Вкупно 26 згради во општина Центар ќе добијат енергетско-ефикасни фасади - Канал 5

Вкупно 26 згради во општина Центар ќе добијат енергетско-ефикасни фасади

 Уште 26 станбени објакти во општина Центар ќе добијат енергетско-ефикасни фасади, во рамки на реализацијата на проектот на општината чија цел е поквалитетен живот на граѓаните и голема финансиска заштеда за нивните семејни буџети.

Вкупно 26 згради во општина Центар ќе добијат енергетско-ефикасни фасади

- На огласот, кој го објави општина Центар, беа поднесени вкупно 65 пријави, а Комисијата донесе одлука во првата фаза да влезат 26 станбени објекти врз основа на исполнети услови и критериуми, соопшти oпштината.

Тоа се зградите на ул.Петар Поп Арсов бр.36, на ул.Ѓуро Ѓаковиќ бр.39 (Мирослав Крлежа), на ул.Ленинова бр.3, на ул.Дебарца бр.17, на ул.Дане Крапчев бр.21, на ул.50 Дивизија бр.39, на ул.Цицо Поповиќ бр.3, на ул.Никола Тримпаре бр.24/3, на бул.Илинден бр.81, на ул.Ленинова бр.25, на ул.11 Октомври бр.29, на ул.Мирослав Крлежа бр.51, на бул.Илинден бр.43, на ул.Вељко Влаховиќ бр.25, на ул.Цицо Поповиќ бр.5, на ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.10, на ул.Шумадиска бр.18, на ул.Франклин Рузвелт бр.48, на бул.Илинден бр.9/1,2,3,4, на ул.Шумадиска бр.16А, на ул.Рајко Жинзифов бр.50,влез 1,2,3,4, на ул.11 Октомври бр.42, на ул.Цицо Поповиќ бр.1, на ул.Рајко Жинзифов бр.51,влез 1 и 2, на ул.Ристо Шишков бр.12 и на ул.Ѓуро Ѓаковиќ бр.54А.

За станбените згради кои се одбрани во првата фаза од Јавниот повик во следниот период ќе се изготвува проектна документација и во зависност од целокупната прибавена документација ќе се отпочне со реконструкција на фасадите по тој редослед. Овие згради се планира да се реконструираат во период од две години.

Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, во висина од 70 отсто од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на станбената зграда за колективно домување за секоја одобрена апликација, поднесена од заедница на станари или од мнозинството сопственици на посебните делови од станбената зграда апликант.

Ако во семејство кое живее во колективната станбена зграда која е избрана за реконструкција на фасада има социјален случај или лице со посебни потреби, врз основа на документ со кој ќе се докаже тоа, Општина Центар ќе го финансира неговиот дел при финансирање за реконструкција.

Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 30 проценти од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада.

Предуслов за отпочнување на реконструкција на фасада е да бидат уплатени средства во висина од 30 отсто од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на жиро сметка на Општина Центар, наведуваат од Општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сите се шокирани од снимката на најпознатата планина во Швајцарија- ова никогаш не е видено (ФОТО)

Познатиот Матерхорн, еден од најпрепознатливите врвови на Алпите и планината претставена на амбалажата на Тоблероне, ги пречека посетителите речиси без снег кон крајот на септември.

Сите се шокирани од снимката на најпознатата планина во Швајцарија- ова никогаш не е видено (ФОТО)

Фотографиите од планината привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, особено поради периодот кога треба да има снег на нејзиниот врв, објавува Дејли Меил.

Не е среде пустина!

Вообичаено е првите сериозни снежни врнежи да се појават во повисоките делови на Матерхорн во текот на септември, придружени со температури под нулата. Овој пат сцената е сосема поинаква.

Еден корисник објави фотографија од веб-камерата на Червино Ски Парадајс, коментирајќи дека сликата „не прикажува планина во средината на пустината“, туку Матерхорн на 27 септември 2026 година.

Други корисници го споредија сегашниот изглед на планината со фотографии од пред една година, кога нејзините падини веќе беа покриени со дебел слој снег.

Невообичаено високи температури

Матерхорн често е релативно без снег во текот на летото, но целосно гол врв во ова време од годината е многу поневообичаен. Во исто време, поголемиот дел од Европа доживува температури над просекот, при што делови од централна и јужна Европа регистрираа температури кои надминаа 40 степени Целзиусови претходно овој месец.

Слична сцена беше забележана за време на голем топлотен бран во 2022 година. Во тоа време, локалните планинари изјавија за германските медиуми дека врвот Матерхорн, кој е висок 4.478 метри, е целосно лишен од снег.

Планинскиот водич и раководител на службата за спасување, Анјан Труфер, во тоа време изјави за Дер Шпигел дека во неговите три децении работа на планината, таква ситуација била забележана само четири или пет пати.

Сепак, периодите со многу малку снег и мраз стануваат сè почести како што се зголемуваат глобалните температури.

Линијата се движи повисоко

Еден индикатор за екстремни услови е надморската височина на која температурата останува под нулата. Во Швајцарија, минатиот јуни, точката на замрзнување достигна највисока вредност досега забележана за тој период од годината.

Во близина на Матерхорн, таа се искачи на околу 5.000 метри надморска височина. Резултатот беше речиси целосно отсуство на снег на врвот, а според извештаите, алпинистите успеаја да се искачат на околу 4.200 метри без употреба на специјална опрема.

Матерхорн, сепак, не е единствената планина каде што се забележани вакви промени.

И Фуџи без снег

Сличен феномен е забележан и на другата страна од светот. Планината Фуџи во Јапонија остана без снег на врвот до 6 ноември 2024 година, што беше најновиот датум без снежна покривка откако систематски се евидентираат записи, односно приближно 130 години.

Претходниот рекорд беше 26 октомври, забележан во 1995 и 2016 година.

Според локалната метеоролошка служба, снегот на Фуџи обично се појавува околу 2 октомври, а постабилна снежна покривка се формира неколку дена подоцна.

Проблемот не е само во изгледот

Недостатокот на снег и мраз не е само естетски проблем за планинските предели. Високите температури можат да ги направат патеките за искачување многу поопасни.

За време на овогодинешниот топлотен бран, некои од високите европски планини доживеаја одрони на карпи, што ги направи некои популарни рути исклучително ризични.

Меѓу најпогодените се Матерхорн и Монблан, највисокиот врв на Алпите. До крајот на август, најмалку три лица загинаа на Монблан, по што локалните власти наредија затворање на планинските колиби на една од најкористените рути.

Во исто време, планинските водичи ги прекинаа тури на Матерхорн по серија големи лавини.

Што се случува длабоко во карпите?

Еден од клучните проблеми е топењето на пермафростот - слој од почва, мраз и карпи што може да остане замрзнат илјадници години. На високите планини, мразот се наоѓа и во пукнатините меѓу карпите и им помага на целите карпести структури да останат стабилни.

Кога температурите значително се зголемуваат, овој мраз почнува да се топи. Во исто време, глечерите се повлекуваат и губат дебелина, отстранувајќи дел од притисокот што претходно помагаше да се одржат стабилни карпестите падини.

За време на овогодинешниот топлотен бран, швајцарскиот регион Базел-Бининген забележа температура од 39,7 степени Целзиусови, највисока досега измерена во северните Алпи. Во Шамони, Франција, еден од најпознатите центри за планинарење и качување во Европа, температурите редовно се искачуваа над 30 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски градоначалник почина среде состанок- телото му го извлекле низ прозорец

Градоначалникот на Графинг во близина на Минхен, Кристијан Бауер, почина ненадејно на 57-годишна возраст за време на состанокот на градежната комисија во вчера вечерта.

Германски градоначалник почина среде состанок- телото му го извлекле низ прозорец

Според извештаите на германските медиуми, Бауер ја изгубил свеста и се струполил за време на состанокот. Членовите на одборот кои биле присутни веднаш му укажале прва помош, а набрзо пристигнале болничари и лекар од брза помош.

Обидите да се реанимира биле неуспешни. Според „Еберсбергер Цајтунг“, Бауер починал во болницата „Еберсберг Минхен Исток“.

Бауер бил во брак со сопругата Андреа повеќе од 30 години. По него останале две ќерки и еден син.

Според „Минхнер Меркур“, Бауер го отворил состанокот како и обично. Сепак, без никаква очигледна надворешна причина, тој одеднаш ја изгубил свеста и се струполил.

Во драматичната ситуација, пожарникарите процениле дека најбрзиот начин да го извлечат Бауер од градското собрание е преку голем прозорец, па затоа користеле ротирачка скала.

Ресусцитацијата продолжила за време на транспортот со брза помош. За градоначалникот што побрзо да биде однесен во болница, пазарот во Графинг беше затворен.

Меѓутоа, и покрај сите напори на лекарите и службите за спасување, помошта на крајот пристигна предоцна.

Според медиумските извештаи, Бауер неодамна се опоравил од пневмонија. Се вели дека сакал лично да претседава со состанокот на градежниот одбор, бидејќи неговиот заменик исто така бил болен во тоа време.

Бауер го започна својот втор мандат како градоначалник на Графинг на почетокот на оваа година. Градот се наоѓа околу 30 километри југоисточно од Минхен.

Пред да стане градоначалник, Бауер работеше како благајник во Графинг 22 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владо Мисајловски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Владо Мисајловски  во „Само интервју“

Коските што му се припишуваат на Самоил од Солун кон Софија ќе патуваат ден по посетата на Фон Дер Лајен, каква порака ни праќаат соседите, а што ќе ни донесе претседателката на Европската комисија?

Извесен ли е старт на нашето „европско патување“ преку постепена интеграција и уставни измени со одложено дејство?

Што купува армијата и колку тоа ја чини земјава, со какво темпо се модернизира?

Имаме ли војска согласно НАТО стандардите? САД или ЕУ – што ќе избереме ако се продлабочи јазот во Алијансата?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер