Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
1Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
3Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
ЗдравјеВистинска златокоса ја откри тајната на својата негувана косаЌе ве запрепасти грешката што многумина од нас ја прават!Австралиската фризерка по име Софија, на платформата Tикток пред своите придружници пред две години сподели видео во кое објаснува како се грижи за својата коса за таа да изгледа како кај вистинската Златокоса. Тогаш, видеото собра 3 милиони прегледи, но оваа недела таа ја ажурираше објавата и покажа уште неколку трикови за нега на косата додека ја мие, а исто така покажа што ѝ помага за косата да ѝ биде квалитетна и покрај должината. - Многу е едноставно, некои од вас можеби веќе го прават тоа, но целосно исцедете ја водата пред да нанесете регенератор на косата - објаснува фризерката во видеото. Таа тврди дека на овој начин регенераторот не се раствора, па косата останува хидрирана и има многу помалку расцепени врвови. Од друга страна, и регенераторот и шампонот, некои стручњаци напоменуваат дека е потребно добро да се исплакнат за производот да не се задржува на косата. Многумина со радост го дочекаа трикот на Софија, а некои жени ја потврдија неговата делотворност, велејќи дека тоа одлично функционира кај нив. На социјалните мрежи може да се наиде на многу корисни совети во врска со негата на косата. Многу фризери во своите објави на Тикток тврдат дека маслото од рузмарин ефикасно влијае врз растот на косата. Некои од нив сугерираат истото да се втрие во темето на косата, а други препорачуваат само да се додаде масло од рузмарин во шампонот за косата да биде поздрава и побрзо да расте. @theaussierapunzel Sharing my viral conditioner tip - confess in the comments if you apply your conditoner straight to denched hair 👩🏼⚖️😂 #learnontiktok #hairgrowth #hairtips ♬ [Standard] Healing music 10 minutes(1066638) - wiMu by Sho in Audiostock Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаКарпош и Витина отвараат можности за прекугранична соработкаГрадоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари работна средба со градоначлникот на Општина Витина, Република Косово, Сокол Халити.Во фокус на средбата беа можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка, како и заедничко аплицирање на јавни повици за проекти од областа на прекуграничната соработка. Општина Карпош, согласно својата географска положба, има можност да користи средства од фондовите на Европската Унија наменети за прекугранична соработка со Косово. Во таа насока, особено значајни се можностите за подготовка и реализација на заеднички проекти во областите на заштитата на животната средина и развојот на туризмот, со што би се придонело кон создавање дополнителни придобивки за граѓаните и локалните заедници. На работната средба присуствуваа и претставници од релевантните сектори и области од двете општини. Беа разменети искуства и информации во однос на организациската структура и надлежностите на локалните самоуправи, областите на нивното функционирање, како и можните теми и приоритети за идна заедничка соработка. Средбата претставува иницијатива за воспоставување конкретни форми на партнерство меѓу Општина Карпош и Општина Витина, со цел заеднички настап пред европските фондови и искористување на расположливите можности за развој на локалните заедници. Општина Карпош останува посветена на воспоставување нови партнерства и искористување на европските фондови за реализација на проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните и придонесуваат кон одржлив локален развој. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Елитниот арамија Мицкоски вели го заработил скапиот часовник со професорска плата?Колку се сеќаваме, Мицкоски во кампањата велеше дека тешко се живее и дека тој живее исто така тешко како и сите останати - со професорска плата.Зар не беше така? А да… тој лаже штом ќе зине. Го заработил во времето на Груевски? Кога ја водеше ЕЛЕМ? Вели дека скапите часовници му биле „слабост“. A кој има слабост? Зависник. Значи зависност од скапото, односно од парите. Уште едно признание од Мицкоски. Бидејќи сака да го спомнува Фројд и често со проекција ги обвинува другите за она што самиот го прави (како на пример криминал), еве уште малку Фројд за Мицкоски. Фројд во есејот „Character and Anal Eroticism“ (1908) ја поврзал таканаречената анална карактерна структура со особини како: силна потреба да се поседува и задржи нешто. Парите во таа симболика имаат несвесна врска со задржување, контрола и поседување. Затоа екстремната врзаност за пари, гомилање и тешко одвојување од предмети може да се гледа како дел од таков образец. Опсесијата со пари, луксуз, статус и моќ во поширока смисла подоцна ја објасниле и други психоаналитичари. Ерих Фром многу подиректно пишувал како поседувањето пари и предмети може да стане начин човек да го надомести чувството на несигурност или сопствена вредност. Ете, нека чита Мицкоски. Треба да се спознае самиот себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
ЗдравјеОд 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска трескаСамо во текот на изминатата недела, од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени од западно -нилска треска пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје. По еден од Скопје и од Свети Николе, а регистрирани се и два нови смртни исходи, двата во Скопје. Во Македонија се регистрирани вкупно 58 случаи на западнонилска треска од кои 54 потврдени и четири веројатни, а досега како последица на вирусот починале осум лица, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Сите осум починати лица се мажи од скопје со просечна возраст од 71,9 години. Сите биле хоспитализирани, а кај седуммина од нив биле присутни и претходни хронични заболувања. Според местото на живеење, најголем број од случаите се лоцирани во Скопје – дури 55. По еден случај е регистриран во велес, Куманово и во Свети Николе.Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter