Мистериозна организација испраќа дојави за бомби во авионите низ Европа: Со експлозии ќе го обоиме небото!
Апсења низ Европа поради проневерени 100 милиони евра- само во Австрија имало измама со возила за 80 милиони
1Мистериозна организација испраќа дојави за бомби во авионите низ Европа: Со експлозии ќе го обоиме небото!
2Апсења низ Европа поради проневерени 100 милиони евра- само во Австрија имало измама со возила за 80 милиони
Генијално момче направи роботско куче за 300 долари- самото лови топчиња и му ги враќа на сосптвеникот (ВИДЕО)
1Генијално момче направи роботско куче за 300 долари- самото лови топчиња и му ги враќа на сосптвеникот (ВИДЕО)
МакедонијаВладата донесе одлука: Полициски час од утре од 22 до 5 часотВладата донесе одлука, Македонија од утре до 22 март ќе биде со полициски час кој ќе започнува во 22 часот навечер и ќе трае до 5 часот наутро.На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник). Одлуката за забрана за движење не важи за патниците коишто доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници. За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење, како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден до друг граничен премин. Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштаат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето полициски час, при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна. Со заклучок на оваа седница на Владата, Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави соопштение со кое ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана за движење. Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и на оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање. Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи. За дополнителните исклучоци во однос на забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата, доколку има потреба ќе ги утврдува Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, во соработка со надлежните органи на државната управа. Со оваа одлука на Владата се опфатени и сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од африканскиот континент кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14 дневна домашна изолација (карантин). За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од африканскиот континент кои транзитираат низ територијата на Република Македонија, задолжително ќе биде потпишувањето на Изјава за транзитирање. Пред Клиниката за пулмологија е Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Кои се аргументите на Владата, зошто е прифатена препораката од Министерството за здравство? Во видеото погледнете го целиот извештај. За полицискиот час и состојбата во ковид центрите Мирјана Мирчевска Јовановиќ во вестите разговараше и со пулмологот д-р. Дејан Докиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаГенијално момче направи роботско куче за 300 долари- самото лови топчиња и му ги враќа на сосптвеникот (ВИДЕО)Креатор познат како Сектор 07 изградил целосно автономен робот наречен Fetch, кој самостојно наоѓа портокалова топка на подот, ја зграпчува со своите механички раце и ја враќа во подигната човечка рака.Креатор познат како Сектор 07 изградил целосно автономен робот наречен Fetch, кој самостојно наоѓа портокалова топка на подот, ја зграпчува со своите механички раце и ја враќа во подигната човечка рака, а цената на сите делови е само околу 300 долари. Машината го извршува целиот циклус на движење без никаква помош од корисникот, докажувајќи дека прецизно насочениот хардвер и насочените алгоритми можат да донесат напредно однесување со скромен буџет. Роботот го започнува своето движење со скенирање на просторот со камера. Кога ќе ја забележи топката, системот ги насочува своите тркала кон неа, протега две 3D печатени раце и ги затвора околу целта. Откако ќе го обезбеди пленот, се врти, ја бара силуетата на подигната човечка рака, се движи кон неа и ја испорачува топката. Одделни процесори за работа со слика и мотор Клучот за стабилно работење лежи во поделбата на компјутерските задачи на новата развојна плоча Arduino UNO Q. Еден процесор е одговорен за работењето на оперативниот систем Linux и за тешката обработка на видео сигналите од камерата, додека посебен микроконтролер ги контролира електричните мотори и серво механизмите во реално време и без одложување. Шасијата на возилото е изработена со 3D печатење, така што деловите се склопуваат со вклопување со минимум завртки. Компјутерскиот систем за визија е исклучително економичен и е обучен врз основа на само 400 фотографии преку платформата Edge Impulse и алгоритмот YOLO-Pro. Моделот е обучен да препознава само два објекти: портокалова топка и човечка рака, што овозможува моментално претворање на сликата во команди за движење. За да се направи роботското куче поинтересно за набљудувачите, момчето му додаде преден екран со анимирани очи, подвижни уши и претходно снимени гласовни пораки креирани со користење на услугата ElevenLabs. Авторот ја објави целата документација, 3D моделите и програмскиот код целосно бесплатно на платформата Arduino Project Hub, обезбедувајќи ѝ на заедницата готова основа за понатамошен развој на прифатлива домашна роботика.Тагови: момче роботско куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМистериозна организација испраќа дојави за бомби во авионите низ Европа: Со експлозии ќе го обоиме небото! Првите информации за е-пораките во кои се известува дека експлозивни направи има во авионите на италијанските аеродроми ќе бидат проследени до надлежните обвинителства, кои потоа ќе отворат истраги. Случајот го водат аеродромската полиција и одделот за високотехнолошки криминал, пренесува ANSA. Засега не е исклучено овие закани да се поврзани со пораки што биле испратени во изминатите неколку дена до други авиокомпании, како и до околу 280 училишта, во кои исто така биле објавени експлозивни направи. Е-поштата примена утрово наводно е потпишана „Борци на машката држава“. "Metteremo una bomba sugli aerei": è questo, secondo quanto riferito all'AGI dal viceprefetto di Varese Niccolò Cescon, il contenuto della mail scritta in italiano e anonima inviata a "un ufficio pubblico dello scalo di Malpensa" che ha fatto scattare le procedure di sicurezza nell'aeroporto intitolato a Silvio Berlusconi. "Abbiamo preso la minaccia con la massima serietà anche alla luce del quadro generale - spiega Cescon - anche se fin dal principio si è ritenuto che fosse una fake news. Gli operatori di polizia hanno avvertito gli equipaggi dei tre voli da Salonicco, Bucarest e Porto e i passeggeri sono stati fatti sbarcare fino al termine della verifica che è stata svolta in una pista 'sicura'. L'aeroporto mantiene la piena operatività". Cosa sappiamo ➡️ https://t.co/UBPVcMgtX5 — Sky tg24 (@SkyTG24) November 5, 2026 Според информации од истражни извори, извештаите за бомби на летовите Хелсинки-Рим и Даблин-Рим потекнуваат од анонимен е-мејл. Пораката, напишана на италијански јазик, пристигнала рано наутро на адресите на Аеропорти ди Рома (ADR) и други компании што работат на аеродромот во Рим. Насловот гласел „Известување за закана“, а во остатокот од текстот наводно се наведува дека нивна цел бил „феминистичкиот режим“, додека нагласуваат дека сакаат да „остават белег во историјата“ и се закануваат дека „ќе го обојат небото црвено со експлозии“. Анонимен имејл на италијански јазик стигнал и до една од канцелариите на аеродромот Малпенса, каде што било објавено дека експлозивни направи има во два авиона што слетале во Милано. Станува збор за авион на „Егејска ерлајнс“ што полетал од Солун и авион на „Рајанер“ што полетал од Порто. Според информациите што ги доби ANSA од истражни извори, во пораката се наведени броевите на двата лета, авиокомпаниите, градовите на поаѓање и времето на слетување на Малпенса. Истражителите се сомневаат дека зад лажните извештаи може да стои координирана акција низ Европа. Затоа, активирани се меѓународни канали за соработка за да се утврди преку кои сервери се испратени имејлите и да се откријат IP адреси што би можеле да помогнат во идентификувањето на одговорните. Според сегашните сознанија, пораките можеби биле испратени од компромитирани сметки или преку анонимни услуги за е-пошта, како што е „Протон меил“.Тагови: авионите Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаАстронаутите повторно во вселенска прошетка- Кутрик излезе прв, зад него Менон (ВИДЕО)Астронаутот на НАСА, Анил Менон, и астронаутот на Канадската вселенска агенција (CSA), Џошуа Кутрик, се на уште една вселенска прошетка.Тие добија дозвола да ја напуштат Меѓународната вселенска станица (ISS) утрово, а за време на оваа мисија се очекува да ја завршат инсталацијата на соларниот панел iROSA. Вселенската прошетка може да се гледа на YouTube каналот на НАСА: Прошетката започна во 14:45 часот по средноевропско време, а самото емитување започна во 13:00 часот. Кутрик прв отиде во вселената, а потоа Менон. Двајцата астронаути ја извршија првата од двете вселенски прошетки за инсталирање на соларниот панел iROSA на 29 октомври.Тагови: астронаути вселенска прошетка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00