Влада: Во реставрацијата и санацијата на автентичниот лик на Стара Чаршија се запазени сите процедури за заштита на автентичноста

„Во реставрацијата и санацијата на автентичниот лик на Стара Чаршија се запазени сите процедури за заштита на автентичноста според програмата на Националниот Совет за ревитализација на чаршијата како културно наследство од особено значење“.

Во рамките на проектот за Локална и регионална конкурентност (ПЛРК), Општина Чаир аплицираше со под-проектот „Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир".

Сите активности на под-проектот предвидуваат клучни инвестиции во масовна туристичка дестинација со цел зголемување на привлечноста на Старата Чаршија и нејзино промовирање како главна туристичка дестинација во градот за потребите на туристите.

Под-проектот предвидува санација на калдрмата на еден дел од главната улица Битпазарска како и конзервација, реставрација и санација на повеќе дуќани кои го нарушуваат автентичниот лик на Стара Чаршија која со закон е прогласена како културно наследство од особено значење „Службен Весник на Република Северна Македонија" бр. 130/08.

Една од главните активности на проектот е и реновирање на 39 дуќани лоцирани во Стара Чаршија. Општина Чаир предложи замена на старите излози со нови излози што би го вратиле автентичниот изглед на чаршијата. Фактичката состојба не е поволна затоа што фасадата и излозите на голем број дуќани во туристичката дестинација се дотраени или заменети со излози од ПВЦ материјал или алуминиум. Овие користени материјали ја девалвираат вредноста на автентичната структура на Стара Чаршија и ја менуваат планираната содржина и изглед на чаршијата.

Санација на калдрма - со текот на времето настанати се оштетувања на калдрмата на улицата. Оштетувањата се настанати од повеќе фактори: метеоролошки влијанија, моторен сообраќај, недоволен капацитет на каменот и парцијални ископувања на улиците. За таа цел проектот предвидува санација на калдрмата во главната улица (во должина од 200м или вкупно 2240м2). Сите градежни материјали кои се користат за реконструкцијата на излозите на дуќаните и калдрмата во споменичка целина: „Стара Скопска Чаршија" се автентични и одобрени од стручни лица од НУ Конзерваторски Центар – Скопје и Управата за заштита на културно наследство.

Законот за Прогласување на Стара Скопска чаршија за културно наследство од особено значење („Службен Весник на Република Македонија" бр. 130/08) ги уредува клучните аспекти на заштита на споменичката целина и врши идентификација на односното добро, во поглед на неговиот назив, категорија и режим на заштита, и др.

Поради овие причини Владата на Република Македонија формираше Национален Совет за ревитализација на Стара чаршија кој изготви и Програма за ревитализација на Стара Скопска Чаршија (ССЧ) која содржи идентификација на сегашна состојба и насоки и мерки за ревитализација на Старата Скопска Чаршија.

Една од главните констатации на постојната состојба на Стара Чаршија (стр. 33 од Програмата за ревитализација на Стара Чаршија) точка 1.1.4, сопствениците нестручно интервенираат во екстериерите, ентериерите и во употребата на градежните материјали во објектите и на овој начин го нарушуваат автентичниот изглед на Чаршијата.

Донесувањето на Законот за прогласување на Старата Скопска Чаршија за културно наследство во 2008 година претставува вистински чекор и израз на оперативна намера за промена на состојбата во позитивна насока и е од особено значење. Донесувањето на Програмата за ревитализација произлегува од овој закон и треба да претставува документ што треба да ги поттикне активностите во таа насока.

Министерството за култура на Република Македонија и Управата за заштита на културно наследство (УЗКН) се одговорни за заштита на неподвижното и движното културно наследство во Република Северна Македонија. Управата за заштита на културно наследство и Национална Установа Конзерваторски Центар – Скопје соработуваат во врска со конзервација и развој на културно наследство, како на пр. надлежност да постапат законски, да изведуваат и да вршат функции во врска со конзервација и пристап до културното наследство.

Во согласност со Законот за заштита на Стара Чаршија, член 9, Националната установа - Конзерваторски центар - Скопје е одговорна за преземање на заштитно конзерваторски мерки за секоја активност во Старата Скопска Чаршија. Управа за заштита на културно наследство издава одобрение врз основа на претходно издадени конзерваторски услови од страна на Национална установа Конзерваторски центар - Скопје како дел на техничка документација. Конзерваторските услови содржат текстуална, графички и документарна презентација на заштитените подрачја и обезбедуваат релевантни информации за планирање и регулирање на заштитеното културно подрачје.

За потребите на проектот поднесен од Општина Чаир до Локална и регионална конкурентност (ПЛРК) Конзерваторски Центар – Скопје, изготви конзерваторски услови посебно за секој дуќан и за калдрмата. Врз основа на конзерваторските услови изработен е Основен проект за конзервација и реставрација на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија и калдрмата од Општина Чаир, за секој објект поединечно. На истите е извршена стручна контрола од надлежната установа НУ Конзерваторски центар - Скопје. Општина Чаир до Управата достави барање за добивање на Конзерваторско одобрение за конзервација и реставрација на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија, за секој објект поединечно. Врз основа утврдената фактичка состојба по увидот во доставената документација, основниот проект и извештајот за извршена стручна контрола, за исполнетоста на условите, согласно член 87 од Законот за заштита на културното наследство Управата издаде Конзерваторски одобренија за изведување на работите на непосредна заштита на излозите ви Старата скопска чаршија

Управата за заштита на културно наследство по службена должност достави Барање до Национална установа - Конзерваторски центар - Скопје надлежната установа за заштита на културно наследство за определување на Заштитно конзерваторски услови за секој од понудените дуќани и за дел од калдрмата на улица Битпазарска.

НУ Конзерваторски центар - Скопје излезе на терен да ја сними постојната (фактичка) состојба и врз база на условите што се пропишани во согласност со Законот за заштита на културното наследство за Старата скопска чаршија определи Заштитно конзерваторски услови за 39 дуќани и за наведената делница на калдрмата што ги достави до УЗКН.

Управата по добиените мислења за конзерваторски услови за овие дуќани донесува решение за заштитно конзерваторски услови за секој поединечен објект и го достави до општината. Општина Чаир на овој начин се стекна со право да ја продолжи постапката која подразбира по добиеното Решение за заштитно конзерваторски услови да изработи проект. На изработениот проект, Конзерваторски центар - Скопје изработи Извештај од стручна контрола на проектот, а УЗКН издаде Конзерваторско одобрение за секој дуќан и за калдрмата.

Имајќи го предвид погоренаведеното, ве информираме дека се запазени сите процедури за заштита на автентичноста на Старата Скопска Чаршија и градежната активност која се финансира преку Проектот за локална и регионална конкурентност се одвива во согласност со позитивните правни норми за зачувување на автентичноста на Старата Скопска Чаршија, стои во соопштението од Влада на РМ.

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер