Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите - Канал 5

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Стив Фиткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека неговиот неодамнешен разговор за Украина со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург бил фокусиран на територијалните прашања.

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Виткоф во интервју за „Волстрит журнал“ вели дека територијалните прашање можат делумно да се решат.

Според него, Русија би можела да задржи „некои нови региони, но не сите“, како дел од договорот за ставање крај на војата во Украина. Виткоф рече дека Киев можеби не е толку заинтересиран за регионите каде што населението првенствено зборува руски јазик.

Виткоф се сретна со Путин на 11 април во Санкт Петербург, а разговорите траеја околу четири и пол часа.

Тој претходно изјави дека како дел од преговорите за постигнување мир во Украина се зборувало и за забрана за члентво на Украина во НАТО.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Виткоф за злоупотреба на неговата позиција поради разговорите за признавање на нови руски региони на територијата на Украина и за целосно прифаќање на „рускиот наратив“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот Ренџ Ровер изгледа поинаку од сѐ досега, пристигнува до крајот на годинава (ФОТО)

Range Rover ја најавува премиерата на петтиот модел, кој наскоро ќе влезе во сегмент во кој досега не сме го виделе. 

Новиот Ренџ Ровер изгледа поинаку од сѐ досега, пристигнува до крајот на годинава (ФОТО)

Британската марка го развива својот прв Gran Turismo, но нема да се откаже од она по што е познат - подигната возачка позиција и можности за теренско возење. Новиот Range Rover GT моментално е во фаза на финално тестирање, а премиерата се очекува до крајот на годината.

Ренџ Ровер во последните години ја проширува својата гама надвор од класичните луксузни SUV возила, а најновиот модел го потврдува тоа. Ова е првиот Gran Turismo во историјата на брендот и носи сосема поинаков концепт од сè што сме виделе од британската фабрика.

Иако не е SUV во класична смисла, благодарение на зголемениот клиренс, сепак задржува дел од карактерот по кој е познат Range Rover. Затоа можеби е најлесно да се опише како луксузен електричен кросовер со акцент на удобност за време на долги патувања.

Дизајнот комбинира елеганција и препознатлив стил

Прототипот, кој сè уште е покриен со камуфлажа, открива доволно детали за да се добие увид во конечниот изглед на автомобилот. На предната страна има многу тесни LED светла и вертикални отвори за воздух, додека долниот дел од браникот има активни клапи кои помагаат со аеродинамиката.

Страничната силуета потсетува на купе благодарение на спуштената линија на покривот, поради што не се очекува особено голем простор за багаж. Рачките на вратите се скриени во каросеријата и се протегаат електрично кога возачот се приближува кон нив. Задните светла се исто толку тенки и минималистички како и предните.

Електричен погон на почетокот

Range Rover GT ќе биде претставен за прв пат како целосно електричен модел, но производителот ја остава отворена можноста подоцна да се појави и класична хибридна верзија (HEV), што би бил и првиот таков модел во историјата на брендот.

Автомобилот ќе ја користи новата платформа Electric Modular Architecture (EMA), наменета за помалите електрични модели на Jaguar Land Rover. Долгонајавуваниот електричен Velar ќе биде базиран на истата архитектура.

Иако официјалните спецификации сè уште не се објавени, се очекува GT да ја користи истата технологија како Velar. Ова значи две верзии со погон на сите тркала и моќност од 331 kW (450 КС) или 404 kW (549 КС). И двете треба да користат батерија со капацитет од 119 kWh и електрична архитектура од 800 волти, што треба да овозможи многу брзо полнење.

Кабина без непотребни копчиња

Внатрешноста ќе ја следи филозофијата на минимализмот што Range Rover ја нагласува сè повеќе во последните години. Централното место го зазема голем хоризонтално поставен екран на допир, додека зад воланот има компактен дигитален дисплеј за инструменти што ги прикажува само најважните информации.

Режимот на возење се избира со рачка зад воланот, отворите за вентилација се речиси невидливи, а посебна карактеристика е текстилната обвивка на инструмент таблата наместо кожа или синтетичка кожа.

Според директорот на брендот Мартин Лимперт, целта била да се создаде автомобил што ќе комбинира „ненаметливи електрични перформанси, супериорна удобност на долги релации и можности за возење надвор од патот“, со мирна и релаксирачка атмосфера во патничката кабина.

Премиера до крајот на годината

Range Rover потврдува дека прототиповите моментално се во фаза на финално тестирање на развојот. Официјално лансирање се очекува до крајот на 2026 година, кога ќе бидат објавени целосните технички спецификации. Производството ќе се одвива во фабриката Хејлвуд во Велика Британија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шумски пожари беснеат во југозападна Франција- евакуирани се над 20.000 луѓе (ВИДЕО)

Повеќе од 20.000 луѓе се евакуирани преку ноќ во југозападна Франција откако пожар што брзо се ширеше зафати 3.400 хектари земјиште западно од градот Бордо, соопштија локалните власти.

Шумски пожари беснеат во југозападна Франција- евакуирани се над 20.000 луѓе (ВИДЕО)

Податоците покажуваат дека шумските пожари во Европа веќе изгореле повеќе земјиште оваа година од годишниот просек во последните две децении.

Континентот што се затоплува најбрзо во светот претрпе три практично последователни топлотни бранови оваа година. Петстотини пожарникари се обидуваат да го локализираат големиот пожар, објави префектурата. Досега никој не е повреден.

Шумскиот пожар избувна во близина на областа на заливот Аркашон, туристички центар, а многу од евакуираните се туристи кои престојуваат во кампови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Федоров го одби Зеленски: Се враќам само како министер за одбрана

Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров во четвртокот ја одби понудата да стане вицепремиер за воени иновации.

Федоров го одби Зеленски: Се враќам само како министер за одбрана

Во писмен одговор, тој рече дека е заинтересиран само за враќање на старата позиција, бидејќи верува дека само од таа позиција може да ги спроведе потребните реформи и да придонесе за победата во војната против Русија, пишува „Киев пост“.

Во писмото, кое им го достави и на новинарите, Федоров му се заблагодари на претседателот Зеленски за понудата. Сепак, тој нагласи дека ќе ги разгледа само оние функции од кои навистина може да влијае на ситуацијата.

„Му сум благодарен на претседателот за сите понудени опции. Сепак, денес во земјата има само три позиции кои, заедно со војниците на бојното поле, навистина го обликуваат текот на војната: претседателот на Украина, министерот за одбрана и врховниот командант на вооружените сили“, напиша Федоров. „Затоа нема да прифатам никаква друга позиција освен онаа на министерот за одбрана“, додаде тој.

„Само како министер можам да спроведам реформи“

Тој објасни дека позицијата министер за одбрана е единствената што му дава вистински алатки за спроведување на клучни промени во армијата.

„Ниту една друга улога не носи вистински овластувања за борба против корупцијата во набавките, за завршување на трансформацијата на армијата, за планирање и извршување на асиметрични операции против непријателот. Ниту за искоренување на културата на лаги и неодговорност во системот или за завршување на иницијативите што нашиот тим веќе ги започна во Министерството за одбрана“, објасни тој.

На крајот, тој повтори дека титулите и статусот не му се важни. „Мојата единствена цел отсекогаш била да имам вистинско влијание врз исходот и да ја доближам Украина до победата“, заклучи Федоров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер