Виталиј Кличко разочаран од својот брат Владимир - Канал 5

Виталиј Кличко разочаран од својот брат Владимир

Постариот од браќата Кличко, Виталиј изјави дека е разочаран од настапот на својот брат Владимир, по мечот во кој Украинецот ги загуби титулите од британскиот боксер Тајсон Фјури.

Виталиј Кличко разочаран од својот брат Владимир
По поразот на мечот одржан во Дизелдорф, се огласи неговиот брат Виталиј кој изрази изненадување, но и разочараност од настапот на неговиот помлад брат.

– Мојот брат ме шокираше бидејќи добро знам на што е способен. Тој на овој меч не го покажа она што го знае. Сум го гледал многу пати, ја знам неговата моќ, но не покажа ништо од тоа во рингот. Можеби беше само лош ден, можеби имало и други причини, но сигурен сум дека Владимир во римечот ќе покаже што знае и ќе се врати на врвот, изјави Виталиј, кој и самиот имаше успешна боксерска кариера.

Потсетување дека иако Владимир беше апсолутен фаворит во мечот против Фјури, сепак, по дванаесетте рунди, Украинецот не успеа да ги одбрани трите шампионски појаси, па сега ќе мора да чека реванш за евентуално да си ги врати титулите./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Економијата под Мицкоски е во слободен пад

Економијата под Мицкоски е во слободен пад: Странските инвестиции паднаа за 61%, потрошувачката кошничка поскапе за 10.000 денари, а индустријата тоне.

СДСМ: Економијата под Мицкоски е во слободен пад

Под власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, македонската економија доживува тотален колапс, додека премиерот продолжува да лаже дека сме “трета економа во Европа“.

Фактите се непобитни:
* Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% - од 1,2 милијарди евра во 2024 на само 468 милиони евра во 2025 година. Ова е еден од најлошите резултати во регионот.
* Индустриското производство во првите пет месеци од 2026 година е намалено за 0,3%, а во мај падот изнесува 2%. Преработувачката индустрија, производството на електрична опрема, машини и моторни возила се во слободен пад.
* Потрошувачката кошничка континуирано поскапува. За две години кошничката поскапе за 10.000 денари, додека нема пари за зголемување на минималната плата. Цените отидоа до плафон бидејќи Владата не сакаше да воведе мерки по почетокот на кризата и со тоа да го запре забрзаниот раст на цените на горивата.
* Инфлацијата останува висока, особено на храната и енергијата, додека реалниот стандард на граѓаните се топи.
Наместо инвестиции, нови фабрики и подобар животен стандард, добиваме само нови долгови, празен буџет и криминални тендери кои се единственото што функционира под оваа Влада.
Мицкоски може да продолжи да се фали со измислена „трета економија во Европа“. Реалноста е дека Македонија под негово раководство бележи историски пад на странски инвестиции, индустриско производство во минус и граѓани кои секој месец се сиромашни за илјадници денари.
Ова не е економски раст туку економско уништување од организирана криминална група која ја претвори државата во приватен бизнис.
Мицкоски дојде на власт со лаги, сега владее со лаги.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Командантот на НАТО за Европа Гринкевич во Скопје: Средби и посета на касарната „Илинден“

Kомандантот на сојузничките сили на НАТО за Европа  генералот Алексус Гринкевич, во рамки на посетата на армијата денеска заедно со генералот Сашко Лафчиски ги посети припадниците на армијата.

Командантот на НАТО за Европа Гринкевич во Скопје: Средби и посета на касарната „Илинден“

Kомандантот на сојузничките сили на НАТО за Европа генералот Алексус Гринкевич, во рамки на посетата на армијата денеска заедно со генералот Сашко Лафчиски ги посети припадниците на армијата на настан што ќе се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје.

Генералот како командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, има севкупна команда над операциите на НАТО на стратегиско ниво и своите должности ги извршува од седиштето на врховната команда на сојузничките сили во европа во монс, кралството белгија.во министерството за одбрана и генералштабот на армијата вчера тој оствари средба со министерот за одбрана владо мисајловски и началникот на генералштабот на армијата, генерал-мајор Лафчиски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит

Мицкоски утринава ја посети општина Кисела Вода каде изврши увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит.

Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски утринава ја посети општина Кисела Вода каде изврши увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит - отворање на каналот и пешачката патека на Мала рада и изградба на потпорни ѕидови и реконструкција на коритото.тој утринава одговарајќи на новинарски прашања за изборниот законик рече дека сите барања на Левица се прифатени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер