Вклучен алармот и во Грција по терористичкиот напад во Москва - Канал 5

Вклучен алармот и во Грција по терористичкиот напад во Москва

Грчката полиција и Националната разузнавачка служба го зголемиле нивото на внимателност со интензивирање на контролите на влезните точки во Грција, односно граничните премини, но и во прифатните центри за бегалци и мигранти.

Вклучен алармот и во Грција по терористичкиот напад во Москва

Грчката полиција и Националната разузнавачка служба го зголемиле нивото на внимателност со интензивирање на контролите на влезните точки во Грција, односно граничните премини, но и во прифатните центри за бегалци и мигранти, по терористичкиот напад во Москва, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот „Катимерини“ пишува дека една од причините за загриженоста е обидот на ИСИС-К, односно фракцијата на Исламската држава во провинцијата Хорасан да ги прошири активностите од централна Азија, Узбекистан, Таџикистан или Киргистан кон Европа.

-Надлежни извори појаснија дека проверките ќе бидат засилени и во центрите за прием на мигранти, како и во заедниците на државјани на Авганистан и Пакистан кои живеат во Грција. И тоа е затоа што меѓу оние кои ИСИС-К ги регрутира се членови на заедницата на Авганистанци, но и на пакистанските заедници, кои се во конфликт со режимот на Талибанците. Вниманието на грчките власти е насочено и кон социјалните мрежи (Тик Ток, Телеграм) каде што, според информациите ИСИС-К регрутира нови членови, пишува „Катимерини“.

„Прото тема“ повикувајќи се на свои извори пишува дека контролите на граничните премини ќе бидат засилени бидејќи постои можност луѓе кои можеби се поврзани со ИСИС-К да се обидат да влезат во Грција, а потоа да ја напуштат Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

[🏁] Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

По најавата за вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, продолжуваме со реализација на Картинг центарот, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. Центарот ќе се простира на 2.700 м², со современа картинг патека и придружни објекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари.

Нова содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и дополнување на туристичката понуда на Кавадарци, стои во објавата на Фејсбук на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании.

Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра.

Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Светската ѕвезда, актерката и пејачка Џенифер Лопез немаше проблем и на 57 годишна возраст да се соблече во секси ретро бикини.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Погледнете го изгледот на Џеј Ло што го освои интернетот.

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание кај своите следбеници, овојпат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и ја покажа својата завидна фигура.

Латино дивата, која во јули го прослави својот 57-ти роденден, на фотографиите блесна во стилот на стариот Холивуд. Таа позираше во бикини во нијанса на скршено бело, кое го искомбинира со чевли со украсни детали и чипкаста марама на главата.

Посебен акцент стави на својот затегнат стомак, а целиот изглед го заокружи со тркалезни очила за сонце и елегантна бела чанта со четвртаст облик.

Лопез објави и полароид-фотографија на која позира во бел фустан со длабоко деколте и заводливи шлицови, што дополнително ја истакна нејзината фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер