Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
1Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЗдравјеВкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава Во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на Ковид-19 низ државава. Во однос на претходниот месец јуни, се регистрира десеткратно зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19, како и во однос на месец јули, 2023 година. Од заболените во јули 2024, најголем број - 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (43,0/100.000) се регистрира во Кавадарци, се наведува во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули, објавен попладнево. Во текот на месецот регистрирано било едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Најголем број заболени биле регистрирани од возрасната група над 60 години и кај деца до девет години. - Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јули, се тестирани вкупно 906 материјали со повеќе од двојно зголемување на бројот на тестирани во однос на минатиот месец - 409. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јули 2024, пријавени се вкупно 350.875 потврдени случаи на Ковид-19 (I=19.103,4/100.000) и 9.992 смртни случаи (Mt= 544,0/100.000; CFR=2,8%), се појаснува во извештајот на ИЈЗ. Тој месец во Република Македонија, пријавени биле вкупно 1.500 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 81,7 на 100.000 жители. - Во текот на месец јули се бележи зголемување на вкупниот број на заболени лица за 30,1 отсто во однос на претходниот месец јуни 2024, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014-2023, за 12,3 проценти, додека во однос на јули 2023, се бележи зголемување за 57,6 проценти, додаваат од ИЈЗ. Меѓу другото, наведено е дека биле евидентирани два случаја на заразни заушки и еден случај на легионерска болест. Двата случаја на заразни заушки биле кај деца на возраст од осум односно девет години, вакцинирани со една доза на МРП односно пропуштени за вакцинација со втора доза на МРП вакцина - втората доза на МРП вакцина се дава на возраст од шест години, согласно Календарот за задолжителна имунизација на Република Македонија. Дијагнозата била лабораториски потврдена. Во јули е евидентиран и еден случај на вирусен енцефалит. - Во однос на вирусниот енцефалит, станува збор за импортиран случај на енцефалитис предизвикан од крлеж (Tick-borne encephalitis). Пациентот дал податок дека бил каснат од крлеж за време на престој во Швајцарија. Дијагнозата е потврдена серолошки, во Вирусолошката лабораторија на ИЈЗ. Случајот е регистриран во јуни, 2024, пишува во извештајот. Кога станува збор за сексуално и крвно преносливи инфекции - без ХИВ/СИДА, биле регистрирани 13 заболени лица. Од нив, шест случаи на сифилис, четири случаи на вирусен хепатитис Б, два на гонореја и еден случај на инфекција со хламидија. - Во текот на месец јули пријавени се пет потврдени случаи на ХИВ и два случаја на СИДА, шест случаи се од машки и еден од женски пол. Во однос на возраста, по две лице припаѓаат на возрасната група од 20 до 29, 30 до 39 и 40 до 49 години, едно лице припаѓа на возрасната група од 50 до 59 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи - заклучно со 31 јули 2024, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987 до 2024, изнесува 674 и тоа 128 лица починале, 546 лица живеат со ХИВ/СИДА, се додава во извештајот. Три пријави за епидемија на заразна болест пристигнале до Институтот за јавно здравје минатиот месец. ЦЈЗ - Тетово пријавил епидемија на голема кашлица на 2 јули на својата територија со 39 заболени лица. На 10 јули, ЦЈЗ - Скопје пријавил епидемија на салмонелоза на територијата на градот. Епидемијата била пријавена со 15 заболени лица, од кои седуммина биле хоспитализирани на КИБФС со Дг: Salmonelosis enteritidis Gr.D. Сите заболени консумирале храна подготвена во ист објект во Скопје. Епидемијата била одјавена на 24 јули. - На 16 јули, ЦЈЗ/ПЕ - Гостивар пријави епидемија на алиментарна интоксикација. Во епидемијата заболеле девет лица, кои консумирале храна во ист угостителски објект во Гостивар, додаваат од ИЈЗ. Оваа епидемија била одјавена на 31 јули. - Во текот на месец јули, регистрирани се седум случаи на ентероколитиси, пет случаи на салмонелози, три случаи на алиментарни интоксикации и по еден случај на овчи сипаници и голема кашлица кај лица од Косово, Швајцарија, Турција, Србија, Швајцарија, Италија, Холандија, Словенија, Германија и Норвешка, кои привремено престојувале во Република Македонија, пишува во делот регистрирани болести кај странски државјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураВо Собранието тече надзорната расправа за Алта Банка, која почна со серија серија паузи и тензии..Сите објавуваа документи и записници..Имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки.. Во Собранието е Михајло Видмилиски.. Михајло до каде е во моментот надзорната расправа, кога се очекува сведочењето на обвинителот Савески? Народната банка поднела кривични пријави против лица од СДСМ за случајот со Алта Банка, соошти денеска на брифинг со новинарите премиерот Мицкоски.. Владеачката партија во изминатиот период ја прозиваше СДСМ дека шири паника за банката, дали во мегувреме има некакви информации околу овие кривични од Обвинителството? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето .Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето за потеклото на парите со кои Давор Мацура го купил осигурителното друштво, сегашно Алта осигурување Скопје. Таа праша од која сметка била извршена уплатата и какви проверки направила Агенцијата пред да даде согласност за преземањето. „Од каде потекнуваат парите за купување на осигурителното друштво? Особено тука сакам да бидете попрецизни во одговорот, бидејќи во јавноста веќе има информации дека станува збор дека тоа плаќање е од приватна сметка, односно сметка на физичко лице. Значи, од каде потекнуваат парите за купување на осигурителното друштво и од која сметка тие се префрлени“, праша Николова. Таа посочи дека, според јавно достапните информации што ги наведе, осигурителното друштво било купено за околу 1,7 милиони евра, со преземање на сите 60.000 акции. Николова нагласи дека јавноста досега не добила објаснување од Агенцијата за начинот на кој била спроведена продажбата и за проверките што ѝ претходеле на согласноста. „Стекнувањето сопственост во осигурителното друштво не може да биде само формално административна постапка. Таа е многу повеќе од една таква формална постапка, особено кога станува збор за финансиски субјект кој располага со средствата од премии на илјадници граѓани и на компании. Агенцијата мора да има јасна слика за финансиската состојба на инвеститорот, потеклото на неговиот капитал, неговата деловна репутација и поврзаноста со други правни и финансиски субјекти“, истакна Николова. Обраќајќи ѝ се на претставничката на Агенцијата, Дракуловска, пратеничката побара да бидат презентирани конкретните наоди врз кои била донесена одлуката за преземање на осигурителното друштво. „Обврска на Агенцијата е да ги препознае ризиците, навреме да ја заштити довербата на осигурениците. Дали Агенцијата го проверила потеклото на средствата, финансиската состојба на купувачот и неговата поврзаност со останатите финансиски субјекти и врз основа на кои конкретни наоди е дадена согласност за преземање на ова друштво?“, праша Николова. Таа нагласи дека случајот има јавен интерес, бидејќи се однесува на сигурноста на граѓаните и компаниите кои имаат осигурителни полиси, како и на вработените во друштвото. „Ова не е прашање само на сопственичката трансакција или на деловен интерес на еден инвеститор. Ова е прашање коешто има јавен интерес и на довербата во институциите кои треба да го штитат финансискиот систем и да ги штитат граѓаните“, порача Николова. На крајот, таа побара прецизни одговори за потеклото на капиталот, извршените проверки и основата за дадената согласност. „Не барам општи уверувања дека осигурителниот сектор е стабилен затоа што денес цел ден слушаме такви општи уверувања. Барам конкретни одговори на прашањата што ви ги поставив“, нагласи пратеничката на СДСМ, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од привремениот администратор Илија Андоновски да ја објасни својата претходна улога во процесот на супервизија и лиценцирање на банката.Бочварски праша дали Андоновски учествувал во давањето лиценци и дали тогаш имал сознанија за прекршокот констатиран од Европската централна банка при обидот за влез во Адико банка во Австрија. „Дали согласно претходната ваша позиција, директор на Дирекција за супервизија и лиценцирање во Народната банка, при влегување на Алта банка Србија во Македонија имавте сознанија за прекршокот кој го констатирала Европската централна банка при нејзиното влегување во Адико банка Австрија и дали имавте удел во давањето на лиценците на акционерите и на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Алта банка Битола“, праша Бочварски. Тој нагласи дека улогата на Андоновски, назначен за привремен администратор на 1 ноември 2026 година, е особено значајна поради состојбите во банката и обврските кон граѓаните и компаниите. „Вашата улога во овој период, во оваа банка е многу значајна, посебно поради состојбите во банката, а тие се загрижувачки, гледајќи ги редиците наши сограѓани кои цел ден чекаат пред вратите на оваа банка да си ги повлечат средствата со цел да вратат можеби кредити, да си ги платат сметките за струја и вода, да купат храна од маркетите, лекови и така натаму“, истакна Бочварски. Во обраќањето тој презентираше податоци за влошувањето на финансискиот резултат на банката. Според бројките што ги наведе, во првите три квартали од 2025 година банката остварила добивка од 49 милиони денари, додека во истиот период од 2026 година прикажала загуба од 48 милиони денари. „Нето приходите од камати паднале за 8%. Нето приходите од провизии паднале за 29%. Значи од добивка во 25-та година од 49 милиони денари преминала банката во загуба од 48 милиони денари во оваа 26-та година“, посочи Бочварски. Тој побара администраторот да ја презентира актуелната состојба и да одговори дали банката може целосно и навремено да ги подмири обврските кон депонентите и доверителите. „Дали врз основа на актуелната финансиска состојба на Алта банка АД Битола, банката располага со доволно ликвидност за целосно и навремено подмирување на обврските кон своите депоненти и доверители и дали нејзината финансиска позиција овозможува одржливо и рентабилно работење во идниот период“, праша Бочварски. Дополнително, побара конкретно објаснување за причините поради кои банката преминала од позитивен во негативен финансиски резултат. „Дали согласно увидот којшто еве во изминативе десетина дена го имате во Алта банка Битола можете да објасните што се случувало во 26-та година и кои се главните причини што банката од добивка преминува во 26-та година во загуба, со што се загрозува и нејзиното работење“, праша пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter