Вклучен е Amber alert во САД: Убиец киднапирал четири деца и нивната бремена мајка

Четири деца, од кои најмалото има само три години, биле киднапирани заедно со нивната бремена мајка во Минесота, по што бил активиран килибарниот аларм.

Се сомнева дека децата и нивната бремена мајка Никола биле киднапирани од нејзиното вооружено момче, кој претходно убил маж, објави Дејли Меил.

Полицијата трага по Никол Добсон (33), Брендон (14), Хали (11), Грејси (7) и Клои (3), а осомничен за киднапирањето е партнерот на Никол, Чад Анеруд (35).

Властите во Минесота наведуваат дека Чад Анеруд е осомничен дека запалил куќа и убил маж кој живеел во непосредна близина на куќата од која било киднапирано семејството.

Потоа, се сомнева дека влегол во куќата каде што била Никола со децата и испукал еден рафал во таванот пред да ги натера мајката и децата да го следат.

Наводно, Чад бил виден како вози бело комбе Chrysler Pacifica произведен во 2017 година.

Засега не е познато во кој правец побегнал киднаперот со жртвите. Полицијата ја замолува јавноста да не му приоѓа.

Државниот секретар во МВР Петрушевски на средба со делегација од Кралството Камбоџа

На средбата се разговараше за општата соработка помеѓу двете Министерствата за внатрешни работи.

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа средба помеѓу државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски и делегација од Кралството Камбоџа составена од пол. генерал Пор Фак, државен секретар и лидер на состанокот на високи функционери за транснационален криминал-Камбоџа, г-ѓа Виреак Вичеакта, заменик генерален секретар и постојан заменик-претседател на Секретаријатот на Состанокот на високи функционери за транснационален криминал-Камбоџа и други високи државни претставници.

На средбата се разговараше за општата соработка помеѓу двете Министерствата за внатрешни работи, како и за можноста за унапредување на истата преку склучување на билатерални договори за соработка.

Воедно, се разговараше и за унапредување на оперативната соработка преку засилување на напорите за борба против илегалната миграција и воспоставување на механизми за идентификација и безбедно и уредно враќање на лица кои не ги исполнуваат или повеќе не ги исполнуваат условите за влез, присуство или престој на териториите на двете земји.

Истовремено се спомена и меѓусебното учество во меѓународни иницијативи, како што е Меѓународната асоцијација на полициски академии (ИНТЕРПА), светска асоцијација за соработка за обука на полицијата меѓу полициските академии или еквивалентни институции.

Сектор за односи со јавност и протокол

Министерство за внатрешни работи

Средба во Битола на градоначалникот Коњановски и амбасадорот Буршаков од Казахстан

 Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски оствари средба со амбасадорот на Република Казахстан во земјава, Сатибалди Буршаков и договорија активности за економска и културна соработка на градови од двете држави.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека градоначалникот Коњановски го запознал амбасадорот Буршаков со проектите кои ги реализира општината, природните ресурси и приоритетите на соработка во полето на странски инвестиции, култура, туризам, производство и трговска размена.

За време на посетата на Општина Битола амбасадорот Буршаков ја истакнал важноста на мултиетничкото живеење и работа во полето на културата, туризмот и креирањето на политики.

По денешната средба на градоначалникот Коњановски и амбасадорот Буршаков поведена е инцијатива за збратимување на Битола со град од Казахстан, како и можност за отворање на конзуларно претставништво.

Бунтовниците во Сирија именуваа премиер –Мохамед Ал Башир ќе раководи до 1 март

Мохамед Ал Башир е личноста која ќе раководи со новата преодна влада во Сирија по падот на режимот на Башар Ал Асад. 

Тој на функцијата е предвидено да остане до 1 март 2025 година, а на функцијата доаѓа откако претходно беше на чело на владата на национален спас во упориштето на бунтовниците во Идлиб од каде и започна офанзивата за смена на власта во Сирија. Во телевизиско обраќање по изборот, вети стабилност и порача дека има договор за соработка меѓу разните фракции во земјата. Ги повика сириските бегалци ширум светот да се вратат, уверувајќи ги дека и безбедноста ќе биде вратена.

-Ќе има сириска влада која ќе работи за време на транзициониот период, ако даде господ. Предвидено е тој период да заврши на 1 март. Оваа задача беше дадена од главното раководство и јас сум назначен да раководам со преодната влада до 1 март 2025 година,--Мохамед Ал – Башир – Премиер на преодната влада во Сирија.

Во главниот град Дамаск пак, но и во дел останатите поголеми градови, покрај пресметките со поранешните поддржувачи на Ал Асад, се уште има славеничка атмосфера.

-Уште мислам дека сонувам. Уште не можам да поверувам дека стојам тука до Умајадската џамија, без некој да ми бара лична карта или документи.

- Сега можете да излезете на улица без стравот кој го имавме од војската пред да падне режимот. Мажите можат да излезат надвор и без лични документи или војнички книшки.

Во земјата се уште се трага и по лицата кои исчезнале за време на внатрешниот конфликт, но од владеењето на семејството Ал Асад. Најголемо внимание сепак, има за озогласениот затвор Суднаја, каде некои од неистомислениците на поранешниот режим биле држени со години. Еден од нив е и Сухаил Хамви државјанин на Либан кој без судење поминал дури 32 години во затворот. Својот син последен пат го видел како 10 месечно бебе, а по излегувањето од затворот го дочекале внуци.

-Сега имам внуци, но не ја почувствував мојата возраст, додека ќерката на син ми, не ми рече „дедо“ тогаш сфатив дека сум загубил огромен период на време. / Открив дека љубовта е се уште тука и дека семејство е се уште тука, тоа е најважното,--Сухаил Хамви – Поранешен заробеник.

Во меѓувреме, израелските сили започнаа офанзица на голанската висорамнина, а премиерот Нетанјаху истакна дека дал дозвола да се уништат воените капацитети на земјата, за да не се дозволи тие да паднат во рацете на џихадистите.

-Немаме никаква намера да се мешаме во внатрешните работи на Сирија. Но, јасни сме во намерата да направиме се што можеме нашата безбедност. Во таа насока и дозволив на авијацијата да ги бомбардира стратешките воени капацитети оставени во Сирија, за да не паднат во рацете на џихадистите,-Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.

Башар Ал – Асад кој изминатите 24 години владееше со Сирија, веќе неколку дена е во Русија. Официјален Кремљ денеска ја минимизираше важноста од смената на нивниот сојузик, велејќи дека Москва се фокусира на Украина и дека е во контакт со новите власти во Сирија, каде руските сили се уште имаат воени и поморски бази.

притисни ентер