25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци
125 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци
МакедонијаВлада : Се одобрува кредит за Југохром за набавка на филтри против загадувањеНа 104 седница на Владата е решено да се зголемат средствата за втор повик за купени печки на пелети. Усвоен моделот за реформа на УБК, Предлог-Законот за измени на Законот за судови оди на Венецијанска комисија .На денешната, 104 седница, Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлог моделот за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија, со план за негово воспоставување. На седницата Владата на РМ го задолжи Министерството за внатрешни работи во соработка со надлежните органи на државната управа и други институции да ги координира сите активности кои произлегуваат од реформата на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија. На оваа седница, Владата го усвои Предлог-Законот за данокот на личен доход како дел од даночната реформа за воведување на праведен данок и пензиската реформа за обезбедување на стабилен пензиски систем, со одлука предлог-законот да биде испратен на усвојување во Собранието на РМ. Владата денеска одобри Министерството за правда да го достави Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за судовите до Венецијанската комисија од која се очекува да даде мислење за предложените измени и дополнувања. Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на Дом на спортови, и го задолжи Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, во заедничка корелација со Агенцијата за млади и спорт, да обезбеди координација и административна поддршка за целосна реализација на предметниот проект и да ја информира Влада на Република Македонија за реализација на проектот во рок од шест месеци. На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од спроведување на повеќегодишна јавна набавка за избор на независка ревизорска куќа, за потребите на проектот „Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на коридор VIII, фаза 1 - делница Куманово – Бељаковце“, финансиран по пат на заем од Европската банка за обнова и развој, како и Информацијата за потреба од доставување на Апликација за инвестициски грант за изградба на заеднички железнички граничен премин со придружни содржини „Табановце“ помеѓу Република Македонија и Република Србија. На денешната седница министрите во Владата на РМ ја разгледаа и усвоија Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка за оформување на хибридна мултифункционална операциона сала со изведување на потребните градежни работи и набавка на потребната медицинска опрема за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија, Скопје. На оваа своја седница, Владата донесе негативно мислење за Предлог- закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година, кој беше доставен од група пратеници во Собрание на Република Македонија На предлог на Агенција за промоција и поддршка на туризмот Владата ја разгледа Информацијата за основање на туристичка развојна зона-Матка, општина Сарај, и го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да организира состанок со Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општина Сарај и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со цел да се интензивира постапката за основање на туристичка развојна зона во општина Сарај. На денешната седница Владата на РМ ги зголеми средствата за поддршка на трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата од 14.000.000, на 21.000.000 денари, и го задолжи Министеството за економија да објави втор Јавен оглас каде право на аплицирање ќе имаaт сите домаќинства кои купувале печки на пелети во периодот од 1 септември до 12 декември 2018 година. Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за статусот и активностите за проектот „Western Balkans Trade and Transport facilitation” предложен од Светска Банка, кој се состои од серија посебни, главно инфраструктурни царински проекти за економска интеграција на земјите од регионот. Владата на Република Македонија на денешната седница ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со Друштвото за производство, трговија и услуги ЈУГОХРОМ АЛЗАР ДООЕЛ увоз-извоз Јегуновце од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) на износ од 92.242.500 денари за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување, со што ќе се овозможи фабриката да продолжи да работи и да се ангажираат вработените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото ЉубанциУтринава цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци, а во 12 часот, одбележување ќе има и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана. Претседател на одборот на бранители Марин Најдов вели дека 25 години бранителите беа омаловажувани и партиски манипулирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски БачилаДенес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили. Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили. Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации. Вечна им слава на бранителите!- напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисВидео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на ЈадранотНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот турнир од серијата „Мастерс 1000 “ во Синсинати, за кој се подготвува на вообичаената локација.Како и секоја година, Ѓоковиќ поголем дел од летните месеци го минува во Црна Гора, а така е и сега. Неколку дена пред настапот на турнирот од серијата „Мастерс“ во САД, најуспешниот гренд-слем шампион во историјата се подготвува на брегот на Јадранското Море. Откако во саботата уживаше на концертот на Владо Георгиев, во неделата е снимен како тренира во Портонови, во Бока Которска. Finally Novak is back to the court practice🎾 When the 23, 25 years old youngsters are all "injured" and rest🤨🙄 Our 39 years old father is still hard training in the hot and humid weather in 🇲🇪 #Djokovic #GOAT pic.twitter.com/YEJIUlylTv — NovakAnalysis (@NovakAnalysis) August 10, 2026 Мастерс-турнирот во Синсинати започнува во сабота, а по повлекувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Александар Зверев. Ѓоковиќ трипати победил во Синсинати, последен пат во 2023 година.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05