Влада: Македонскиот јазик останува единствен службен јазик на целата територија на РМ и во нејзините меѓународни односи

Законот за употреба на јазиците во Република Македонија, беше донесен соодветно на предвидените процедури во Собранието на РМ.

Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања, а македонскиот јазик со кирилското писмо останува единствен службен јазик и на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, велат во денешното соопштение од Владата во врска со ширењето лажни вести и невистини за примената на Законот за употреба на јазиците во РМ.

-Законот за употреба на јазиците во Република Македонија, беше донесен соодветно на предвидените процедури во Собранието на РМ. Опозицијата ги имаше сите можности амандмански да учествува во усовршувањето на законот. Опозицијата сама донесе одлука да не учествува во политичкиот процес на донесување на Законот за употреба на јазиците. Неучеството не ја исклучува политичката одговорност на опозицијата за нивното одбивање да бидат дел од унапредувањето на правата на граѓаните во нашата земја, велат од Владата на РМ.

Оттаму посочуваат дека, лажните или неосновани тврдења за наводен дополнителен товар во буџетот и за нови вработувања се само изговори и опструкции на опозицијата.

-Вистината е дека Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторатот за употреба на јазиците, како што предвидува законот и како што беше утврдено со политичкиот договор за негово донесување, кадровски ќе бидат екипирани од постоечките човечки реурси во министерствата, агенциите и секретаријатите. Не се предвидени нови вработувања, стои во соопштението од владината прес-служба.

Спроведувањето на законските одредби, како што истакнуваат од Владата, е обврска на сите институции опфатени за негова примена.

-Погрешно и манипулативно е тврдењето дека Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија со својство на правно лице, ќе го издигне албанскиот јазик над сите останати јазици во Република Македонија. Вистината е нешто сосема друго, односно работата на Агенцијата ќе се однесува на сите јазици, се додава во сооштението.

Агенцијата, како што појаснуваат од Владата, ќе ги опслужува општините и другите институции во оние населени места каде што мнозинството граѓани се Македонци. Во тие градови, во случај кога некој граѓанин од албанска, ромска, бошњачка, српска, турска, ромска или друга етничка заедница ќе има потреба од каков бил документ на друг јазик, покрај македонскиот јазик, тогаш Централната агенција ќе им излезе во пресрет на тие граѓани, да им обезбеди услуга на нивниот мајчин јазик којшто најдобро го разбираат.

-Тоа значи дека во институциите во општините каде што немнозинските заедници не се застапени со повеќе од 20 отсто од граѓаните, нема да се вработуваат нови административци за исполнување на одредбите од Законот за употреба на јазиците, а услугите ќе бидат обезбедувани преку Централната агенција за која ќе бидат ангажирани постоечки капацитети од јавната администрација, се додава во соопштението.

Од Владата на РМ посочуваат дека не е точно и тврдењето дека повеќе официјални јазици има во држави во кои има повеќе автономни делови и дека со овој закон се загрозува унитарноста на Македонија.

-Вистина е дека унитарниот карактер на Македонија не е доведен во прашање, a законот нa ниту еден начин не ја загрозува употребата и заштитата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Дека поголемите права за етничките заедници не ја за загрозуваат унитарноста на државите говорат и следните примери на унитарни држави кои имаат два или повеќе официјални јазици: Црна Гора (црногорски, српски, босански и албански), Малта (малтешки и англиски), Финска (фински и шведски, иако има пет отсто Швеѓани), Израел (хебрејски и арапски, нив ги има 20 отсто), Косово (албански и српски), Белорусија (белоруски и руски), , Кипар (грчки и турски), Ирска (ирски и англиски), Казахстан (казахтански и руски), се истакнува во соопштението.

Од Владата нагласуваат дека Законот е обврска од амандманот V од Уставот на Република Македонија, а особено во врска со став 2 и став 5 амандманот V од Уставот. Наведениот амандман на Уставот е донесен во 2001 година, пред речиси 18 години, а самиот закон не е прв закон од оваа сфера, туку следи после Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа од 2008 година и измените и дополнувањата на Законот од 2011 година.

-Употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е регулирана со ставот 1 од наведениот амандман на Уставот и со Законот за употреба на македонскиот јазик од 1998 година и при тоа македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи. Законот за употреба на јазиците не го дерогира постоечкиот Закон за употреба на македонскиот јазик, се истакнува во соопштението.

Законот, како што истакнуваат од Владата, не воведува целосна двојазичност, ниту на целата територија на Република Македонија, ниту во сите области на правниот поредок.

-Во меѓународните односи, одбраната, централната полиција и монетарната политика, македонскиот јазик е единствен официјален јазик во Република Македонија, што е утврдено со Законот за употреба на македонскиот јазик од 1998 година, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

Согласно заклучок на Владата, Законот за употреба на јазиците ќе биде испратен на мислење до Венецијанската комисија од страна на Министерството за правда, и сите евентуални забелешки ќе бидат вградени во текстот на овој Закон. Тоа е гаранција за целосно почитување на европските стандарди.

-Сите се добитници со овој закон, Македонија ништо не губи, а многу добива со остварување на последното отворено прашање од Охридскиот рамковен договор. Законот за јазици е во рамките на Уставот и овозможува услови за спроведување едно заедничко општество за сите граѓани на Република Македонија. Со носење на Законот за употреба на јазиците, Владата на РМ става крај на национализмот, одејќи напред, со почитување едни кон други, со уважување на правата и потребите на секој граѓанин и секоја заедница, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

Грција во шок: Кум со години силувал момче, ги злоставувал и неговите две сестри

На 50-годишниот кум, кој е обвинет за сексуално вознемирување и силување на момче (18), од деветгодишна возраст, со согласност на истражителот и обвинителот на Ираклион, Крит, одредена му е мерка притвор.

Осомничениот маж признал дел од своите дејствија и сега се очекува да биде префрлен во затвор во Триполи.

Тој признал дека се случиле два од 10-те инциденти за кои неговото кумче, сега полнолетен, кажал дека се случиле.

Како што пренесува neakriti.gr, 50-годишникот тврдел дека тоа го предизвикал младиот човек и изјавил дека е „уништен и болен“.

Мажот е обвинет и за злоставување на уште две девојчиња, меѓу кои и сестрата на момчето што наводно ја силувал.

Информациите укажуваат дека има и порнографски материјал кој го покажува неговиот грозоморен чин. Поточно, видеото наводно го снимил 50-годишниот маж, за да докаже дека детето, кое тогаш имало 15 години, го провоцирало. Како што рече, на видеото се чини дека сексуалната иницијатива дошла од младиот човек. Тој исто така тврдел дека инцидентот се случил во неговата канцеларија и дека го снимал во случај во одреден момент да биде кривично гонет.

Во исто време, тој останал на ставот дека никогаш не ги малтретирал девојките.

Тој е уапсен вечерта на Велика среда, додека против него е поведена постапка за злоупотреба на малолетник кој не наполнил 14 години и на малолетник над 14 години.

Тој е обвинет и за детска порнографија во форма на производство и поседување видеа во кои има малолетник кој не наполнил 15 години.

Случајот бил откриен на Божиќ, кога кумот дошол да го посети семејството, но момчето одбило да седне на иста маса со него.

Кога родителите побарале од детето да го објасни своето однесување, тоа се скршило и открило што се случило и дека било жртва на малтретирање од страна на кумот.

Истовремено, има информации и за сестрата на младиот човек, која моментално има 24 години, како и за малолетната сестра, која моментално има 17 години. Според нивните пријави, делата ги извршил кога девојчињата имале 6 и 5 години.

Според податоците на полицијата, несоодветните дејствија првично се одвивале од 2006 до 2019 година.

Ибрахимовиќ искрено: Сега живеам поинаку, ми беше тешко поради моето его

Поминаа осум месеци откако Златан Ибрахимовиќ ги закачи копачките, а во неодамнешна изјава Златан се потсети колку му било тешко.

Како што вели, егото му правело проблем...

- Добро сум, имам добар живот. Престанав да играм пред осум месеци, сега имам поинаков живот. Прифатив да престанам што беше тешко поради моето его, начинот на кој размислувам за себе. Мислам дека сум најдобар, сепак најдобар, можев да продолжам, но избрав да престанам. Зошто? Затоа што сакам добар живот за моето семејство. Да имам време за моите синови, последица е што немаше да можам да го направам тоа бидејќи имав проблеми со колената. Така ја прифатив пензијата, стигнав дури до моментот кога си реков, океј, остави сѐ и почни ново поглавје во животот – започна Ибрахимовиќ.

Сепак, веднаш по завршувањето на кариерата доби нова функција ...

- Неколку месеци подоцна го запознав Гери Кардинале, кој го контролира фондот „Црвена птица“ што го купи Милан. Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Почнав да работам во Милано, таму сум три-четири месеци, добро се однесуваат со мене, морам да го кажам тоа.

Тој го допре и својот поранешен агент Мино Раиола, кој почина.

- Кога почина Мино, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев, се уште не престанувам бидејќи секогаш се сеќавам на некои работи. Многу ми недостига. Сите што ме познаваат знаат колку ми беше близок. Што би му рекол ако можам да му напишам порака токму сега? Ми недостигаш – подвлече Ибрахимовиќ.

„Одред за уживање“ на Ким Џонг ун - секоја година избира по 25 девици и ги дели на три групи

Девојка која успеала да побегне од Северна Кореја, на својот канал на Јутјуб открива дека диктаторот Ким Џонг-ун секоја година избира 25 девици за својот „Одред за задоволство“.

Девојките се избираат поради нивната физичка привлечност, тврди 30-годишната Јутјуберка Јеонми Парк, но и поради нивната политичка лојалност, пренесува Дејли Стар.

Парк вели дека „агентите“ на Ким ја забележале во два наврати затоа што била лојален следбеник на партијата, но никогаш не ја избрале поради нејзиниот „семеен статус“.

- Провалуваат во сите училници, дури и ги обиколуваат училишните дворови за да не пропуштат некоја згодна девојка - рече таа.

- Кога ќе најдат убави девојки, го проверуваат нивниот семеен и политички статус. Така, тие елиминираат девојки чии членови на семејството се дезертери или имаат роднини во Јужна Кореја или други земји.

- Следен чекор е лекарски преглед, утврдуваат дали девојките се девици. Кандидатките кои ќе го положат тестот се подложени на подетални лекарски прегледи, каде што и најмалата мана - како мала рана каде било на телото - е доволна причина за дисквалификација.

Ригорозната анализа остава „само неколку девојки од цела Северна Кореја“, кои потоа се испраќаат во Пјонгјанг. Откако ќе бидат избрани, Парк вели, „нивната единствена цел во животот е да му угодат на диктаторот“.

Ким Џонг-II го смислил „Одредот за задоволство“ уште во 1970-тите, објаснува Парк.

- Мислеше „ако изберам неколку убави девојки и ги одведам кај татко ми Ким II-сунг, ќе биде многу задоволна“, рече таа.

- Потоа избрал убави жени и ги сместил во одморалиште каде што ги посетува Ким II-Сунг. Неговиот татко бил толку трогнат што неговиот син помислил на неговото задоволство, а тоа е една од причините зошто го избрал за свој наследник.

Десет години подоцна, Ким Џонг-II создал друг тим за свои потреби. Парк вели дека одредите и групите се менувале со текот на годините бидејќи диктаторите имале различни вкусови.

- Ким II-Сунг имаше традиционален вкус за жени, бидејќи беше постар, па неговата група беше наречена Електронски Почонбо Ансамбл. Ким Џонг-II го нарече својот бенд за лесна музика „Wangjaesan“. Ким Џонг-II претпочиташе жени повисоки од 160 см - рече таа.

Ким Џонг-ун има тенденција да избира „витки“ жени и фаворизира жени со „западен изглед“. „Се шпекулира дека неговата сопруга била член на Одредот за задоволство“, додаде Парк.

Во рамките на „ Одредот за задоволство “ има три различни дивизии. Првите се обучени за масажа, вториот оддел е специјализиран за пеење и танцување за забава на лидерот и неговиот внатрешен круг. Оваа група понекогаш настапува јавно како бенд Моранбонг.

Третата група е „одредот за сексуална активност“, рече Парк.

- Тие мора да бидат сексуално интимни со диктаторот и другите мажи. Мора да научат како да ги задоволат овие мажи - тоа е нивната единствена цел.

Најубавите девојки се резервирани само за Ким, додека останатите членови на одредот треба да ги задоволуваат генералите и другите моќни луѓе.

Условите за живот во Северна Кореја се толку сурови што родителите често се среќни што нивните ќерки ги избираат за „Одредот за задоволство“, бидејќи тоа значи дека барем девојчињата нема да гладуваат.

Откако ќе стигнат до средината на 20-тите години, нивното време истекува. Тие често се во брак со телохранителите на Ким. Парк вели дека е привилегија за членовите на Одредот да изберат со кој член на безбедносните служби сакаат да се омажат. Парк, чии приказни за животот во Северна Кореја се опишани како претерани од некои критичари, вели дека династијата Ким се „педофили кои очекуваат да бидат обожувани како богови“.

притисни ентер