ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
СветВиткоф повторно кај Путин, ќе се сретнат утре во Москва Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, денес објави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во четврток, 22 јануари.Во интервју за CNBS, Виткоф рече дека се очекува да „се сретне со Путин во четврток“ и дека „Русите бараат оваа средба“, што, како што изјави, е „значајна изјава од нивна страна“, објави Ројтерс. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес одби да открие детали за средбата во Давос меѓу шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) Кирил Дмитриев и специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка, и американската делегација во која беа Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој објасни дека средбата била приватна и дека сите прашања поврзани со украинското решение биле дискутирани зад затворени врати, пренесува РИА Новости. И руските и американските претставници ги пофалија резултатите од средбата, при што Дмитриев им кажа на новинарите дека руско-американските состаноци се одвиваат конструктивно, додека Виткоф ги нарече разговорите „многу позитивни“, соопшти агенцијата.Тагови: Виткоф путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до властДодека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост.Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки. СДС не се однесува државнички. СДС и Филипче капитулираат пред бугарските барања. Тоа е истата стара матрици на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот. Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста. Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија. Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против ИранАмериканскиот сенат усвои резолуција со која од Трамп се бара да ја прекине американската воена акција против Иран, што претставува сериозен политички притисок врз администрацијата во екот на конфликтот на Блискиот Исток.Со тоа, за првпат по донесувањето на законот за воени овластувања во 1973 година, двата дома на американскиот конгрес усвојуваат мерка со која се бара повлекување на американските вооружени сили од тековна воена операција. Гласањето ја одразува растечката загриженост кај дел од конгресмените, вклучително и некои републиканци, поради конфликтот што започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа воени напади врз Иран. Иако резолуцијата најверојатно нема директно да ја запре воената кампања, таа се смета за значаен политички удар за Трамп, кој долго време уживаше речиси целосна поддршка од сопствената партија во конгресот. Трамп остро реагираше на одлуката на сенатот, оценувајќи ја како „бесмислена и лошо темпирана“, а пратениците кои гласаа за резолуцијата ги обвини дека со своите постапки му одат во прилог на Иран.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter