Влада: ДДВ од 10% за горивата продолжува до 12 октомври - Канал 5

Влада: ДДВ од 10% за горивата продолжува до 12 октомври

На денешната седница, Владата донесе одлука за продолжување на рокот за примена на намалената стапка на ДДВ за горивата од 18% на 10%, до 12 октомври 2026 година.

Влада: ДДВ од 10% за горивата продолжува до 12 октомври

Со одлуката се обезбедува продолжување на мерката со која се овозможува намалена даночна стапка, со цел да се обезбеди стабилност и заштита на животниот стандард на граѓаните.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите и движењата на цените, со цел навремено преземање соодветни мерки во интерес на граѓаните и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандски архитект: Новиот „Максимир“ потсетува на стадионот во Мадрид; тоа е сосема јасно

Холандскиот архитект Флорис ван дер Пул на социјалните мрежи го спореди победничкиот дизајн за новиот стадион „Максимир“ со еден познат спортски комплекс во Мадрид. 

Холандски архитект: Новиот „Максимир“ потсетува на стадионот во Мадрид; тоа е сосема јасно

Тој мислеше на тенискиот центар „Каха Махика“ (Caja Mágica), при што особено ја истакна сличноста меѓу кровните конструкции. Ван дер Пул ја започна својата објава со зборовите: „За мене, ова е кристално јасно“.

Тенискиот комплекс во Мадрид „Каха Махика“, познат и како Олимписки тениски центар, е еден од најпознатите тениски комплекси во Европа. Отворен е во 2009 година, а е дизајниран од францускиот архитект Доминик Перо.

Комплексот зафаќа површина од 16,5 хектари и во својот центар вклучува три големи стадиони со подвижни покриви. Нивниот вкупен капацитет изнесува 20.000 гледачи, при што најголемиот стадион може да прими 12.427 луѓе.

Флорис ван дер Пул, кој ја направи оваа споредба, е виш архитект во холандската фирма „Де Зварте Хонд“ (De Zwarte Hond). Неговата оценка го поврзува проектот во Загреб со еден етаблиран европски спортски објект. Победничкиот дизајн за новиот стадион „Максимир“ беше избран преку меѓународен конкурс за архитектура и урбанизам.

Првата награда ѝ припадна на италијанската фирма „VG13 Architects Studio Associato“, предводена од архитектите Томазо Фантини и Алберто Роси. На конкурсот беа поднесени вкупно 88 трудови, со учество на тимови од проектанти од 32 земји.

Споредбата со комплексот во Мадрид е интересна и поради тоа што проектот на Перо (Perrault) е замислен како спој на спортот и архитектурата. Тој се одликува со големи геометриски структури, метална обвивка и подвижни покриви кои овозможуваат различни начини на користење на стадионот.

Комплексот исто така содржи низа тениски терени на отворено и во затворен простор, како и други објекти. Од 2009 година, тој е домаќин на турнирот „Мадрид Опен“.

По изданието во мај 2026 година, започна изградбата на нов стадион со капацитет од 8.600 гледачи, чие завршување е планирано за 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европски образовни можности во Вевчани: Одржан Еразмус+ настан со евроамбасадорот Михалис Рокас и Националната агенција

Во живописното Вевчани денес се одржа значаен образовен настан посветен на европските вредности, можностите што ги нуди програмата Еразмус+ и размена на добри образовни практики.

Европски образовни можности во Вевчани: Одржан Еразмус+ настан со евроамбасадорот Михалис Рокас и Националната агенција

Во живописното Вевчани денес се одржа значаен образовен настан посветен на европските вредности, можностите што ги нуди програмата Еразмус+ и размена на добри образовни практики, со што се отвораат нови перспективи за локалното основно училиште „Страшо Пинџур“ и Детската градинка „Планински цвет“. Настанот обедини претставници на локалната заедница, наставниот кадар, ученици, образовни институции и дипломатскиот кор.

Домаќини на настанот беа директорот на ОУ „Страшо Пинџур“, Жарко Лешоски, и градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, кои во своите поздравни обраќања ја нагласија отвореноста на Вевчани кон нови идеи, соработка и европски перспективи.

На настанот со свое присуство и обраќање учествуваше и евроамбасадорот Михалис Рокас, кој ја истакна важноста на програмата Еразмус+ во поврзувањето на младите и создавањето нови европски искуства.

Пред присутните се обрати и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, која ја нагласи важноста од правењето на првиот чекор кон нови можности.

„Досега вашите две установи не беа активни корисници на програмата Еразмус+, но затоа сме тука денес, за заедно да направиме прв чекор кон нови можности. Улогата на Националната агенција е да ви помогне тој чекор да биде едноставен и остварлив, од првата идеја, до првиот проект и првото Еразмус+ искуство“, истакна Михајлов.

Манифестацијата беше збогатена со културно-уметничка програма во која настапи училишниот хор со изведба на „Ода на радоста“, како и Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, кое преку автентични носии, песни и ора го претстави богатото културно наследство на крајот. Гостите имаа можност да уживаат и во дегустација на регионални традиционални јадења, подготвени од вештите раце на СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, а беа изложени и уникатни плетени ракотворби од „Плетени приказни, дарови од природата“ од струшкото село Луково.

Вториот дел од настанот беше целосно посветен на практични примери и вмрежување. Своите искуства и добри практики од учеството во програмата Еразмус+ ги споделија претставници од ООУ „Дебрца“ од Охрид и ООУ „Ванчо Николески“ од село Лескоец, Охрид. Настанот заврши со интерактивна Еразмус+ инфосесија и дискусија, каде претставниците на Националната агенција ги појаснија можностите и начините за аплицирање на образовните установи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милошоски: Парламентарната соработка со Полска е важен придонес за унапредување на билатералните односи и европската интеграција

Милошоски истакна дека парламентарната соработка претставува значаен придонес кон натамошното зајакнување на традиционално добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска. 

Милошоски: Парламентарната соработка со Полска е важен придонес за унапредување на билатералните односи и европската интеграција

Во рамки на учеството на Интерпарламентарната конференција на тема „EU Enlargement: A Strategic Agenda for Europe’s Future“, која се одржува во Тирана, Република Албанија, делегацијата на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија оствари билатерална средба со делегација од Комисијата за прашања на Европската Унија при Сејмот на Република Полска.

На средбата, потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за европски прашања, г. Антонијо Милошоски, разговараше со г. Јарослав Валенса, шеф на полската парламентарна делегација, и со г. Томаш Глоговски, член на Комисијата за прашања на Европската Унија при полскиот Сејм. На средбата учестуваа и г-ѓа Даниела Белимова, член на Комисијата за европски прашања, како и амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, г. Веле Трпевски.

Милошоски истакна дека парламентарната соработка претставува значаен придонес кон натамошното зајакнување на традиционално добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска. Тој ги запозна полските соговорници со тековните процеси поврзани со европската интеграција на Република Македонија, како и со исполнувањето на реформските приоритети во насока на напредокот кон членство во Европската Унија.

Во контекст на одличните билатерални односи меѓу двете земји, Милошоски ја нагласи важноста од продолжување на парламентарниот дијалог и размената на искуства, особено во делот на европските интеграции и реформските процеси.

Шефот на полската парламентарна делегација, г. Јарослав Валенса, истакна дека Република Полска е подготвена и понатаму, како и досега, активно и посветено да соработува со Република Македонија и да ја поддржува во процесот на европска интеграција.

Валенса посочи дека е запознаен со предизвиците со кои се соочува Република Македонија на патот кон Европската Унија, вклучително и со прашањата кои имаат историски контекст, при што ја истакна подготвеноста за продолжување на отворениот и конструктивен дијалог и парламентарната соработка.

Соговорниците се согласија дека интензивирањето на парламентарните контакти, размената на искуства и добри практики и заемната поддршка се од особено значење за натамошното унапредување на билатералните односи и европската перспектива на Република Северна Македонија.

Делегацијата на Комисијата за европски прашања, предводена од претседателот Антонијо Милошоски, во состав со членот на Комисијата Даниела Белимова, придружувани од амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, г. Веле Трпевски, учествува на Интерпарламентарната конференција „EU Enlargement: A Strategic Agenda for Europe’s Future“, која се одржува на 28 и 29 септември 2026 година во Тирана.

Во рамки на престојот во Тирана, за подоцна е предвидена и билатерална средба со делегација од Република Ирска, на која ќе се разговара за можностите за натамошно унапредување на парламентарната соработка, како и за прашања поврзани со европските интеграции и процесот на проширување на Европската Унија.

Конференцијата е посветена на унапредување на меѓупарламентарниот дијалог за проширувањето на Европската Унија, размена на парламентарни искуства и добри практики во областа на европската интеграција, како и на улогата на националните парламенти во поддршката на кредибилен, инклузивен и одржлив процес на проширување на Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер