351. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЗабаваВива сокови и ѕвездите од „Дајте музика“ заедно се подготвуваат за големиот концерт во сабота!Долгите проби поминуваат без мака благодарение на омилените Вива овошни сокови! Кој е омилениот вкус на главните ѕвезди?Најпопуларното детско и тинејџерско шоу „Дајте музика“ најави спектакуларен концерт на 18 Јуни, на стадионот на АРМ во Скопје со почеток од 20 часот. Обожавателите ќе можат да се дружат со Миха Гигов, Кристина Мукаетова, Филип Поповски и Анастасија Џабирска, како и малите старомаалци, во шоу организирано од Авалон, а под покровителство на ВИВА сокови. Подготовките течат забрзано, а предизвикот е уште поголем бидејќи ќе се пее во живо. „Ќе пееме во живо и верувам дека поради тоа атмосферата ќе биде уште подобра. Се подготвуваме сериозно и посветено, секојдневно имаме часови по пеење, а подготвуваме и бомбастични кореографии. Овој концерт ќе биде едно незаборавно искуство и за публиката, но и за нас.“ - вели Анастасија Џабирска. ВИВА тимот секогаш ги препознава вистинските вредности затоа и овојпат ја даде својата несебична поддршка на концертот на младите ѕвезди. „Дајте музика“ е шоу кое промовира добри вредности на една генерација која допрва ќе се гради себеси и својот музички вкус, а ѕвездите на овој серијал се вистински промотори на македонската музика. Вива сокови како општествено одговорна компанија секогаш ги препознава настаните од голема важноста за заедницата и значењето на концерт во живо и за публиката и за изведувачите. Сигурни сме дека ова ќе биде одлична забава која ќе се памети, а за успехот ќе наздравуваме со ВИВА сокови. “- кажаа од маркетинг тимот на ВИВА. Филип Поповски е главен мотиватор на пробите поттикнувајќи ги сите да работат повеќе и да дадат сѐ од себе со цел да ги надминат очекувањата на публиката. „Овој концерт за нас е огромен предизвик и се разбира голема чест. Сакам сите да дадеме сѐ од себе и на македонската публика да ѝ приредиме незаборавно шоу. Сигурен сум дека ќе направиме одлична забава, а ќе има и ненајавени изненадувања. Пробите се одвиваат во полна пареа, а благодарение на ВИВА сокови имаме вистинско витаминско освежување во секој момент. Уште од малечок денот не можам да си го замислам без чаша Вива од портокал – вели Филип. И Миха Гигов потврди дека работат неуморно и вети супер забава. „Публиката нѐ знае од серијалот, ги има снимените ЦД-а, од детска Евровизија, сме имале и театарска претстава и разни помали настапи но секој настап е поинаков, а овој голем концерт за нас е посебен и ветуваме дека ќе биде незаборавен за сите што ќе нѝ се придружат на Стадионот на АРМ на 18 јуни. Особено ни е драго што ја имаме таа чест да настапиме пред толку голема публика, а особено ни претставува задоволство безрезервната поддршка која ја имаме од Вива сокови. Вива Фреш Мултивитамин и забавата може да почне! – вели Миха. Авалон Продукција најави беспрекорна организација со акцент на безбедноста на децата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тимМосква нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим. Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков. Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение. Неколку имиња Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември. Извор: Индекс.хрТагови: кремљ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИлјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови. Manifestação Casa para Viver, Lisboa https://t.co/vADIhqO1K9 — Bernardo (@_andrebernardo_) November 14, 2026 Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување. Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија. LIVE: Manifestação Casa para Viver Ponta Delgada, São Miguel Açores Portugal - 14.11.2026 https://t.co/kIaG3IyQjP — Claudio IRL (@claudio_irl) November 14, 2026 Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти. Владата предлага измени во законот за изнајмување Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување. Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови. A plataforma Casa Para Viver reúne apoiantes em Lisboa, Porto e outras localidades contra a lei do arrendamento e pede mais regulação estatal. https://t.co/513NBO2Gkp — The Intelligent Portugal (@TheIntelligPT) November 14, 2026 Активистите го повикуваат премиерот на разговори На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот. Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Македонија51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црноВечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook