Ужас во Словачка: Ученик од осмо одделение избоде три лица, една наставничка им подлегнала на повредите
1Ужас во Словачка: Ученик од осмо одделение избоде три лица, една наставничка им подлегнала на повредите
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ЖивотВкупниот број на мигранти кои го преминале Ламанш оваа година надминува 18 илјадиНад 700 мигранти вчера го преминаа Ламанш, а двајца загинаа за време на патувањето, јави ДПА. Ова е најголемиот број на мигранти кои пристигнале по воден пат од стапувањето на должност на премиерот Киер Стармер.Министерството за внатрешни работи вчера регистрирало 703 новопристигнати со 11 чамци, што значи дека во просек имало по 64 лица на едно пловило. Две лица загинаа вчера во француски територијални води при обидот да го преминат Ламанш, а неколку други беа спасени и вратени во Франција. Француските власти соопштија дека водат истрага за смртните случаи. Со вчерашните пристигнувања, вкупниот број на мигранти кои пристигнале во Велика Британија преку Ламанш од почетокот на годината достигна 18.342. Ова е за 13 отсто повеќе од минатата година (16.170 до истиот датум во 2023 година), но за 3 проценти помалку во споредба со истиот период во 2022 година (18.978). Најголемиот број новопристигнати за еден ден оваа година беше регистриран на 18 јуни, кога на британскиот брег пристигнаа 882 мигранти, додека на 1 мај пристигнаа 771 лице. „Рекорди“ беа забележани и пред парламентарните избори во земјата. „Сите сакаме да ставиме крај на ризичните патувања со мали чамци преку Ламанш, каде се занемарува граничната безбедност и се доведува во опасност човечкиот живот“, се наведува во изјавата на Министерството за внатрешни работи. „Новата влада презема чекори за зголемување на безбедноста на нашите граници, преку создавање на нова команда за гранична безбедност, која ќе ги обедини разузнавачките и спроведувачките агенции, кои добија нови овластувања за борба против тероризмот и распоредуваат стотици службеници во Обединетото Кралство и во странство, за да ги уништат криминалните банди кои со криумчарење луѓе заработуваат милиони“, се наведува во изјавата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЕвропаУжас во Словачка: Ученик од осмо одделение избоде три лица, една наставничка им подлегнала на повредитеУченик од осмо одделение нападнал две наставнички и една ученичка со нож во основно училиште во Сташков, во областа Чадца во Словачка.Една наставничка (61) им подлегнала на повредите, додека другите две повредени лица биле пренесени во болница. Полицијата и службите за итна помош биле испратени во основното училиште во Сташков утринава, по пријавите за напад со остар предмет. Според извештаите на словачките медиуми, напаѓачот е ученик од осмо одделение кој употребил нож за да нападне две наставнички и една ученичка. На местото на настанот биле испратени две возила на брза помош и два хеликоптери за спасување. Биле спроведени итни интервенции, а повредените добиле медицинска помош. Петра Климешова, портпарол на Оперативниот центар на Службата за итна медицинска помош, потврди дека дете во критична состојба било пренесено со хеликоптер во болницата во Мартин. Второто повредено лице, 44-годишен пациент со убодна рана во градите, било пренесено со хеликоптер во болницата во Жилина откако му била укажана прва помош. За жал, 61-годишна жена се здобила со тешки повреди и починала. Полицијата потврди дека го истражува насилниот инцидент, додека надлежните апелираа до јавноста да не шири непроверени информации. На местото на настанот се упатија и министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток, министерот за образование Томаш Друкер и министерот за здравство Камил Шашко. Словачкиот јавен обвинител Марош Жилинка исто така издаде соопштение, истакнувајќи дека трагедијата претставува повик општеството во целина посериозно да се соочи со појавите на насилство, омраза и растечка агресија. Во меѓувреме, училишниот совет изрази солидарност со учениците, наставниците и семејствата погодени од трагедијата. Тие нагласија дека училиштата мора да бидат безбедни места за учениците и персоналот и повикаа на системски пристап кон решавање на прашањата за безбедност во образовните институции. Полицијата ја продолжува истрагата, а дополнителни детали за околностите на нападот се очекуваат откако надлежните ќе ја завршат увидната постапка на лице место и ќе објават официјални информации. Извор: Б92Тагови: нож Словачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЕкономијаДиректорот Димовски во посета на компанијата Леар во ТИРЗ ТетовоСогласно активната и транспарентна комуникација со сите инвеститори, директорот Гоце Димовски денес ја посети компанијата Леар во ТИРЗ Тетово. За време на посетата, покрај состанок со менаџментот, беше остварена и обиколка низ производствениот погон. Во рамки на средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, идните планови и можности за понатамошен развој. Посебен акцент беше ставен на отворената комуникација и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ, со цел навремено согледување на потребите на компанијата и обезбедување соодветна поддршка во рамки на надлежностите на Дирекцијата. Димовски истакна дека непосредната комуникација со компаниите е важна за подобро разбирање на потребите, но и за навремено наоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на отворена и редовна комуникација со компаниите, како и на создавање услови во кои тие ќе можат непречено да работат и да ги реализираат своите развојни планови. Од страна на менаџментот на компанијата, беа презентирани тековните активности, како и плановите за во иднина, а се разговараше и за дополнително унапредување на работните процеси. Беше изразена благодарност за континуираната поддршка и конструктивниот дијалог со Дирекцијата за ТИРЗ, истакнувајќи ја важноста на заемната соработка за одржлив економски раст. Оваа посета е дел од редовните активности на Дирекцијата за ТИРЗ за одржување директен контакт со инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони ширум земјата, со цел да се обезбеди стабилна деловна клима и да се поттикнат нови вложувања.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаЈО: Отворена истрага против три лицаНадлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош. Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook