Витамин Ц: Седум полезни напивки - Канал 5

Витамин Ц: Седум полезни напивки

Витаминот Ц е есенцијална хранлива материја којашто има многу важни улоги во здравјето. Тој е моќен антиоксиданс, неопходен е за лачењето колаген, имунолошките функции и ја подобрува способноста на телото да апсорбира железо. 

Витамин Ц: Седум полезни напивки

Следат седум полезни напивки.

Многу пијалаци, како што се сокот и смутито, содржат импресивни количини на витамин Ц и можат да бидат практичен начин за зголемување на внесот. Во таа смисла, се издвојува сокот од портокал. Истражувањата покажуваат дека овој сок може да има корист и за когнитивната функција и здравјето на срцето, а го подобрува и целокупниот нутритивен квалитет. Чаша свежо исцеден сок обезбедува 120 отсто од дневните потреби за витамин Ц, што го прави еден од најдобрите извори на овој витамин што може да се пие.

Сокот од портокал е полн со заштитни растителни соединенија, како што се флавоноидните антиоксиданси, но и калиум и фолна киселина и други витамини и минерали.

Сокот од грејпфрут е моќен извор на витамин Ц, при што една чаша содржи повеќе од 100 отсто од дневните потреби на еден човек. Овој сок е, исто така, полн витамин А и моќни растителни соединенија, вклучувајќи каротеноиди и флавоноиди како нарингин, коишто помагаат телото да управува со оксидативниот стрес и воспалението.

Истражувањата покажуваат дека пиењето сок од грејпфрут може да го зголеми нивото на витамин Ц и нарингин во крвта, а воедно да ја подобри и целокупната способност на крвта да ги неутрализира штетните слободни радикали.

И свежите домати содржат солидна доза витамин Ц, но концентрираните форми како - сокот од домати, содржат значително повеќе по порција. Домат од приближно 100 грама, на пр., обезбедува нешто помалку од 20 отсто од препорачаниот дневен внос, додека чаша сок од домати содржи 136 отсто од препорачаниот внос на витамин Ц. Покрај витамин Ц, сокот од домати е добар извор на калиум и ликопен - растителен пигмент со силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

Чаша сок од ананас, пак, содржи повеќе од 27 отсто од дневната потреба за витамин Ц, а има и други есенцијални витамини и минерали, како што се фолната киселина и Б-6. Сокот од ананас содржи и флавоноиди, но и бромелаин - ензим со моќни антиинфламаторни својства.

Сокот од брусница со низок шеќер обезбедува обилна доза витамин Ц, заедно со корисни растителни соединенија како проантоцијанидини, за коишто е познато дека го поддржуваат здравјето на уринарниот тракт. Иако се потребни натамошни истражувања, витаминот Ц може да помогне во претворањето на соединението во урината наречено нитрит во азотен оксид, којшто може да ги убие штетните бактерии. Тоа спречува бактериите што предизвикуваат инфекции на уринарниот тракт, како што е „Ешерихија коли“, да се залепат на слузницата на мочниот меур и другите поврзани органи.

Смути може да се пие како здрава ужина или лесен оброк кога се нема многу време за јадење. Чаша сомелени замрзнати јагоди со процеден јогурт покрива повеќе од 68 отсто од потребите за витамин Ц и обезбедува 25 грама протеини. Може и дополнително да се зголеми содржината на витамин Ц со мешање на друго овошје или зеленчук богато со витамин Ц - покрај јагодите, како што е киви или кељ.

Ако сакате да ги избегнете калориите и високата содржина на јаглехидрати во сокот, но сепак сакате напиток богат со витамин Ц, пробајте лимонада. Цедењето свеж лимон или додавањето лажица сок од лимон во водата може да додаде значителна доза витамин Ц во исхраната. Водата со исцеден лимон во неа содржи повеќе од 20 отсто од дневните потреби за витамин Ц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ

Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ

Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар.

Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура.

Тоа значи дека токму владата на СДС и ДУИ ја разгледувала и ја прифатила можноста за воспоставување деловна соработка со истата банка и истиот сопственик, за кои денес, Филипче и СДС шират обвинувања.

Исто така, невистинити се и тврдењата дека Алта банка имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка.

Податоците објавени на официјалната веб-страница на Адико банка во Виена покажуваат дека Алта банка Белград поседувала 9,63 проценти од акциите на оваа банка, а тој удел банката го има до ден денес.

Дополнително, Алта банка склучила договор со Рајфајзен банка од Виена во врска со планираното преземање на Адико банка и идното пренесување на нејзините филијали во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ваквата одлука е активна до моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија, по што Рајфајзен банка носи нова одлука со која ја прекинува соработката со српската банка.

Овие факти се во спротивност со политичките тврдења на СДС дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.

Особено е важно да се потенцира дека македонските институции постапуваат врз основа на законите и надлежностите, а не врз основа на политички конструкции и неаргументирани обвинувања. Банката не само што не била забранета, туку била дел од сопственичките структури на ЕУ банка.

Од друга страна, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто во 2023 година нивната влада ја разгледувала деловната соработка со Алта банка, а денес истата таа банка ја користат за политички конструкции и напади, со кои свесно шират паника за да ја нарушат довербата во финансискиот систем и државата, а тоа нема да им успее.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги истражи сите овие основни сомнежи и да започне постапка против претседателот на СДС, Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (од 20.45 часот) во Глазгов  во рамките од 5 коло во сегментот Б од Лигата на нации и гостува на силната селекција на Шкотска.

Македонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нации

Во претходните 4 кола црвено жолтите се без постигнат гол и освооен бод, поради што нашите најдобри фудбалер вечерва и посакуваат да ја прекинат оваа лоша серија во Лигата на нации.

Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување.

„Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектоминеј како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски.

Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“.

„Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме. За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров.

По четири кола води Швајцарија со 12 бода, а потоа се Словенија со седум, Шкотска со четири и Македонија без бодови. Во лигата Б, победниците на групите ќе се пласираат во лигата А, второпласираните ќе играат плејоф за пласман во највисокото ниво на Лигата на нациите, третопласираните ќе опстанат во лигата Б и ќе ја завршат сезоната, а четвртопласираните ќе настапат во плејофот за опстанок во лигата Б, против второпласирана селекција од групите во лигата Ц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер