Вкупно 132 апликации за самовработување во Кавадарци - Канал 5

Вкупно 132 апликации за самовработување во Кавадарци

Преку оперативниот план и Агенцијата за вработување, во Кавадарци има 132 апликации за самовработување, 67 активни компании аплицирале за мерки за вработување на лица.

Вкупно 132 апликации за самовработување во Кавадарци

Преку оперативниот план и Агенцијата за вработување, во Кавадарци има 132 апликации за самовработување, 67 активни компании аплицирале за мерки за вработување на лица, околу 10 компании за 15 нови работни места што би се отвориле преку агендата за зелена економија.

Овие податоци ги сподели денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој беше во работна посета на општината Кавадарци, при што се сретна со претставници на бизнис секторот и занаетчиите.

Ристески потсети дека активните мерки од историски најголемиот оперативен план од 40 милиони евра, биле доста атрактивни. Имало доста апликанти за различни мерки, најмногу за мерката самовработување, но и мерката за вработување на невработени млади лица во правни субјекти, како и мерки за поддршка на развој на зелена економија.

В.д. директорката на новоформираната агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво, ИНОВА, Даниела Димовска рече дека ваквите средби се многу важни, бидејќи во моментов се креира програмата и добро е да се слушнат предлози и идеи.

- Сакаме да направиме програма што ќе биде од бизнис секторот, за бизнис секторот, истакна таа.

Заменик директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова потсети за мерките за вработување за кои имало голем интерес.

- Во тек е мерката обука кај познат работодавач, огласот трае до 30 ноември, сподели таа.

Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев рече дека Кавадарци е една од подобрите општини во државата, во делот на невработеноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден додели еднократна парична помош за набавка на велосипеди

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша 67 Решенија за доделување еднократна парична помош за набавка на велосипеди.

Општина Илинден додели еднократна парична помош за набавка на велосипеди

И оваа година Општина Илинден ја реализира мерката за субвенционирање на велосипеди, со цел да се поттикне нивно почесто користење како еколошко и здраво превозно средство, како и да се промовираат здравите животни навики кај граѓаните. Преку оваа мерка, општината продолжува активно да придонесува за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

Мерката е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2026 година. По завршувањето на јавниот повик, кој траеше до 30 април, право на финансиска поддршка остварија 67 граѓани кои ги исполнија утврдените критериуми и доставија комплетна документација.

Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на набавениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по корисник. Се известуваат граѓаните кои го оствариле правото на субвенција да ги подигнат Решенијата од архивата на Општина Илинден, со цел да се реализира исплата на одобрените средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина

Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина вреден 300 илјади евра.

Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина

Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката.

Детето на Заев, Стефан Богоев продолжи по неговите стапки. Како првиот, така и другиот. Едниот бараше евро за брат му, овој за себе.

Александар Спирковски – Џемо, поранешен претседател на ОО на СДС во Прилеп, од јавно достапните информации, заедно со поранешниот потпретседател на СДС, Стефан Богоев, договарале која фирма треба да го добие тендерот за одржување на хигиена на граничните премини и терминали, а со тоа директно овозможиле правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари.

Но, тука не завршува приказната. Богац по стапките на Заев, си побарал и подарок за себе, а Џемо истиот му го овозможил. Затоа, поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, се товари и за примање на награда за противзаконито влијание, вредна околу 2.000 евра.

Почитувани,

Со тоа што е побаран притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, јасно е дека има цврсти докази за ова кривично дело.

Богац е дете на СДС, поточно на Заев. По се изгледа одлучил да чекори по неговите стапки. Тоа е во матрицата на СДС. Криминали, тендери, афери, рекети.

Очекуваме од надлежните институции, дека овој пат ќе ги разгледаат сите докази со кои располагаат и ќе го седнат на обвинителната клупа, несудениот наследник на Заев, Стефан Богоев.

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мал авион се урна во Хрватска

Помал авион се урна во областа Медулин во Хрватска. 

Мал авион се урна во Хрватска

Во 11:25 часот, истарската полиција добила пријава за пад на помал авион во областа Медулин.

„На 4 јуни во 11:18 часот, пристигна пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот Медулин). Пријавата е потврдена, сите служби за итни случаи (полиција, брза помош и пожарникари) се на терен и преземаат мерки и активности во рамките на нивната надлежност“, соопшти полицијата. Според првите неофицијални информации, загинале неколку лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер