Владата им честита на сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи овој Договор и ги охрабрува да ги интензивираат соработките, поврзувањата и пријателствата.
Преку изнаоѓањето на македонско - грчкото решение, Балканот, Европа и Светот добија нов модел за градење пријателства и соработки меѓу народите и државите.
Владата им благодари на сите граѓански, политички и други чинители кои го поддржаа Договорот и кои им дадоа ветер во грб на историските решенија вградени во него.