Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
МакедонијаВлада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуниВладата на вчерашната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06.Истовремено, како резултат на разговорите што владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни, соопштуваат од владата. Оттаму истакнуваат дека „со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“. „Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици. Владата останува посветена на политики што носат реални придобивки за граѓаните и ќе продолжи активно да презема мерки за заштита на животниот стандард и зајакнување на економската сигурност“, се нагласува во владиното соопштение.Тагови: Владата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 15 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит од кои по две во Скопје, Тетово и Куманово и по едно во Прилеп, Свети Николе, Велес и Кавадарци. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Скопје, Битола, Македонска Каменица и Кавадарци и едно лице во Тетово управувало возило под мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје: Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз (БРТ)БРТ ќе обезбеди побрз, побезбеден, посигурен и поеколошки јавен превоз.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска оствари работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која беа направени финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимализацијата на проектот Брз автобуски превоз (БРТ). На средбата беше потврдена заедничката определба за успешно спроведување на проектот, кој претставува една од најзначајните инвестиции во модернизацијата на јавниот превоз во Скопје. По преземањето на мандатот, преку интензивна координација со Владата на Република Македонија, Министерството за транспорт, Министерството за финансии, ЕБОР и останатите надлежни институции, беа надминати долгогодишните пречки што го блокираа проектот и беа создадени услови за негова реализација. БРТ ќе обезбеди побрз, побезбеден, посигурен и поеколошки јавен превоз, ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, подобрување на квалитетот на воздухот и поквалитетно секојдневие за граѓаните. Воедно, беше нагласено дека проектот нема да се реализира на сметка на постојното булеварско зеленило. Напротив, предвидени се нови зелени површини и дополнително хортикултурно уредување, со што ќе се обезбеди помодерен, позелен и похуман урбан простор. Проектот БРТ е дел од пошироката стратегија за модернизација на јавниот транспорт во Скопје. Паралелно се работи на воведување градски воз во соработка со Министерството за транспорт, набавка на 100 нови автобуси преку Владата и оптимализација на автобуската мрежа, со цел создавање интегриран, функционален и современ систем на урбана мобилност. Со финализирањето на овие координации, проектот Брз автобуски превоз влегува во фаза на реализација, претставувајќи значаен чекор кон поефикасен, поодржлив и поквалитетен јавен транспорт за Скопје. Со почит, Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Црна хроникаТри лица лишени од слобода за семејно насилство во изминатото деноноќиеТри лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќиеНоќеска (11.07.2026) во 01:20 часот во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 49-годишен жител од тоа село. Според пријавеното тој на 10.07.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 68-годишен татко и му нанел повреди. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 10.07.2026 во 20:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ч.С.(49) од кумановско затоа што физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 11.07.2026 во 00:10 часот во Полициската станица Тетово, 54-годишна жена од Тетово пријави дека на 10.07.2026 околу 21:00 часот во нивниот семеен дом, по претходна расправија за пари, нејзиниот син К.В. физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ повреди. На оштетената ѝ била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот. На 11.07.2026 во 00:20 часот, во СВР Охрид лишена од слобода е Е.В.(36) од охридско која претходно, во семејниот дом, физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38