМЕ). Притоа, од страна на раководството билеа брифирани за резултатите на оваа организациска единица при Регионалниот Центар Север во рамки на Бирото за јавна безбедност на МВР.

- Во првото тримесечје на Полициската станица за гранични проверки „Меѓународен Аеродром”, во однос на работата на оваа организациска единица бележиме зголемен проток на патници во однос на истиот период лани, со вкупно регистрирани 603.537 од кои домашни 296.728 и странски 306.809 патници, а во фреквенција биле и 2507 домашни и странски воздухоплови. Во однос на регистрирани кривични дела, бележиме два откриени случаи на фалсификувани документи. Поднесени се 65 прекршочни пријави и извршени 92 претреси на лица, лишени од слобода 14 лица, приведени 78 лица”, информирал Бојмацалиев по средбата, се наведува во соопштението.

55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

Османи: Успеавме државата да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена

Денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните достигнувања на дипломатијата во последните четири години. На 55 години, или повеќе од половина век, од создавањето и развојот на дипломатската служба, Османи ја истакна цврстата заложба и непоколебливиот стремеж на дипломатите за максимален придонес кон изградбата на нашата држава како отворено, културно богато, развиено и плуралистичко општество. Воедно, потенцира дека вистински успех е етаблирањето на државата во меѓународнaтa сцена како модерна и стабилна земја, успешен модел на функционална мултиетничка демократија, членка во сите важни регионални и меѓународни организации, земја која ги почитува меѓународните принципи и правила и земја која помага на другите земји при потреба.

“Во изминатите четири години направивме многу, како во однос на исполнувањето на главните стратешки приоритети во надворешната политика, така и во однос на реализацијата на нови проекти и иницијативи и со гордост можам да заклучам дека и покрај условеноста од комплицираните регионални и меѓународни случувања, успеавме Македонија да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена како активен, доверлив и кредибилен фактор во глобални рамки“ истакна Османи.

Меѓу клучните достигнувања Османи ги издвои: почетокот на преговорите за членство во Европската Унија и целосната стопроцентна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ; Стратешкиот дијалог со САД; поддршката на Украина; заедничкото учество со сојузниците во мисиите предводени од НАТО долж Источното крило на Алијансата, во рамки на зајакнатото истурено присуство во Латвија, во Романија и во Бугарија.

“Направивме видливи промени во регионални рамки, наметнувајќи се како регионален лидер во промовирањето на добрососедската политика преку изнаоѓање решенија на долгогодишните отворени билатерални прашања и преку промовирање стабилност во регионот. Како посебна додадена вредност за промовирање на државата во меѓународната сцена и во регионот беше иницирањето и развивањето на платформите: Преспа форум за дијалог, кој во јуни 2024, ќе го доживее своето четврто издание, неформалната платформа за политичка соработка Иницијатива Б6 и Иницијатива 8 за поддршка на инвестициските проекти долж Коридорот 8” додаде Османи.

Османи ги изброи и следните успеси: членството во Црноморската економска соработка во 2020 г., во Меѓународната организација за сеќавање на холокаустот во 2021 и во Унијата за Медитеранот во 2022 г.; успешното претседавање со Фондот за Западен Балкан во 2021 г., со Медитеранските партнери на ОБСЕ во 2022 г., со ОБСЕ и со САД-Јадранската Повелба во 2023г. и актуелното претседавање со ПСЈИЕ кое ќе го завршиме во јуни оваа година, а во чии рамки како посебно значаен дел ќе биде одржано и четвртото издание на Преспа форумот за дијалог како и екипирањето на дипломатско конзуларните претставништва, унапредувањето на економската дипломатија, проектот МКарта, поставувањето базни и мобилни станици и СОС дежурната линија во ДКП-та.

Историјата на институција надлежна за надворешната политика започна на 29 април, пред точно 55 години, во Скопје, кога беа зачнати корените на дипломатската служба со формирањето на Бирото за односи со странство. По стекнувањето на независноста во 1991 година, ова исто тело прерасна во Секретаријат за односи со странство, за три години подоцна, конечно да се трансформира во Министерство за надворешни работи.

притисни ентер