Владата донесе уредба за одложување на кредитите, сега на потег се банките

Владата синоќа ја донесе Уредбата со кој се овозможува одложување на ратите за кредитите, но таа нема да важи по автоматизам.

Сега на потег се банките. Уредбата предвидува можност банките ќе дадат понуда за одложување или грејс период на обврските, пролонгирање на подолг период, пониска камата или одобрување на нов, поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот.

Од македонската банкарска асоцијација информираа дека банките се подготвуваат да постапат согласно Уредбата.  Неофицијално, одложувањето на плаќањето на ратите кое ќе го понудат банките ќе биде за период од најмалку 3 до 6 месеци. Но, не е познато дали овие поволности ќе важат за сите граѓани и фирми; на колку месеци ќе може да го одложат плаќањето; или какви каматни стапки ќе им се понудат.

Според Уредбата, за граѓаните да не одат по шалтери - банките на своите веб страни ќе треба да ги објават поволностите кои ги нудат, авоедно граѓаните и фирмите ќе ги информираат  преку меил и писмено.

УРЕДБА

Банките и штедилниците на засегнатите граѓани и фирми ќе можат да им понудат повеќе поволности.

-одложување односно грејс-период за отплата на кредитите;

-пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период;

-пониска каматна стапка и сл.

Ова важи за сите кредитни производи:

-потрошувачки, станбени, хипотекарни, автомобилски кредити итн;

-кредитни картички;

-дозволено пречекорување (одобрен минус);

-кредити на фирмите.

Потоа - граѓаните откако ќе ја добијат понудата ако во рок од 10 дена не ја известат банката дека ја одбиваат понудата ќе се смета дека таа е прифатена. Додека за правните лица, односно фирмите, процедурата е поинаква. Тие имаат рок од 10 дена да ја известат банката дека ја прифаќаат понудата. Ако не го сторат тоа ќе се смета дека понудата е одбиена.

Во меѓувреме невладиниот сектор алармира дека на домашната економија и се заканува невидена криза од осамостојувањето на земјава. Апелираат власта итно да донесе мерки за поддршка на економијата. Предлагаат да се донесат мерки насочени кон зачувување на работните места и платите на работниците,ја поддржуваат предлог мерката – државата да ја исплати минимална плата, а даночните обврски да ги исплати газдата.

- Секое лице кое ќе ја изгуби својата работа поради кризата да добива месечен надомест од 6 до 9 месеци. Дополнително износот да се зголеми од предивдените 50 на 80% од просечната плата на работникот, во првите 3 месеци по губењето на работата. трета итна мерка, што ај предлегаат е итен и транспаретен ребаланс на буџетот.

Паметен, амбициозен и навремен одговор на економските власти може да ги намали штетите врз економијата и домаќинствата. Но, ако одговорот е задоцнет, недоволен и преплавен со идеолошки опортунизам, економската штета може да биде значајно поголема.  – порачуваат од Фајнанс тинк.

притисни ентер