Владата апелира да не се шпекулира околу цената на нафтените деривати - Канал 5

Владата апелира да не се шпекулира околу цената на нафтените деривати

Министерката за финансии смирува – нема потреба од паника кај граѓаните за недостиг на бензин.

Владата апелира да не се шпекулира околу цената на нафтените деривати

Министерката за финансии смирува – нема потреба од паника кај граѓаните за недостиг на бензин, ниту една нафтена компанија во земјава не пријавила дека има проблем со своите залихи а пазарните инспектори досега не регистрирале злоупотреби кај бензинските пумпи низ државава. Сепак Димитриеска Кочоска потенцира дека алармот за прогласување на евентуална кризна состојба треба да го вклучи РКЕ како надлежно и независно тело за цените на нафтата.

-Во секоја ваква ситуација поединци секогаш се трудат да остварат профит. Апсолутно нема никаков проблем и нема потреба граѓаните да чувствуваат одредена паника затоа што нема да има нафта, не е така. Апсолутно состојбата е во ред, ние ја следиме. Ова е надлежност на Министерството за енергетика, по она што го слушнав, во понеделник, РКЕ која е надлежна за цените ќе се состане, на крајот од денот тие одлучуваат а тие се независен орган-- Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии.

Министерката нагласува дека состојбата будно се следи и доколку дојде до кризна состојба, според Законот за акцизи треба автоматски да се активираат стабилизатори на цените. Од друга страна, поранешниот вицепремиер за економски прашања од редовите на СДСМ – Фатмир Битиќи ја обвинува Владата за вештачко смирување на ситуацијата, и смета дека пикот на цените наскоро ќе се почуствува и кај нас.

-Нема да ни се случи, ако не потрае неколку месеци војната, не знаете колку ќе потрае, ако за брзо се смени, нема да имаме најверојатно недостаток на овие енергенси но цената не сме ние тие кои ја одредуваат. Граѓаните и стопанството ќе плаќаат многу повисока цена а тоа ќе направи притисок и на крајните производи--Фатмир Битиќи поранешен вицепремиер за економски прашања.

Следната недела од ресорното министерство ги најавуваат податоците за инфлаторните движења кои ќе покажат како војната на Блискиот исток се одразува врз македонската економија, но се уште е премногу рано да се зборува за зголемување на инфлацијата, констатира Димитриеска Кочоска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Пожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад.

Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач ​​утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс.

Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух.

Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач ​​на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на полицијата за унапредување на безбедноста на граѓаните

Денеска (13.09.2026), полициски службеници од СВР Тетово и СВР Битола спроведоа превентивни активности насочени кон подигнување на свеста кај граѓаните за одговорно однесување и почитување на безбедносните правила.

Превентивни активности на полицијата за унапредување на безбедноста на граѓаните

Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово, на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, на наплатните рампи Желино и Тетово, спроведоа превентивна активност под мотото „Стави појас – вози одговорно“.

Преку делење едукативни летоци, возачите и сопатниците беа потсетени дека користењето на сигурносниот појас е пред сè за нивна лична безбедност и значително влијае врз последиците од евентуални сообраќајни незгоди. Воедно, беа информирани и за прекршочните одредби со кои се предвидува санкционирање за некористење сигурносен појас.

Во исто време, полициски службеници од СВР Битола, во содејство со Шумската полиција, спроведоа превентивни активности на подрачјето на Општина Могила и во селата Будаково, Трап и Ношпал, насочени кон превенција и заштита од пожари.

На граѓаните им беше укажано на опасностите од несовесно однесување и предизвикување пожари, како и на потребата од зголемена внимателност при престој во шумски и земјоделски подрачја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер