Вкупно 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење - Канал 5

Вкупно 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење

Вкупно 2018 платни налози се издадени во изминативе три дена во рамки на сообраќајни контроли што полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи во континуитет ги спроведуваат на патиштата низ земјава. 

Вкупно 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење

Од нив половината се однесуваат на прекршоците: непрописно паркирање 600, брзина на движење спротивна од пропишаната 256 и управување возило без возачка дозвола 204 прекршоци.

Како што информира МВР, покрај овие прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, исто така евидентирани биле подеднаков број прекршоци по основ на користење на мобилен телефон и некористење сигурносен појас при што санкционирани се по 117 учесници во сообраќајот. Вкупно 119 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење заштитна кацига. Во рамки на контролите деветмина возачи минале на црвено светло, изречени се 26 мерки возење под дејство на алкохол, а санкционирани биле и 25 пешаци.

По основ пак на Законот за возила од вкупно 67 возила се отстранети од сообраќај, 24 биле технички неисправни, а 43 не биле регистрирани.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението.

Челзи прв финалист на Светското клупско првенство

Фудбалерите на лондонски Челзи се првите финалисти на Светското клупско првенство, откако синоќа во полуфиналето го совладаа бразилски Флуминенсе со 2-0.

Челзи прв финалист на Светското клупско првенство

Челзи до место во финалето го однесе двојниот стрелец Жоао Педро, кој претходно во кариерата настапуваше за Флуминенсе.

Англискиот клуб дојде во водство во 18 минута, а Педро со својот втор гол на натпреварот во 56 минута стави печат на победата.

В недела, Челзи за противник во финалето ќе го има победникот од вториот полуфинален дуел меѓу двата последни европски шампиони, Реал Мадрид – ПСЖ.

Второто полуфинале е на програмата вечерва со почеток во 21 часот по македонско време.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

 Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Сопиште и Карпош, соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од Од ЕВН Македонија АД.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

Како што се наведува во соопштението, без струја во периодот од 08:00 до 12:00 часот, ќе видат дел од корисдниците од с.Сопиште на главен пат околу „Давидоф“, а во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези во Карпош.

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини утринава, според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

притисни ентер