Влада: Усвоен е Националниот план за КОВИД-19 вакцинација

Владата на денешната 41-ва редовна седница го разгледа и го прифати Националниот план за КОВИД-19 вакцинација во Македонија .

Владата на денешната 41-ва редовна седница го разгледа и го прифати Националниот план за КОВИД-19 вакцинација во Македонија и го задолжи Министерството за здравство и другите надлежни институции да го имплементираат и да доставуваат редовни месечни извештаи за остварениот напредок.

Вакцинацијата во државата ќе се спроведува во три фази во кои се опфатени различни категории граѓани. Фазите ќе бидат во согласност со првичните количини на достапни вакцини и ризичните приоритетни групи за вакцинација. Три главни групи се приоритетни, со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура.

За спроведување на вакцинацијата ќе се користи постоечката здравствена инфраструктура и стручниот кадар кој досега ги спроведува вакцинациите во државата. Организацијата на системот ќе биде адаптирана согласно условите и во моментот кога ќе има поголем број на вакцини, вакцинацијата ќе се спроведува во поширок опсег со можност за вклучување на повеќе вакцинални тимови и отворање на пунктови.

Националниот план опфаќа и безбедна и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата.

На оваа седница Владата ја донесе и Програмата за економски реформи 2021 - 2023 година, која како обврска е и дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес, а министерот за финансии е задолжен да ја достави до Европската комисија до 31-ви јануари 2021 година.

Програмата за економски реформи содржи макроекономски проекции, план на Буџетот за наредни три години, 15 до 20 структурни реформи кои најмногу влијаат на економскиот раст како што се реформа на пазарот на енергија и транспорт, развој на земјоделскиот сектор, подобрување на деловното окружување и намалување на сивата економија, поддршка на истражување, развој и дигитална трансформација, регионално економско поврзување, образование и вештини, социјална заштита и инклузија, како и здравствена заштита.

На денешната седница на Владата се донесени дополнителни одлуки за одобрување средства од Буџетот за 2021 година во износ од 40.000.000 денари на Општина Дојран, за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Езеро и 40.000.000 денари на Општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанско Езеро.

Членовите на Владата на денешната седница ја одобрија Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 година на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), која во делот на инвестициите оваа година има буџет повисок за 4.000.000.000 денари во однос на минатата година.

На оваа седница Владата го утврди текстот на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, со кој, меѓу другото, се врши усогласување со законодавството на Европската унија во насока на обезбедување механизми и услови за одржување високо ниво на безбедност и стабилност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата и во ЕУ, преку сигурни и транспарентни механизми кои се засноваат на солидарност помеѓу земјите-членки.

Освен усогласувањето со европската директива, со предложените измени се врши усогласување и со домашната легислатива како неопходен услов за ефикасна и непречена имплементација на прописите во пракса.

Владата денеска ја усвои Информацијата за реализација на мерките од Акцискиот план за железница од Договорот за основање на транспортната заедница која произлезе од третиот Министерски совет на транспортната заедница, на кој министрите за транспорт на земјите од Западен Балкан ги одобрија акциските планови кои ја забрзуваат реформата на железничкиот пазар на регионално ниво.

Акцискиот план за железници се состои од шест активности и вкупно 22 мерки кои се однесуваат на отворање на пазарот на железница, на правата на патниците, на управувањето, на интероперабилноста, на подобрување на операциите на граничните премин и на модернизација на инфраструктурата на железничката мрежа.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребите на оперативната работна група во процесот на Кодификација на правото и правниот поредок на Македонија која треба да пристапи кон хармонизација на правните прописи кои се дел од правниот поредок на државата која има за цел да ја изрази стабилноста и релативната непроменливост на нормите со кои се регулираат граѓанско-правните односи, совесност и чесност, справедливост, забрана на злоупотреба на субјективните права, еднаквост, автономност со зајакнување на начелата на правна сигурност.

На денешната седница Владата ги прифати предлог решенијата на владината Комисија за именувања и ги донесе следните одлуки:

1. Александар Цуцулоски, да го отповика од должноста вршител на должноста член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

2. Мухамед Љамалари, да го избере за член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

3. Владата заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Македонија" во државна сопственост – Скопје да го разреши од должноста член на Управниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Македонија" во државна сопственост – Скопје Драги Цветковски, а за нов член на Управниот одбор да го избере Нуредин Фетаи.

4. Врз основа на член 49 став 4 од Законот зa Народната банка („Службен весник на Република Македонија" бр.158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018), Владата заклучи да му предложи на Собранието за неизвршни членови на Советот на Народната банка , со мандат од седум години да ги именува:

- Борче Треновски

- Никола Поповски и

- Марјан Петрески

5. Исни Јакупи да го именува за директор на Управата за водостопанство, орган во состав на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

6. Татијана Лалчевска да ја именува за директор на ЈП Службен весник на Македонија.

7. Наташа Јанковска да ја разреши од должноста член на Советот за стручно образование и обука, претставник од Министерството за образование и наука, на нејзино барање.

8. Снежана Костовска Фрчковска да ја именува за член на Советот за стручно образование и обука, претставник од Министерството за образование и наука.

9. За членови на Училишниот одбор – претставници на основачот на Државното средно училиште - Регионален центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде" Тетово, да ги именува:

- Арбен Несими

- Горан Савески и

- Душко Коцески

10. Од должноста членови на Училишниот одбор – претставници на основачот на Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов" - Скопје, да ги разреши Славче Ивчевски и Елена Стефановска, а за членови да ги именува:

- Елена Стефановска

- Симона Јовевска и

- Натали Папакоч

11. Владата заклучи на Славчо Ѓоргиоски, Влатко Јовановски и Кристијан Талески да им утврди престанок на мандатот како членови на Управниот одбор - претставници на основачот на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп.

12. Владата на Северна Македонија заклучи на Миле Велкоски, Николина Недеска и Кире Северкоски да им утврди престанок на мандатот, членови на Управниот одбор- претставници на основачот на ЈЗУ Општа болница Прилеп.

13. Миле Велковски, Кристијан Талески и Николина Недеска да ги именува за членови на Управниот одбор – претставници на основачот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.

14. Владата се информираше за оставката од Даниел Димевски од должноста претседател на Комисијата за евалуација на предлог - листата на спортски ваучери и врз основа на член 14-г став 9 од Законот за спорт, на органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот за формирање на Централна комисија за евалуација на предлог - листата, за период од четири години (Агенција за млади и спорт), Владата ги предложи: за претседател Огнен Стојановски и за членови: Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Нијази Елмазов, Дриљон Леши, Иван Миноски и Бејтула Емини.

15. Ивана Костовска, да ја разреши од должноста член на Управниот одбор - претставник на основачот на ЈЗУ Здравствен дом „д-р Иван Георгиев"– Пехчево на нејзино барање, а за член на Управниот одбор да го именува Петар Цветковски.

16. Славе Јорданов да го разреши од должноста член на Управниот одбор – претставник на основачот на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес на негово барање, а за член на Управниот одбор да го именува Марјан Габеров.

17. Јане Андовски да го разреши од должноста член на Управниот одбор на ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип - стручeн работник од центарот за социјална работа, поради постоење на состојба на судир на интереси на негово барање, а за член на Управниот одбор да ја именува Снежана Петрушев.

18. Александар Костадинов, да го разреши од должноста член на Орган за надзор на ЈУ Центар за социјална работа Виница на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси, а за член на Органот за надзор да ја именува Ленка Павлова.

19. Арјан Даци, да го разреши од должноста член на Управниот одбор - претставник на основачот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат - максилофацијална хирургија – „Академик Илија Васков" поради постоење на состојба на судир на интереси, а за член на УО да го именува Шкељким Селими.

20. Шкодране Дарлишта да ја разреши од должноста вд директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на ЈЗУ универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје поради постоење состојба на судир на интереси.

21. Амар Даут да го именува за вд директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на ЈЗУ универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје.

22. Љупчо Павловски да го разреши од должноста член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта на негово барање.

23. Стојанче Манев да го именува за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.

24. Даут Хајрулахи да го разреши од должноста член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.

25. Илир Селмани да го именува за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.

26. Билјана Симонова - Тасева да ја разреши од должноста член на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о. на нејзино барање поради постоење на состојба на судир на интереси, и

27. За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Велес да го именува: Александар Јаковлевски.

Естонија забрани руски симболи на Денот на победата, 9 мај

Естонската полиција забрани јавни собири со употреба на забранети симболи или изрази на поддршка за Руската Федерација на 9 мај, кога Русија го слави Денот на победата во Втората светска војна.

Според естонскиот јавен сервис ЕПП, полицијата нема да регистрира јавни собири доколку има причина да се верува дека на собирот ќе бидат истакнати руски симболи и на тој начин ќе поттикнат конфликти.

„Полицијата не забранува комеморација на загинатите, но поддршката за агресија е забранета. Затоа се забранети јавни собири, маршеви и други собири на луѓе кои користат забранети симболи или изразуваат поддршка за воените злосторства на Русија“, рече шефот на полицискиот оддел на градот Нарва, Индрек Пуви.

На 9 мај полицијата ќе биде присутна на воените гробишта во Талин, а припадниците на безбедносните сили на главниот град на Естонија порачаа дека комеморацијата за жртвите треба „да се одвива мирно, достоинствено и со почит“.

Тие ги повикаа граѓаните да не носат знамиња или симболи кои укажуваат на поддршка за Руската Федерација.

Министерството за државна безбедност (ДСБ) на Литванија не ја исклучува можноста за провокации од страна на Руската Федерација на 9 мај во таа земја, а латвиската полиција најави дека ќе биде подготвена за немири, пренесува European Justice.

Молдавија предупреди дека лицата кои носат грузиска лента или знаците „З“ и „В“, руски симболи за време на војната во Украина, на 9 мај ќе бидат казнети.

Хрватска доби нова влада- се договорија ХДЗ и „Домовински покрет“

Денеска продолжија преговорите меѓу ХДЗ и Домовински покрет (ДП) за составот на хрватската влада, а завршија со договор.

На средбата на преговарачките тимови на Хрватската демократска заедница и на Домовински покрет е постигнат договор за формирање на ново парламентарно мнозинство, како и за структурата на идната влада, потврди владиниот портпарол Марко Милиќ.

Во просториите на Домовински покрет за медиумите изјави Иван Пенава, претседателот на Домовински покрет.

„Постигнавме договор за парламентарното мнозинство и за формирање на идната влада. Договорот се базира на ДП, ХДЗ, малцинствата и партнерите. Што се однесува до ресорите кои се втор чекор за нас по формирањето на мнозинството, ние сме зборувајќи за три клучни ресори“, рече Иван Пенава.

„Се договоривме за Министерството за демографија и имиграција, Министерството за земјоделство. Сигурни сме дека ќе успееме да го доведеме овој проблем на задоволително ново ниво преку јасни бројки за зголемувањето на производството. Третиот оддел со кој управувавме е Министерството за економија“, рече тој и додаде:

„Договорена е и квота што ќе се применува преку други владини структури. Првиот чекор е собирање потписи за формирање парламентарно мнозинство. Договорот е да поддржиме кандидат за премиер од редовите на ХДЗ, додека ДП ќе има потпретседател на парламентот“, рече тој.

„Договоривме двајца вицепремиери, сè уште не го дефиниравме државниот секретар, но зборуваме за 9, 10, 11, 12 луѓе. Ќе можеме да разговараме за деталите кога ќе навлеземе подлабоко во архитектурата на самата влада во однос на бројот на министерства и сл.“.

Пенава потврди дека ќе остане градоначалник на Вуковар, барем до крајот на мандатот.

„Зборуваме за другите, за никого не можам ништо да гарантирам или потврдам. Сето тоа е уште во фаза на договор. Подоцна ќе го имаме Претседателството во живо, ја завршивме телефонската седница. Имињата ќе дојдат наскоро. Ќе се обидеме да имаме неколку кандидати за сите позиции, добро ги филтрираме...“

Ескобар: Без разлика на изборите во Македонија, се надевам дека патот кон Европа ќе продолжи

Уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во Македонија, патот кон Европа ќе продолжи, изјави денес претставникот на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар, на онлајн брифинг со новинарите.

Денес се гласа за избор на претседател и нова влада на Македонија, објави VOA.

Ескобар најави дека овој месец заминува од позицијата заменик-помошник секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан.

„Една од работите што сме многу среќни што ја постигнавме е тоа што неколку земји од Западен Балкан се солидно на патот кон евроатлантската интеграција, особено оние членки на НАТО - Албанија, Македонија и Црна Гора, кои се целосно ангажирани на целиот процес на пристапување во Европската Унија. Уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во Македонија патот кон Европа ќе продолжи “, рече Ескобар.

Дополнително, Ескобар вели дека би сакал да бил направен поголем напредок во европскиот процес на трите членки на НАТО.

„Сè уште се надевам дека сите три ќе се движат многу брзо, кога ќе се решат некои од нивните внатрешни прашања. Но, Црна Гора, навистина верувам дека тие ќе бидат следни, тие ќе бидат следна членка на Европската Унија“.

На новинарско прашање за Русија и за нејзините врски со Србија, Ескобар рече:

„Мојот аргумент отсекогаш беше дека би било грешка да се гледа на Русија како причина за проблемите на Балканот. Русија ги користи проблемите на Балканот, но проблемите се оние кои постојат во последните 25 години. И со решавање на проблемите мислам дека ги затвораме можностите за Русија да прави штета во регионот, но ќе се обидат. Тоа е дефинитивно случај“.

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг неделава е во посета на Европа, прва во изминативе пет години. Тој вчера беше во Франција, а вчера вечерта отпатува во Србија. Утре ќе оди во Унгарија. Потоа се очекува средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Новинар на брифингот праша дали верува дека агендата на кинескиот претседател на Западен Балкан е бенигна, и дали треба да постои загриженост оти тој се обидува да изгради нови пријатели во регионот, што ќе застанат против поголема европска интеграција.

„Мислам дека земјите што тој ги избра се оние кои се отворени да го оспорат единството на евроатлантската заедница. И затоа ги предупредуваме сите наши партнери и сите наши соговорници да бидат многу свесни за агендата на Кина во Европа и за агендата на Кина во однос на евроатлантската заедница“, одговори Ескобар.

На крајот на брифинот, кој е последен за Ескобар на оваа функција, тој ги адресираше наводите оти бил отпуштен од работа за наводни сомнителни врски со српската влада.

Магазинот Фронтлајнер (The Frontliner) неодамна објави напис, во кој, меѓу другото, пишува дека „ се појавија наводи дека дејствијата на Ескобар на Косово се пристрасни и потенцијално компромитирани, со оглед на пријавените финансиски врски меѓу неговата сопруга и Министерството за надворешни работи на Србија“.

„Пред да заминам, знаете, сакам да се осврнам на една работа за која добивме многу прашања, а тоа е за неоснованите дезинформации што беа произведени во текот на викендов од наводен новинар кој рече дека, знаете, ме отпуштаат поради матни врски со српската влада. Затоа, сакам директно да кажам дека сè во тој извештај е лага“.

Ескобар нагласи дека „ како прво, не ме отпуштаат и сите во Стејт департментот го потврдија тоа. Второ, мојата сопруга не добива пари од ниту една федерална странска влада. Мојата сопруга во секоја амбасада што служевме - во Боливија, Португалија, Италија, па дури и Србија, беше горд поборник за врски меѓу луѓето. Но таа го прави тоа без никаква исплата и без никаков договор. Таа ќе продолжи да го прави тоа“.

Ескобар објасни дека нема никаква врска со адвокатска фирма во Тексас и оти секој професионален новинар тоа може да го провери.

Стејт департментот, претходно за Гласот на Америка, соопшти дека е лажна вест оти специјалниот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар бил разрешен од неговата функција.

притисни ентер