770 стипендии и речиси два милиони долари поддршка: Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува да инвестира во иднината на младите во Македонија
1770 стипендии и речиси два милиони долари поддршка: Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува да инвестира во иднината на младите во Македонија
3Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
ЗдравјеВлада: Почнува постапка за избор на партнер за Јавно приватно партнерство за интегрирани решенија во областа на хирургијатаСогласно одлуката објавена во службен весник, почнува процесот на склучување договор за Јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции.Целта на овој модел на Јавно приватно партнерство е да се унапреди системот за стерилизација во областа на хирургијата, како и да се намали ризикот од пост-оперативни инфекции, се наведува во соопштението на Владата. Согласно предложениот модел на Јавно приватно партнерство, опфатен е период од 15 оперативни години. Вредноста на инвестицијата е околу 16 милиони евра, а приватниот партнер ќе биде должен да ги вложи овие средства во период од 2 години, односно околу 35% или 5,8 милиони евра во текот на првата година и останатите 65% или 10,3 милиони евра во втората година од работењето. Моделот на Јавно приватно партнерство предвидува избраниот приватен партнер да биде одговорен за финансирање на моделот во четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација на територијата на државата, финансирање на изведба за реновирање/адаптирање на објектите во постојните центри за стерилизација (4 коишто ќе бидат одбрани како најсоодветни), понатаму целосно опремување на регионалните центри за интегриран менаџмент за стерилизација, обезбедување на персонализирани комплети на стерилни хируршки инструменти, нивно редовно одржување и обновување во консултација со докторите хирурзи, обезбедување стерилизиран медицински материјал (облека и опрема), третман на медицинскиот и техничкиот отпад од хируршките сали, како и целосно менаџирање и управување со интегрираните услуги за стерилизација согласно прифатени стандарди и протоколи. Од друга страна јавниот партнер, односно државата како дел од Јавното приватно партнерство ќе има обврска да обезбеди локации со објекти за четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација, да ја врши контролата врз обврските преземени од страна на Приватниот партнер, како и контролата и мониторингот над извршувањето на работите, и да го изврши плаќањето за извршената јавна услуга. По истекот на предвидените 15 години, според моделот, приватниот партнер во целост на Јавниот партнер ќе ја предаде развиената инфраструктура, вклучително и целосно опремените четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација, обновени хируршки сали, нови хируршки инструменти, санитетски возила и софтверскиот ИТ систем. Ваквата одлука на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија е резултат на физибилити студија, којашто беше изработена во декември минатата година. Процесот на избор на Јавен приватен партнер ќе се одвива транспарентно и во согласност со Законот за јавни набавки. Како прв чекор, министерството за здравство ќе организира стручна дебата за докторите хирурзи, како и со целокупниот медицински персонал којшто ги извршува хируршките интервенции. Моделот на Јавно приватно партнерство ќе овозможи долгорочно унапредување на реализацијата на хируршките интервенции. Дополнително, ќе придонесе за поголем развој на здравствениот систем во целина, нови вработувања и редовни обуки и доквалификации за медицинскиот кадар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Македонија770 стипендии и речиси два милиони долари поддршка: Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува да инвестира во иднината на младите во МакедонијаФондацијата „Атанас Близнакоф“ ја пречекува новата генерација стипендисти во рамки на програмата „Атанас Близнакоф“ стипендии за студентска извонредност, која ја спроведува Македонија2025. Оваа година 52 студенти од прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје добиваат финансиска поддршка за своето високо образование. Тие се приклучуваат кон заедницата млади таленти што се издвојуваат со академски успех, посветеност и потенцијал. Фондацијата е основана во 1977 година од Атанас и Славка Близнакоф, а програмата се темели на нивното филантропско наследство. Од 2021 година Македонија2025 е партнер на Фондацијата и ја спроведува стипендиската програма во Македонија. Таа го организира годишниот отворен повик и обезбедува континуирана поддршка за стипендистите. 770 стипендии и инвестиција од 1.925.000 американски долари Од 2021 година до денес, Фондацијата има обезбедено 770 годишни стипендии во вкупна вредност од 1.925.000 американски долари. Во академската 2026/2027 година таа истовремено поддржува пет генерации стипендисти, со вкупно 151 стипендија во вредност од 377.500 американски долари. Ова е најголемиот број активни стипендии во една година од почетокот на програмата. Повеќе од финансиска поддршка: долгорочна посветеност кон младите таленти Програмата „Атанас Близнакоф“ стипендии за студентска извонредност се темели на уверувањето дека образованието е една од најзначајните инвестиции во долгорочниот развој на општеството. Особен приоритет при доделувањето на стипендиите имаат студентите од социјално ранливи семејства, за финансиските ограничувања да не бидат пречка за нивното образование. Покрај финансиската поддршка, стипендистите добиваат можности за менторство, развој на практични вештини и професионално вмрежување преку активностите на Македонија2025. Тие стануваат дел и од заедницата на сегашни и поранешни стипендисти, која поттикнува меѓусебна поддршка и долгорочна соработка. Така влијанието на програмата продолжува и по завршувањето на студиите. „Особено сме горди што нашата поддршка продолжува да расте и што оваа година достигнуваме рекорден број активни стипендии. Веруваме дека финансиската состојба не треба да го определува образовниот и професионалниот пат на еден млад човек. Нашата цел е младите да веруваат во сопствениот потенцијал и еден ден и самите да создаваат можности за следните генерации“, истакнуваат од Фондацијата „Атанас Близнакоф“. Македонија2025 изразува искрена благодарност до Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за довербата и континуираната посветеност на младите таленти во Македонија. На сите 52 нови стипендисти им упатуваме искрени честитки и им посакуваме успешни студии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: 15.000 граѓани реагираа - Продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ!Народниот револт против институционалното слепило не запира! За помалку од три дена, 15.000 граѓанки и граѓани ставија свој потпис на петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронска нараквица за сторителите на семејно насилство! Ова веќе не е само иницијатива, ова е општествен фронт што секојдневно расте и кој јасно им порачува на властодршците – продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ! Секој нов потпис нè носи чекор поблиску до побезбедна земја во која насилниците ќе носат електронска нараквица, а жртвите ќе ја имаат заштитата што државата е должна да им ја обезбеди. Срамно е што парламентарното мнозинство и понатаму молчи пред барањето на 15.000 граѓани, криејќи се зад процедури додека жените во Македонија секојдневно живеат во страв. Граѓаните веќе ја донесоа одлуката – тие бараат акција, а не политички калкулации и изговори што не држат вода. ЛДП јасно порачува: нема да застанеме додека ова законско решение не биде изгласано во Собранието по итна скратена постапка, како што знаете да направите кога ви е од корист! Ги повикуваме сите граѓани кои сè уште не се потпишале, да се приклучат на петицијата и да го дадат својот глас за превенција што спасува животи. Секој глас е глас против насилството, а народниот притисок е премногу силен за да можете да продолжите да го игнорирате!Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаМеѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во ДубаиМинистерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден град“ го освои првото место во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.Ова значајно меѓународно признание денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, презентирајќи ги резултатите од примената на системот и постигнатиот напредок во сообраќајната безбедност. Македонскиот проект беше избран за најдобар во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи и полициската служба од индиската држава Махараштра. За наградите на Светскиот полициски самит пристигнале повеќе од 700 номинации од над 60 држави во 13 категории, а изборот на победниците се спроведува преку независно стручно оценување, интервјуа и детална проценка на технолошките и оперативните резултати. „Кога почнавме со „Безбеден град“, многумина се сомневаа дека конечно ќе профункционира систем за кој со години се зборуваше. Денес имам чест да ви соопштам до каде стигнавме на тој план. Македонија го освои првото место во категоријата за извонредност во сообраќајната безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи“, истакна министерот Тошковски. Тој нагласи дека ова признание претставува потврда дека и Македонија има капацитет да спроведе современи реформи и да постигне резултати препознаени на меѓународно ниво. „Знаеме што значи Сингапур кога се зборува за функционална администрација и технолошки развој. Знаеме што значат Дубаи и Абу Даби во примената на технологијата во сообраќајот. Но, ние покажавме дека и Македонија има капацитет да постигне резултат што ќе биде препознаен во светот“, посочи Тошковски. Министерот потсети дека „Безбеден град“ со години бил проект за кој се зборувало, но не бил целосно ставен во функција. Со спроведените законски измени, дигиталното поврзување на институционалните постапки и воспоставувањето автоматизиран систем за контрола, создадени се услови за доследна примена на сообраќајните правила и еднаков третман на сите учесници во сообраќајот. Резултатите покажуваат значително намалување на бројот на загинати и тешко повредени лица. Во периодот јануари–октомври 2026 година на македонските патишта загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период од 2025 година и 119 во 2024 година. Тоа се 32 помалку загинати во однос на минатата година, односно намалување од 27,4 проценти. Истовремено, бројот на тешко повредени лица е намален на 748, наспроти 872 во 2025 година, што претставува 124 помалку тешко повредени, односно намалување од 14,2 проценти. Особено значајна е споредбата за периодот февруари–октомври, од почетокот на примената на системот, кога бројот на загинати е намален од 108 на 74 лица, односно 34 помалку загинати или намалување од 31,5 проценти. Тошковски истакна дека овие резултати се постигнати преку заедничкото дејствување на „Безбеден град“, засилените полициски контроли, законските измени и превентивните активности. „Тие резултати ѝ даваат суштина на нашата кандидатура, затоа што успехот го мериме по намалувањето на опасното возење и тешките последици, а не по бројот на наплатени казни“, нагласи министерот. Тој потсети дека во последните 15 години на македонските патишта животот го загубиле 2.131 лице, што ја потврдува неопходноста од континуирани и системски мерки за подобрување на сообраќајната безбедност. Заблагодарувајќи им се на полициските службеници, правните и техничките тимови и на граѓаните за нивниот придонес, министерот порача дека меѓународното признание е дополнителен мотив за натамошно унапредување на системот, проширување на опфатот на ризичните локации и детектирање дополнителни опасни однесувања. Како долгорочна цел ја посочи „Визија нула“ – сообраќај без загинати и тешко повредени лица, нагласувајќи дека безбедноста на патиштата бара постојани вложувања, подобра инфраструктура, едукација и одговорност од сите надлежни институции. „Наградата е признание за завршената работа, но одговорноста за она што сè уште не е добро останува исклучиво наша. Додека постои и едно дете кое не може безбедно да премине улица, нашата работа не е завршена“, порача Тошковски. Официјалното доделување на признанието е предвидено за 18 ноември 2026 година во Дубаи.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter