Касемиро беше дриблан осум пати на мечот со Кристал Палас - ова е сезонски антирекорд

Исусниот ас на Манчестер Јунајтед, Бразилецот, Касемиро имаше проблем да ги запре играчите на Кристал Палас синоќа во натпреварот од 36. коло на Премиер лигата. 

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед кој играше во центарот на одбраната беше дриблан осум. Ова е најлошата цифра во актуелниот шампионат на Англија.

Натпреварот Манчестер јунајтед го загуби со 4:0, а тренерот Ерик тен Хаг настапот на Бразилецот го оцени како тој да бил „отсутен“.

Англискиот фудбалски аналитичар и поранешен играч на Ливерпул, Џејми Карагер му порача на Касемиро да си бара нова клупска средина.

- Касемиро, како искусен фудбалер, мора да разбере дека му преостануваат уште три натпревари на највисоко ниво - два првенствени натпревари и финалето на ФА Купот. Потоа да си бара клуб во американската МЛС или во Саудиска Арабија. Тој вчера сепак играше против Кристал Палас, а не Сити или Реал Мадрид. Сериозен сум. Неговиот агент и придружбата мора да му кажат, доста е.

По вчерашниот пораз Манчестер јунајтед се наоѓа на 8.место во Премиер лигата со 54 бодови.

Таткото на Норис: После 900 трки стигнавме до победа во Ф1

 После 900 трки стигнавме до победа во Ф1, следен предизвик за Ландо е да стане светски шампион.

Таткото на Ландо Норис, британскиот бизнисмен Адам Норис зборуваше за целите на неговиот син, откако возачот на Мекларен, викендот во Мајами ја оствари првата победа во Формула 1 шампионатот.

- Ова го чекавме долго време. По 110 Гран при, и околу 900 трки во последните 16 години, стигнавме до победа на трка во Формула 1. Поминавме низ многу и интересно е да се разбере колку време другите родители вложиле во поддршка. Избројав 350 викенди на пат, плус други трки за тие викенди, но тоа е неверојатно, ми се допаѓа. Многу сум среќен за него. Ова бара многу откажувања од приватниот живот. Во одреден момент се прашувате „Дали некогаш ќе стигнам во Формула 1? Кога ќе стигнете до Формула 1, мислите: „Дали некогаш ќе победам на трка? Ова е одлично, неверојатно. Но, сега има уште една цел. Да се стане светски шампион, изјави Адам Норис во интервју за „Sky Sports“.

Ландо Норис во моментов е на 4.место во поредокот во Формула 1 шампионатот со 83 освоени бодови. Лидер е актуелниот светски шрвак Макс Верстапен со 136 бода.

Затворен Босфорскиот теснец, се насука товарен брод од Украина

 Босфорскиот теснец, кој го поврзува Црното Море со Средоземното Море, е затворен за бродови откако товарен брод од Украина се насука, соопштија турските власти за ДПА.

„Брод по име Алексис превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Се случи дефект на моторот во близина на излезот од пловниот пат“, изјави за ДПА портпаролот на Управата за крајбрежна безбедност.

Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот.

Босфорот е прометен канал и служи како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија.

Речиси 40.000 бродови поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.

притисни ентер